Контакт

Забава

Обезбедено враќањето на изгубениот паричник

Објавено пред

Изгубените паричници во кои има фотографии од бебе почесто се враќаат на сопствениците, докажаа научниците

Изгубените паричници во кои има фотографии од бебе почесто се враќаат на сопствениците, докажаа научниците.

Истражувачите направиле експеримент во кој оставиле 240 паричници на улиците на Единбург со цел да видат колку од нив ќе бидат вратени на сопствениците.

Некои од паричниците содржеле една од четирите фотографии: бебе, слатко кученце, семејство и портрет на постара двојка.

Некои од паричниците содржеле само картичка што укажувала на тоа дека сопственикот неодамна подарил одреден износ во добротворни цели, додека некои немале ништо посебно.

Професорот Ричард Вајсмен, психолог кој го надгледувал експериментот, вели дека вкупно 42 проценти од паричниците биле вратени.

Оние кои содржеле слики на мали деца најчесто биле враќани на сопствениците, и тоа околу 88 проценти, а и 53 отсто од паричниците со фотографија на мало слатко кученце, исто така, биле вратени.

Кај паричниците кои содржеле семејна слика биле вратени 48 проценти, а кога станувало збор за оние со фотографија на постара двојка, само 28 отсто биле испратени на сопствениците.

Најмалку вратени паричници биле оние со добротворна картичка и оние што не содржеле ништо посебно.

Очигледно сликата на детето влијае на човечките чувства, што не чуди гледајќи од еволуциска перспектива. Сепак, изненадени сме од толку високиот процент на вратени паричници, вели професорот Вајсмен.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Двоен удар! Ван Дам се пресоблече на бодибилдинг-пауза

Објавено пред

Жан-Клод ван Дам сè уште го има тоа.

Белгискиот актер и мајстор за борачки вештини беше забележан во Лос Анџелес во вторникот на куса пауза од билдање мускули надвор од салата за вежбање.

Ван Дам (59) го покажа своето мускулесто тело кога реши да ја смени својата испотена облека во јавност.

Се чини дека акционата ѕвезда сè уште го оправдува славниот прекар „Мускулите од Брисел“ покажувајќи го своето оружје во тесна маичка.

Тој требаше да глуми во анимираниот филм „Мињони: Подемот на Гру“, но поради пандемијата на коронавирусот, продукцијата е одложена за јули 2021 година.

Претходно, актерот откри за „Дејли мејл Австралија“ дека сака да направи еден финален и епски филм со борачки вештини.

Прикажи повеќе...

Забава

Џад Ло, најверојатно, ќе биде Капетан Кука во „Питер Пан и Венди“

Објавено пред

Џад Ло, актерот со две номинации за „Оскар“, наводно е во преговори за да го глуми лошиот Капетан Кука во Дизниевата акција во живо „Питер Пан и Венди“, наменет за киносали, а не за стриминг-платформата „Дизни плус“.

Според „Варајати“, 47-годишниот Англичанец би бил последен во долгата низа актери што го глумеа злобниот пират во адаптација на романот на M.М. Бари од 1911 година.

Негативецот Кука претходно го портретираа Кристофер Вокен, Дастин Хофман, Џејсон Исакс, Рис Ифанс, Колин О’Донахју, Герет Хедланд и Стенли Тучи.

Прикажи повеќе...

Забава

Хејли Бибер убава и без шминка

Објавено пред

Хејли Болдвин Бибер ужива во опуштена дружба со сопругот Џастин Бибер во романтично бегство од секојдневието.

Во вторникот манекенката сподели фотографија во бикини, која го покажува нејзиното тонирано и исончано тело во аква син дводелен костим за капење од брендот Lali + Layla.

Манекенката на „Томи Хилфигер“ изгледа како тукушто излезена од океанот додека го покажува својот беспрекорен тен без шминка.

Таа исто така позира во елегантен фустан што се врзува на градите.

Хејли (23) не откри каде е, но во текот на викендот уживаше во патувањето во Јута со својот сопруг по повод Денот на независноста, 4 Јули.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион40 минути

(Видео) Вучиќ ги осуди протестите: Сведоци сме на брутално политичко насилство

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ ги осуди синоќешните протести организирани пред Националното собрание, оценувајќи ги како „акт на политичко насилство“....

