Контакт

Забава

Шампион во јадење хот-дог

Објавено пред

Познатиот Џои Чеснат повторно победи во натпреварот на гладни рекордери

Познатиот Џои Чеснат повторно победи во натпреварот на гладни рекордери.

Чеснат го собори сопствениот рекорд од Кони Ајленд, успевајќи да изеде 68 хот дога за десет минути.

Неговиот најголем противник Такеру Кобајаши изеде „само“ 64 парчиња. /крај/мо/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Американските селебрити-личности ги охрабруваат луѓето да носат маска

Објавено пред

Американците сè уште се поделени дали треба да носат заштитна маска за лице, претворајќи ја дилемата во политички став, а познатите личности апелираат до своите следачи на социјалните мрежи да носат маска на јавни места заради нејзината вистинска намена – да се спречи понатамошно ширење на Ковид-19.

Актерите Џенифер Анистон, Рис Вајтерспун и Патрик Демпси неодамна на својот Инстаграм постираа селфиња со маска на лицето, користејќи го хаштагот #wearadamnmask (носи проклета маска).

Вајтертерспун напиша: Носењето маска не е политичка изјава. Тоа значи дека се грижите за здравјето и безбедноста на другите луѓе. Бидете одговорни, ставете маска! #Wearadamnmask

САД бележат рекорден пораст на заболени од Ковид-19. Според неодамнешен извештај, заразени се 2,7 милиони луѓе, а починати 127. 000.

Но, некои Американци носењето маска го сметаат како повреда на индивидуалните права. Дури и претседателот Доналд Трамп сè уште не е фотографиран во јавност со маска.

Прикажи повеќе...

Забава

Јавната обвинителка на државата Њујорк најави спогодба вредна 19 милиони долари по тужбите против Харви Вајнштајн

Објавено пред

Постигнат е договор за спогодба во износ од 19 милиони американски долари во две судски постапки за сексуално вознемирување и недолично однесување, покренати од повеќе жени против поранешниот холивудски магнат Харви Вајнштајн, соопштија адвокатите во вторникот.

Но, адвокатите кои претставуваат шест од жените кои поднесоа обвиненија против Вајнштајн предложениот договор го нарекоа „целосна распродажба“ која не бара 68-годишниот поранешен продуцент да прифати одговорност или исплата од неговиот џеб.

Спогодбата, која допрва треба да биде одобрена од федерален судија и суд за банкрот, би ја решила тужбата против Вајнштајн, неговата продукциска компанија и неговиот брат, поднесена во 2018 година од страна на јавната обвинителка на државата Њујорк.

Исто така, тоа би ставило крај на посебна тужба поднесена во 2017 година во име на девет жени кои го обвинија Вајнштајн за сексуално вознемирување или напад, порача Летиција Џејмс, јавната обвинителка на државата Њујорк.

„По сите вознемирувања, закани и дискриминација, овие преживеани конечно добиваат некаков вид  правда“, напиша таа на Твитер.

Џејмс додаде дека предложената спогодба ги ослободува жените од договорите за необјавување информации, кои ги спречуваат јавно да говорат за Вајнштајн, некогаш еден од најмоќните мажи во Холивуд.

Поранешниот филмски продуцент Харви Вајнштајн моментално служи затворска казна за сексуален напад и силување. Тој годинава беше осуден на 23 години затвор за сексуален напад врз неговата асистентка Мими Халеј и за силување на актерка аспирант Џесика Ман.

.

Прикажи повеќе...

Забава

Дизни на врвот на американскиот боксофис

Објавено пред

Дизниевите „Зоотопија“ и „Одмаздници“ се искачија на врвот на американскиот боксофис четири и шест години по премиерното прикажување.

Додека новите холивудски филмови се ставени во мирување или стенд-бај со околу 80 проценти од киносалите затворени ширум земјата среде пандемија на коронавирус, старите филмови се подигаат кон врвот.

Дизни владее на бокс-офисот со анимираниот „Зоотопија“ од 2016 година на првата позиција и „Одмаздници“ од 2012 година на втора. Оскаровецот „Зоотопија“ минатиот викенд заработи приближно 280,000 долари, а „Одмаздници“ 260.000 долари, според „Дедлајн“.

„Зоотопија“ освои Оскар за најдобар анимиран филм и заработи над 1 милијарда американски долари во кино благајните ширум светот во текот на првото прикажување.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) Заев: Се забрзува интеграцијата во ЕУ, да запрат лагите дека сме го изгубиле македонскиот јазик

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на прес-конференција пред Собранието порача дека македонската интеграција во Европската Унија се забрзува, а за...

