Контакт

Забава

Печатена верзија н Википедија

Објавено пред

Википедија, онлајн енциклопедијата напишана од волонтери, е објавена во печатено издание – книга со вкупно пет илјади страници, дебела речиси

Википедија, онлајн енциклопедијата напишана од волонтери, е објавена во печатено издание – книга со вкупно пет илјади страници, дебела речиси половина метар.

Книгата ја подготви Роб Метјуз, а содржи 437 прилози од популарната интернет енциклопедија и е дебела 47см.

Википедија беше отворена во 2001, а содржи прилози што можат да бидат уредувани од секој кој ќе пристапи на страницата, кој е најпопуларна енциклопедија на интернет.

Роб Метјуз, студент по графички дизајн во Брајтон, имал за цел да докаже колку е олеснет пристапот до информации на интернет, а за подготовката на печатената Википедија му требале две недели.

“Ја споредувам интернет Википедија со традиционалната енциклопедија ставајќи ја во ист формат. Имавме малку проблеми околу укоричувањето на книгата, но на крај се помина во најдобар ред.

Роб Метјуз внимателно одбирал артикли од Википедија што ќе ги стави во неговата книга, тргнувајќи од нивната популарност, референци, прецизности, неутралност и стил.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Џесика Алба на празнична забава со семејството

Објавено пред

Џесика Алба ретко се појавува во јавноста со семејството, но во неделата таа се реши за јавен настап со сопругот Кеш Ворен и трите деца на празничната забава во Лос Анџелес.

Непрофитната организација Baby2Baby во неделата ја одржа својата годишна празнична забава во Лос Анџелес, и како и обично, привлече голем број ѕвезди од висок профил кои го донираат своето време и ресурси за да помогнат во собирање пари за деца што живеат во сиромаштија.

Овој пат Џесика Алба, која работи во бордот на директори, направи редок јавен настап со сопругот Кеш Ворен и нивните три деца: ќерките Хонор, 11 години, Хевн осум, и синот Хејс, една година.

Поранешната ѕвезда на Dark Angel, 38, ja покажа нејзината тонирана фигура во црн модерен комбинезон.

Панталоните со висок појас поврзани се со бела кошула со долги ракави и црни чизми.

Прикажи повеќе...

Здравје

Петгодишно момче доби вештачка рака и за првпат го прегрна својот брат

Објавено пред

Петгодишниот Џејкоб бил предвреме роден  без лева рака и до неодамна никој не можел да му помогне. Неговите родители, Џема Тарнер и Крис Скримшо, собрале 16.000 фунти со цел да му овозможат на својот син функционална протеза.

Сепак, експертите верувале дека ваква протеза може да се направи само доколку пациентот има рака до под лактот. Затоа на Џејкоб никој не можел да му помогне, барем не досега.

Во овој поглед во пресрет им излегол Британецот Бен Рајан чиј син имал ампутација на раката на само десетгодишна возраст. Кога тоа се случило, тој ја напуштил работата како професор по психологија и ја основал компанијата „Амбионикс“ со цел да развие специјална хидраулична протеза.

„Амбионикс“ неодамна се спои со полската фирма „Глејз“, која изработува протези, а Џејкоб бил еден од нивните први клиенти.

Желбата на семејството на Џејкоб била да се изработи совршена протеза – лактот да може да се нагоди на различни позиции, а раката да има механизам за фаќање.

Рајан успеал да ја изработи ваквата механизација, но она што е поважно за Џејкоб, е дека раката е голама и зелена, како на суперхерој.

„Тоа го сакаше Џејкоб, така што се испадна совршено“, вели Рајан.

Во четвртокот, тој му ја донел новата рака на Џејкоб. Истата совршено се вклопила и функционалноста ги надминала сите очекувања.

„Сега тој може да го гушне брат му и да го држи за рака“, објаснил Рајан.

Мајката на Џејкоб вели дека било прекрасно да се види нејзиниот син со рака. Таа додава дека момчето е навистина задоволно со новата протеза.

Објаснила дека детето не сакало протеза која не е функционална, а дека вештачката рака е зелена бидејќи тој сакал да биде поразлична од сите други.

Прикажи повеќе...

Забава

Локација за храбри фотографи: камен заглавен меѓу две карпи на височина од 1.000 метри

Објавено пред

Камен, кој стои меѓу две карпи на планината Кјераг, освен планинарите, ги привлекува и оние што сакаат совршена фотографија на речиси 1.000 метри над бездната.

Кјерагболтен е веројатно најпознатиот камен во Норвешка, кој се наоѓа во близина на селото Лисеботн. Иако е голема атракција на „Инстаграм“, поради тешкиот терен, само оние што се одлично физички подготвени може да дојдат до ова место.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karin _living in Hamburg ⚓️🚢 (@kaa_dschungelbuch_) on

Не е сигурно како овој камен се нашол во пукнатина меѓу карпите, но претпоставката е дека се наоѓа таму уште од последното ледено доба. Со оглед на тоа што карпата е на надморска височина од 989 метри, само најхрабрите се осмелуваат да стапнат на него со цел да направат совршена фотографија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lysefjorden Adventure AS (@lysefjordenadventureas) on

Но, дури и оние кои немаат храброст да се качат на каменот, сепак можат да уживаат во неворојатниот поглед. Кјерагболтен и планината Кјераг се дел од спектакуларни карпести формации во близина на Лисефјорд, кој важи за еден од најубавите фјордови во Норвешка.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија28 минути

Ексминистерот Ацо Спасеновски нелегално исплатил над 7,3 милиони денари на фирма за мониторинг и истражувања

Поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ацо Спасеновски, е осомничен дека со лажни извештаи за мониторинг овозможил исплата на...

