Забава
Вирус лекува рак?
Вирусот, што предизвикува болки во стомакот им дава надеж на заболените од рак – го јакне имунолошкиот систем и ги “минира“, односно отстранува
Вирусот, што предизвикува болки во стомакот им дава надеж на заболените од рак – го јакне имунолошкиот систем и ги “минира“, односно отстранува туморите.
Скоро 80 проценти од пациентите со напреден вид на тумор на црниот дроб, главата, вратот и градите, го користеле опитниот лек направен од ретровирус.
Охрабрувачки резултати постигнале оние кои со болеста се бореле со хемотерапија. Туморите се смалиле, а во еден случај целосно исчезнале.
Стручњаците сметаат дека е прерано да се каже дали реолисинот (Reolysin) ќе биде волшебниот клуч за уништување на ракот, но тој би можел да им го спаси животот на пациентите во напредна фаза на болеста. Реолисинот ги уништува клетките на ракот дупчејќи ги ѕидовите на неговите клетки, со што предизвикува “експлозивна“ верижна реакција на кинење на туморот.
Така “намалените“ тумори се помалку опасни и полесно се лекуваат со хемотерапија.
Лекот го буди имунолошкиот систем и тој ги препознава клетките на ракот како напаѓачи и го поттикнува телото на борба против нив.
“Досега ќе бев мртов без овој третман“, вели Ендрју Макманус (65), кој боледува од рак на црниот дроб. Пациентот прима лек интравенозно осум пати за пет денови третман, кои се распоредени во текот на шест месеци. Нуспојавите, по вбризгувањето се настинка и зголемена температура.
“Имавме неколку драматични реакции на реолисинот, поради што треба да бидеме претпазливи, но изгледа дека оваа комбинација делува“, вели главниот истражувач професорот Алан Мелчер.
Стручњаците сметаат дека се потребни поопсежни испитувања пред да се почне со широка употреба на реолисинот, што би можело да потрае пет години.
“Постојат две фази на клинички испитувања, а потоа лекот мора да го одобри Агенцијата за лекови“, објаснува професорот Ељуга.
Лекот мора да се испита на поголеми групи пациенти, во строго контролирани услови. Во Велика Британија се тестирани 15 пациенти со тумор на вратот и на главата. Кај петмина туморот делумно се намалил, а кај четворица болеста се стабилизирала.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Меган Маркл бакна друг маж, реакцијата на принцот Хари стана вирална на социјалните мрежи
Пред неколку дена на хуманитарното натпреварување во поло во Велингтон, Флорида, избраниците на принцот Хари забележаа две победи, што значи дека беа шампиони на овој мини турнир.
Меѓутоа, кога дојде моментот да им се честита трофејот, дојде до неочекувана, но симпатична реакција од војводата од Сасекс, кој не можеше да ја задржи својата љубомора.
Имено, Меган Маркл, сопругата на Хари, се качи на сцената за да им честита на победниците. Војвотката го бакна на двата образа соиграчот на Хари и капитен на тимот, Малколм Борвик, а реакцијата на нејзиниот сопруг на потегот стана вирална на социјалните мрежи.
@czedits__fp__ 😭😭 #princeharry#meghanmarkle#sussexroyal#sussex_family#royal#harryandmeghan#dukeharry#duchessmeghan#dukeofsussexs#duchessofsussex#fyp#meghanandharry#dukeandduchess#royalcouple#meghanmarkleandprinceharry#princehenry#meghanmarklestyle#princeharryandmeghanmarkle#princeharryedit#meghanmarkleedit#fouryou ♬ původní zvuk – •sussex family•
На снимката се гледа дека на Хари не му е сеедно, но судејќи според следните снимки, јасно е дека се шегувал.
View this post on Instagram
Забава
Леонардо ди Каприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Мартин Скорсезе
Леонардо ди Каприо наводно добил улога на Френк Синатра во новиот филм на Мартин Скорсезе, пишува „Вараети“. Улогата на Ава Гарднер ѝ припадна на Џенифер Лоренс, со која Ди Каприо соработуваше на филмот Don’t Look Up.
Од друга страна, Ди Каприо и Скорсезе соработуваа неколкупати.
Ова дуо е еден од најплодните актерско-режисерски парови, зад нив се филмовите, како „Бандите на Њујорк“, „Авијатичарот“, „Заминат“, „Островот затворач“ и „Волкот од Волстрит“. Нивниот последен филм, Killers of the Flower Moon, беше номиниран за 10 „Оскари“.
Веста за биографскиот филм на Френк Синатра беше дочекана со ентузијазам од фановите и коментираа на социјалните мрежи дека „Ди Каприо е одличен избор за улогата на Френк Синатра“.
Забава
Роберт де Ниро откри кои се неговите омилени актери на сите времиња
Има малку актери што може да се споредат со Роберт де Ниро.
Добитник е на два „Оскара“ и седум номинации во актерски категории. Де Ниро е титан на холивудското платно, кој постигна некои од неговите најнезаборавни изведби во филмовите на Мартин Скорсезе, Френсис Форд Копола и Квентин Тарантино.
Де Ниро ја имаше својата прва улога во филмот на Скорсезе, Mean Streets, од 1973 година. Тој толку многу го освои славниот режисер што го нарече најголемиот актер на неговата генерација.
Кариерата на Роберт де Ниро беше обележана со улоги во мрачни трилери и гангстерски филмови за кои стана синоним за Ал Пачино, Џо Пеши и Реј Лиота.
Запрашан за неговите најрани филмски влијанија, Де Ниро откри дека црпел инспирација од британската кинематографија. Што се однесува до Америка, тој како најинтересни актери ги издвојува Џејмс Дин, Марлон Брандо, Монтгомери Клифт, Ким Стенли и Грета Гарбо.
Омилени актери на Роберт де Ниро му се: Марлон Брандо, Монтгомери Клифт, Џејмс Дин, Грета Гарбо, Алберт Фини, Ричард Харис, Ким Стенли.