Контакт

Забава

Шведски лекари направиле вазектомија на погрешен пациент

Објавено пред

Една клиника од градот Вастерас, во централна Шведска е пријавена поради стерилизација на погрешен пациент

Една клиника од градот Вастерас, во централна Шведска е пријавена поради стерилизација на погрешен пациент.

Според податоците од тужбата поднесена на ресорната здравствена служба, на пациентот кој дошол на 22 јуни за биопсија на простата, по грешка му била направена вазектомија.

Имено, лекарите “заборавиле“ да го проверат идентитетот на пациентот и направиле вазектомија што била закажана за пациент кој требало да биде опериран на 23 јуни.

Се уште не се знае какви ќе бидат санкциите за клиниката и за лекарите кои ја направиле операцијата.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

(Видео) Трејлер за новиот филм „Ѓавол засекогаш“

Објавено пред

„Ѓавол засекогаш“, драматичен трилер, кој премиерно ќе се емитува на „Нетфликс“ следниот месец, објави низа оригинални слајдови со главните протагонисти во филмот.

Дејството на филмот е поставено во Охајо во периодот помеѓу Втората светска војна и Виетнамската војна, а во него глумат Роберт Патинсон, Том Холанд, Бил Скарсгард, Рајли Коф и Себастијан Стен.

Според веб-страницата „Ај-ем-ди“, филмот „Ѓавол засекогаш“ (The Devil All the Time), во режија на Антонио Кампос, е драматична сторија која следи бизарни, уверливи и ментално вознемирени луѓе што страдаат од трауми предизвикани од ужасите на војната.

Прикажи повеќе...

Забава

Почина Рајко Дујмиќ, поранешен фронтмен на „Нови фосили“

Објавено пред

Рајко Дујмиќ, поранешен лидер на групата „Нови фосили“, почина на 65-годишна возраст, пишува „Индекс.хр“. Тој  минатата недела ја загубил контролата врз своето возило кај Равна Гора и слетал во бездна по што бил сместен во одделот за интензивна нега на Клиничкиот центар во Ријека (КБЦ).

Полициската приморско-горанска управа, не наведувајќи го неговиот идентитет, пријавила дека 65-годишниот возач на автомобил „фолксваген тигуан“, со загрепски регистарски таблички, слетал од патот во Равна Гора.

Утврдено е дека околу 17.15 часот тој изгубил контрола врз возилото во непрегледен свијок и паднал во бездна длабока речиси 11 метри. Поради повредите, бил пренесен во Клиничката болница во Ријека, соопшти полицијата. Тој бил сам во возилото.

Прикажи повеќе...

Забава

Бакнеж под маска – Жерард Батлер и Морган Браун во калифорниската Венеција

Објавено пред

Тие се заедно веќе шест години.

А во понеделникот шкотскиот актер Џерард Батлер и неговата девојка Морган Браун беа забележани на плажата „Венеција“ во Лос Анџелес како разменуваат нежност во време на коронавирус.

Холивудскиот заводник ја бакнува својата свршеница, но ја држи маската за лице, на куса пауза од возење велосипед околу познатата плажа.

Батлер и Браун почнаа да се гледаат во 2014 година, но се разделија следната година. Една година подоцна се смирија и отидоа на романтичен одмор во Мексико. Оттогаш врската се чини дека стана поцврста.

Тие прошетаа на црвениот тепих како двојка на доделувањето на „Оскарите“ овој февруари.

Шкотската sвезда глуми во филмот за природна катастрофа „Гренланд“, чија премиера се очекува кон крајот на септември.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Експретседателот на кривичниот суд, Владимир Панчевски, осуден на три ипол години затвор

Поранешниот претседател на скопскиот кривичен суд, Владимир Панчевски, е осуден на три години и шест месеци затворска казна за злоупотреби...

Свет5 часа

Вознемирувачки видеа од Бејрут, за секунда срамнети со земја огромни згради

Стравотни снимки од експлозијата што попладнево се случи во Бејрут се споделуваат во јавноста, а очевидци раскажуваат за драматични сцени...