Македонија1 час

Општина Ѓорче Петров им забрани на наставниците да користат мобилни телефони

Општина Ѓорче Петров донесе забрана за користење мобилни телефони од страна на наставниците за време на наставата во основните училишта...

Топ2 часа

Прегазен пешак во Илинден

Дваесет и едногодишно момче со автомобил удрило во 79-годишен пешак, кој починал на местото на несреќата. Според информациите на полицијата,...

Македонија3 часа

(Видео) Јасна Мандиќ од куќен притвор донесена на распит во Обвинителството

Јасна Ерцеговиќ-Мандиќ, соработничката на Бојан Јовановски, од куќен притвор со полициска придружба беше спроведена во Обвинителството за организиран криминал и...

Македонија4 часа

Жителите на Трнодол најавуваат протести и тужба против градоначалникот

Жителите на Трнодол најавуваат протести ако Општина Карпош не го повлече детаљниот урбанистичкиот план, кој, како што велат, може да...

Свет5 часа

„Њујорк тајмс“: САД тајно протерале двајца кинески дипломати осомничени за шпионажа

Американската влада тајно протерала двајца официјални претставници на кинеската амбасада по нивниот упад во воената база во Вирџинија, објави „Њујорк...

Свет5 часа

Британски турист убиен пред луксузен хотел во Аргентина

Педесетгодишен британски турист е убиен пред луксузен хотел во Буенос Ариес. Како што пренесуваат светските медиуми, автобус со туристи патувал...

Свет5 часа

Во Виена уапсени двајца Чеченци, планирале терористички напад за Божиќ

Австриската полиција уапси двајца мажи осомничени дека планирале терористички напад во Виена меѓу Божиќ и Нова Година, пренесе Индекс.хр. Од...

Македонија17 часа

Aлфите го пронајдоа детето што се изгуби на кејот на Вардар

Единицата Алфа го пронајде 12 годишниот Мартин кој денеска се загуби во близина на кејот на реката Вардар. Од МВР информираа...

Топ21 час

Тетовец го пријавил чичко му оти му се заканувал со секира

Шеест и двегодишен маж од Тетово, со иницијали И.И. синоќа бил приведен од страна на полицијата. Како што јави МВР,...

Македонија22 часа

Мицкоски за ексамбасадорот кој репетираше пушка: Го знам од детството, но ќе предложам негово разрешување

На следната седница на Извршниот Комитет, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе предложи разрешување на ексамбасадорот, Томислав Димитровски, кој е...

Македонија23 часа

(Видео) Заев: Судскиот совет да провери зошто се чувале предмети во фиока

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, во воведот од неговиот говор рече дека го радува глетката од преполната сала...

Свет1 ден

(Видео) Најмалку четири лица загинаа во земјотресот на Филипините

Најмалку четири лица загинаа во земјотресот со јачина од 6,9 степени кој го погоди островот Минданао во јужниот дел на...

Спорт1 ден

Македонец е светски првак во УФЦ–Александар „The Great“ Волкановски

Македонецот Александар „The Great“ Волкановски (31) е новиот шампион во УФЦ, во перо категорија. Волкановски утринава во Лас Вегас го...

Економија1 ден

Почна наградната игра „Мој ДДВ #MojaНаграда“

Од денес со скенирање на секоја фискална сметка преку апликацијата МојДДВ, секој полнолетен граѓанин е потенцијален добитник на една од...

Свет2 дена

Уништувањето на шумите во Амазонија достигна највисоко ниво за месец ноември

Уништувањето на шумите во бразилската Амазонија го достигна своето највисоко ниво за месец ноември, откако почна да се бележи неславни...

Македонија2 дена

Заев за ДУИ ќе се консултира во СДСМ и со малите партии

Премиерот Зоран Заев најави внатрепартиски консултации како и разговори со помалите партии на кои ќе се одлучува за поднесувањето на...

Топ2 дена

Пожар во стан во Тетово – еден тешко повреден, десетина затруени

Еден маж е потешко повреден со изгореници, а 10 лица се затруени од чад, во пожарот што се случи денеска...

Македонија2 дена

Врховните судии потврдија дека Јован Врaнишковски перел пари

Врховниот суд го отфрли како неосновано барањето за вонредно преиспитување на пресудата против расчинетиот владика на МПЦ-ОА, Јован Вранишковски. Тројцата...

Македонија2 дена

(Видео) Русковска: На почетокот на јануари се надевам на второ обвинение за „Рекет“

Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска рече дека втората истрага за случајот „Рекет“ е при...

Досие