Контакт

Забава

Домаќинка како жива скулптура

Објавено пред

Британска домаќинка ќе биде првата од над 2 000 лица, која еден час дневно ќе стои на платото на лондонски Трафалгар сквер, како дел од „живата

Британска домаќинка ќе биде првата од над 2 000 лица, која еден час дневно ќе стои на платото на лондонски Трафалгар сквер, како дел од „живата изложба“.

Насловот на инсталацијата, чиј што автор е Ентони Гормли е “One & Other”.

За инсталацијата се пријавиле над 14.500 луѓе, а пријави и понатаму пристигнуваат.

„Сакав да ги претставам нормалните, обични мајки, кои инаку не се предмет на големите уметнички дела“, изјави британската домаќинка и воедно прв учесник во инсталацијата. /крај/мс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Орнела Мути ќе наполни 65 години, но нејзината убавина не бледнее

Објавено пред

Италијанската филмска ѕвезда Орнела Мути деновиве се појави на Француската модна недела, каде што сите очи беа вперени во неа. Таа набргу ќе го прослави својот 65. роденден, но нејзината убавина не бледнее.

Зад себе има два брака и три деца. Таа првпат се омажила за актерот Алесио Оран и била во брак со него од 1975 до 1981 година, а во Италија биле познати како најубавата славна двојка. Во 1988 година се омажила за Федерико Фашинети, со кого има син Андреа и ќерка Каролина, а во 1996 година се развела од него.

Интересно е што во 2015 година таа беше осудена на осум месеци затвор или глоба од 30.000 евра затоа што одбила да игра во претстава за да може да излезе на вечера со рускиот претседател Владимир Путин, а една година подоцна побарала руско државјанство.

Прикажи повеќе...

Забава

Ди Каприо и Де Ниро ќе соработуваат во новиот филм на Мартин Скорсезе

Објавено пред

Роберт де Ниро е годинешниот добитник на наградата за животно дело од Американското здружение на актерите, а честа да го претстави му припадна на Леонардо ди Каприо, кој последен пат глумеше со Де Ниро во „Животот на момчето“ во 1993 година.

Во говорот пред врачувањето на наградата Ди Каприо се осврна на плодната соработка на Де Ниро и режисерот Мартин Скорсезе, кој ни ги подари култните остварувања, како „Таксист“ и „Разгневениот бик“ во текот на изминатиот половина век, а нивната последна соработка на „Ирецот“ е годинешен кандидат за „Оскар“ за најдобра слика.

„Научив многу од обајцата (Де Ниро и Скорсезе). Среќен сум што можам да ги наречам мои соработници. Боб од снимањето на „Животот на момчето“ и Марти од „Бандите од Њујорк“. Вистинска чест е што по 30 години, ќе имам можност повторно да глумим заедно со Боб во претстојната драма на Мартин Скорсезе, Killers of the Flower Moon, рече Ди Каприо.

Следното остварување на Скорсезе ќе се заснова на книгата на Дејвид Грин – Killers of the Flower Moon: The Osage Murders and the Birth of the FBI, според УНИЛАД.

Дејството на филмот се одвива во 1920 година и зборува за семејство на американски домородци од племето Осаж, кои некогаш биле најбогата нација во светот благодарение на нафтата пронајдена на нивната територија.

За Ди Каприо, ова ќе биде шестиот филм што го прави со Скорсезе, а прв по „Волкот од Волстрит“ во 2013 година.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Хокеар си ги собирал забите на мразот, ударот со пак за малку ќе му ја скршел вилицата

Објавено пред

На хокеарскиот натпревар во НХЛ-лигата помеѓу Вегас и Монтреал се случил непријатен настан. Играчот на Монтреал, Џоен Армијас, го погодил со пак во лице хокеарот на Вегас, Пол Статсни.

Тој му скршил неколку заби на Статсни, кој останал на мразот за да си ги собере, а потоа го напуштил теренот со крпа на устата. Настанот се случил 1,24 минута пред крајот на продолжението на резултатот 4:4.

Армијас веднаш му пришол и му се извинил на Статсни додека одел кон соблекувалната.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 минути

Папата до учесниците на форумот во Давос: Луѓето, а не профитот, мора да бидат во центарот на политиката

Папата Франциск испрати писмена порака за да ги потсети делегатите на годинешниот Светски економски форум во Давос на моралната обврска...

Спорт1 час

(Видео) Словенците се близу до полуфинале на ЕП, Португалците го загубија чекорот

Ракометните репрезентативци на Словенија повторно им се вратија на победите на Европското ракометно првенство по слабата партија и поразот кој...