Свет6 часа

(Видео) Експлoзијата во Бејрут се случила во магацин за пиротехника, десет лица загинале

Најмалку десет лица загинале во експлозијата во Бејрут што, според најновите информации, се случила во магацин за пиротехника во пристаништето...

Македонија8 часа

ДИК не го тестирала софтверот пред изборите, направила и други пропусти за заштита на личните податоци

Агенцијата за заштита на личните податоци утврди повеќе повреди на прописите за заштита на личните податоци од страна на Државната изборна...

Топ9 часа

Уапсена скопјанка, членка на ИСИС

Полицијата уапси 38-годишна скопјанка која патувала во Сирија и учествувала во активности на ИСИС. Според информациите на МВР, Секторот за борба...

Македонија10 часа

Мицкоски: Ќе се фокусираме на предлози што значат борба против криминалот и корупцијата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најави дека неговата партија ќе биде фокусирана да состави парламентарно мнозинство и да ја состави...

Македонија10 часа

Пронајдено телото на 16-годишното момче што се удави во Преспанското Езеро

По два дена трагање, пронајдено е телото на 16-годишното момче што се удави во Преспанското Езеро. Од МВР велат дека...

Македонија10 часа

Заев: За 10 до 15 дена ќе има исход од преговорите за влада, сите опции се отворени

Претседателот на СДСМ и пратеник во Собранието, Зоран Заев, посочи дека во деновите што следуваат ќе се разговара со сите...

Македонија10 часа

Петмина починати и 75 новозаболени од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 830 тестирања, а регистрирани се 75 нови случаи на...

Македонија11 час

Собранието им ги верификува мандатите на сите 120 пратеници

Со 116 гласа „за“, без ниту еден воздржан ниту, пак, против, верифицирани им се мандатите на сите 120 пратеници, со...

Македонија11 час

42-годишен маж спасен на Клиниката за кардиологија со стентирање на трауматска трансекција на торакалната аорта

Маж на возраст од 42 години е спасен од сигурна смрт кога на Клиниката за кардиологија му било извршено стентирање...

Македонија12 часа

Јагода Шахпаска избрана за претседател на Верификациската комисија на Собранието

Со интонирање на химната почна првата седница на новиот парламентарен состав, која се одржува во салата Голема купола, со засилени...

Свет14 часа

В година Русите ќе ја тестираат вакцината против коронавирусот врз деца

Националниот истражувачки центар „Гамалеи“ во Русија планира да почне со тестирање на вакцината против коронавирусот врз деца во јануари-февруари в...

Регион14 часа

Грчките премини Дојрани и Ники ќе се отворат по 15 август

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека грчките гранични премини Дојрани и Ники ќе бидат целосно затворени за сообраќај до 15.8.2020...

Топ14 часа

Прегазена жена во Охрид

Деветнаесетгодишен скопјанец со „мерцедес“ на улицата Сирма Војвода во Охрид удрил во пешакот М. Т. (58) од Охрид. Жената била...

Свет16 часа

Гутереш: Коронавирусот ќе уништи генерации поради затворањето на училиштата

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, предупреди дека светот се соочува со генерациска катастрофа поради затворањето на училиштата во...

Свет16 часа

СЗО ќе распореди меѓународен тим експерти во Вухан

Светската здравствена организација соопшти дека тимот што го истражува потеклото на пандемијата на коронавирусот ја завршил својата мисија во Кина...

Европа17 часа

Расте бројот на тешко заболени од коронавирус во Франција

Бројот на пациенти заразени со коронавирус во одделите за интензивна нега во Франција денеска се искачи на 384, што е...

Македонија1 ден

Привремено е прекината потрагата по момчето кое се удави во Преспанското езеро

Потрагата по момчето кое исчезна во водите на Преспанското езеро е привремено прекината поради временските услови. Како што информираат од...

Регион1 ден

Преглед на состојбата во регионот: Во Албанија почина уште еден лекар, во Србија пад на бројот на новозаразени

Преглед на состојбата со коронавирусот во регионот во изминатото деноноќие. Уште еден лекар почина во Албанија од коронавирус Во болницата...

Досие