Свет2 часа

Пресечена пратка за Европа: Запленети 7,5 тони кокаин, вреден 286 милиони долари

Во заедничка акција на полицијата на Колумбија и САД, запленети се 7,5 тони кокаин во вредност од 286 милиони долари,...

Свет2 часа

Трамп се предомисли: Сите треба да носат маски

Американскиот претседател, Доналд Трамп, кој се противеше на тоа да го покрива лицето во јавноста, рече дека е за тоа...

Македонија2 часа

Со донација на коскена срцевина, македонски дарител му помогна на пациент од Бугарија

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека во изминатите два дена било спроведено колекционирање на хематопоетски матични клетки од доброволен...

Свет2 часа

Вооружен напад на рехабилитациски центар во Мексико – 24 убиени

Најмалку 24 луѓе се убиени, а седум се ранети во вооружен напад во нерегистриран центар за лекување зависности од дрога...

Македонија2 часа

Санкционирани 461 лице за неносење заштитна маска

Во текот на изминатото деноноќие (1/2.07.2020 година) на територијата на целата држава по однос на мерката за неносење лична заштита...

Свет3 часа

По низа грешки, министерот за здравство на Нов Зеланд поднесе оставка и се нарече идиот

Новозеландскиот министер за здравство, Дејвид Кларк, денеска поднесе оставка по низа лични грешки за време на пандемијата на коронавирусот. Кларк...

Свет3 часа

Голема трагедија во рудник во Мјанмар, загинаа најмалку 50 рудари

Најмалку 50 рудари загинаа во одрони во рудник за жад на северот на Мјанмар, соопштија властите. Се претпоставува дека бројот...

Свет3 часа

По два месеци пауза, коронавирусот се врати во Токио

Во Токио се забележани над 100 новозаболени од коронавирус што е најголем број на нови случаи во последните два месеци....

Свет14 часа

Советот за безбедност на ОН ја усвои резолуцијата за прекин на сите конфликти поради коронавирусот

Советот за безбедност на ОН денеска едногласно ja усвои резолуцијата со која се бара прекинување на конфликтите низ целиот свет...

Македонија21 час

Нови 120 заболени и четворица починати oд Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 954 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на...

Македонија21 час

Ако има потреба ќе бидат воведени рестриктивни мерки, велат Спасовски и Филипче

Ако има потреба ќе бидат препорачани и воведени рестриктивни мерки. Вака техничкиот премиер Оливер Спасовски и министерот за здравство, Венко...

Македонија21 час

Oколу 900 патници поминале низ двата аеродрома кои денеска беа отворени

Околу 900 патници денеска поминале низ скопскиот и охридскиот аеродром, на првиот ден од нивното отворање, по неколкумесечниот застој поради состојбата...

Македонија22 часа

Независна пратеничка група: Мицкоски кочел закони за да штити криминал поради личен интерес

Мицкоски нé лажеше дека се грижи што ќе се уништи партијата, а имал гајле само за некого, свој личен интерес...

Македонија22 часа

Филипче: Воведовме 7 нови лекови за лицата со ретки болести и во услови на Ковид-19

Министерот за здравство, Венко Филипче, се сретна со претставници на Здруженијата на лица со ретки болести во нашата земја, при...

Регион24 часа

Граничниот премин Евзони повторно затворен

Граничниот премин Евзони требаше да биде отворен од денес, но сепак, во краток временски период овој граничен премин беше затворен,...

Македонија24 часа

Кривична пријава и државен карантин за синот на починатата кој учествуваше во инцидентот пред „8 Септември“

Обид насилно да се изнесе тело на почината од коронавирус е причината за инцидентот што вчера се случи во болницата...

Економија24 часа

Игротеките бараат поддршка и протоколи за почеток со работа

Три конкретни мерки за што поскоро отворање и почеток со работа предложи Групацијата на забавни, рекреативни и едукативни дејности и...

Македонија1 ден

Ременски бара обвинителката Русковска да биде изземена од судењето за „Меѓународен сојуз“

Фросина Ременски, третообвинета во случајот „Меѓународен сојуз“, заедно со Бојан Јовановски-Боки 13, бара да се изземе обвинителката Вилма Русковска од...

Македонија1 ден

Лицата со Ковид-19, во самоизолација и хронично болните можат да се пријавуваат за гласање за изборите

Почнува пријавувањето до општинските изборни комисии на лицата со Ковид-19 и во самоизолација, на болните, немоќните и хронично болните за...

Досие