Регион3 часа

Брисел: Летот меѓу Белград и Приштина е чекор кон нормализација на односите

Воспоставувањето на комерцијален лет помеѓу Белград и Приштина е добар чекор кон нормализирање на односите, изјави денеска Питер Стано, портпарол...

Свет4 часа

Паника во светот поради новиот вирус, ригорозни контроли на аеродромите и железничките станици

Земјите во Азија и другите делови на светот почнаа со проверки на телесната температура на аеродромите, железничките станици и автопатиштата....

Македонија6 часа

(Видео) Ѓорчев: 10.000 граѓани лани се иселиле во Германија

Речиси 10.000 граѓани во 2019 година добиле работни визи и заминале во Германија, рече опозицискиот пратеник Владимир Ѓорчев, кој додаде...

Македонија6 часа

Димитров во Давос: Крајно време е да тргнеме напред

Крајно време е Северна Македонија да направи чекор напред на својот европски пат: отворање на заслужените пристапни преговори со ЕУ,...

Македонија7 часа

Дерковски: Избирачкиот список никогаш не може да биде идеално чист

Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски, се надева дека на престојните избори нема да има злоупотреба на лични карти...

Македонија7 часа

Османи до партиите: Донесете го Законот за Јавното обвинителство пред изборите

Вицепремиерот Бујар Османи смета дека законот за Јавно обвинителство, кој со месеци е заглавен во Собранието, треба да биде донесен...

Свет8 часа

(Видео) Грета во Давос: Ништо не направивме за климатските промени

Младата активистка за борба против климатските промени, Грета Тунберг, одржа говор на годишниот собир на Светскиот економски форум, кој се...

Свет10 часа

Маж од Австралија со симптоми на смртоносниот корона вирус ставен во карантин

Здравствените власти во Квинсленд потврдија дека во Австралија, најверојатно, се појавил првиот случај на зараза со новиот смртоносен корона вирус...

Свет10 часа

Почнува судењето за импичмент на Трамп, адвокатите повикаа веднаш да се ослободи претседателот

Во Сенатот на американскиот Конгрес почнува судскиот процес за импичмент на претседателот Доналд Трамп. Минатата недела Претставничкиот дом ги испрати...

Економија10 часа

Отворен 50. Светски економски форум во Давос

Педесетиот Светски економски форум во Давос беше отворен синоќа со концерт на Младинскиот оркестар на Европската унија, Симфонискиот оркестар од...

Регион10 часа

Во БиХ секоја година умираат по 3 300 луѓе како последица на загадениот воздух

Во Босна и Херцеговина секоја година прерано умираат околу 3 300 луѓе како последица на изложеноста на воздух загаден со...

Забава13 часа

Автомобилите на Пол Вокер продадени на аукција за 2,33 милиона долари

Дваесет и едно возило во сопственост на трагично починатиот актер Пол Вокер, најпознат по улогата во популарната филмска франшиза „Брзи...

Македонија23 часа

Атиџе од „Медена земја“ добива работа во Општина Лозово и ќе сними две песни

Градоначалникот на општина Лозово, Ацо Велковски, објави дека Атиџе Муратова од филмот „Медена земја“ по турнеите ќе биде работно ангажирана...

Македонија1 ден

Царинска управа: Го подигнавме степенот на проверка на секаков отпад

Во контекст на актуелизирањето на увозот на отпад во земјава, посебно по случувањата во соседството, Царинската управа дополнително го подигнала...

Економија1 ден

Дизелот поевтинува

Од ноќеска на полноќ дизелот ќе поевтини 1,5 денар, а цената на бензините ќе остане иста, соопшти Регулаторната комисија за...

Македонија1 ден

Командир од Полициската станицата Гази Баба сексуално вознемирувал полицајки

Командир во полициската станица Гази Баба сексуално вознемирувал три колешки. Против него ќе биде поведена постапка за утврдување дисциплинска одговорност...

Македонија1 ден

(Видео) Горан Ангелов ќе биде сменет, ќе се истражува каков отпад бил согоруван на „Дрисла“

Утре ќе биде разрешен досегашниот директор на депонијата „Дрисла“, а на 29 јануари на седница на Советот ќе бидат избрани...

Свет1 ден

Во светот има 2.153 милијардери со богатство поголемо од 4,6 милијарди луѓе

Во светот има 2.153 милијардери со поголемо богатство од 4,6 милијарди луѓе, што претставува 60 проценти од светската популација, се...

Досие