Македонија43 минути

За гласање на изборите се пријавиле 137 заболени од коронавирус

Вкупно 137 лица позитивни на коронавирус се пријавиле за гласање на предвремените парламентарни избори, а Државната изборна комисија добила пријави...

Македонија1 час

163 новозаболени од Ковид-19 во земјата, починаа осум лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.794 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на...

Македонија3 часа

Владата итно ќе одлучува за ПЦР-тестот за патници од регионот

Премиерот Оливер Спасовски информира дека Комисијата за заразни болести ѝ препорачала на Владата од утре при влез во нашата земја...

Регион4 часа

Белград по синоќешниот хаос – запалени автомобили, смет, скршени стакла

Заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, објави на „Фејсбук“ фотографии од хаосот што остана на улиците на Белград по синоќешните немири....

Регион4 часа

(Видео) Демонстрант во Белград: Тато, ова е за тебе затоа што почина бидејќи немаше респиратор

Новинарка на телевизијата „Н1“ пред српскиот парламент ја сними шокантната исповед на Петар Ѓуриќ, син на познатиот уметник Љубиша Ѓуриќ,...

Регион5 часа

(Видео) Полицијата со палка тепа момчиња што мирно седат на клупа во Белград

Полицијата во Белград, по неколкучасовни масовни протести, почна да ги тепа луѓето, дури и оние што седат мирно. Како што...

Македонија6 часа

ИЈЗ: Намалување на бројот на новозаболени и починати, зголемување на бројот на оздравени

Неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 29 јуни до 5 јули 2020 година бележи намалување на...

Свет6 часа

Мистериозен синдром поврзан со коронавирусот предизвикува оштетување на мозокот кај децата

Коронавирусот може да предизвика големи невролошки проблеми кај некои деца, откриле научниците. Иако на младите им е полесно да се...

Свет7 часа

(Видео) Автобус полн со матуранти во Кина падна од мост во езеро, најмалку 21 загинат и 15 повредени

Најмалку 21 човек загина, а 15 се повредени кога автобус излета од патот и падна во езеро во Кина. Автобусот...

Свет7 часа

Во САД над 3 милиони заразени со Ковид-19

Бројот на заразени со коронавирус во САД надмина три милиони, сè повеќе сојузни држави бележат рекорден број нови случаи, а...

Македонија7 часа

Задолжителен тест за граѓаните на Србија, Косово, БиХ и на Црна Гора при влез во земјата, препорача Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести утрово одржа состанок, на кој донесе одлука да достави предлог до Владата од утре при влез...

Регион8 часа

(Видео) Солзавец и оклопни возила на протестите во Белград по најавата за нов полициски час

Полицијата во Белград утрово успеа да ги растера демонстрантите што од синоќа протестираа по најавата на претседателот на Србија, Александар...

Свет19 часа

СЗО: Епидемијата се забрзува, се појавуваат докази дека вирусот се пренесува преку воздух

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека епидемијата на коронавирус се забрзува и дека се појавуваат докази за пренесување на Kовид-19...

Регион22 часа

Србија го враќа полицискиот час, забрана за движење од петок до понеделник

Од утре во Србија ќе биде забрането собирање на повеќе од пет луѓе во отворен и затворен простор, а од...

Македонија23 часа

ДИК ќе прави симулација на изборниот ден во услови на пандемија

Државната изборна комисија утре ќе спроведе симулација на процесот на гласање под посебните протоколи поради пандемијата на коронавирус. Симулацијата ќе...

Регион1 ден

Грчки медиуми: Повеќето од туристите од Србија се позитивни на Ковид-19

Грчките медиуми пренесуваат дека повеќето од туристите од Србија се позитивни на Ковид-19, а тоа е и половина од новите...

Македонија1 ден

Нови 120 заболени и петмина починати од коронавирус во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.367 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на...

Македонија1 ден

(Видео) Со цитати од Конески и Мартиновски, Ципрас упати поддршка до Заев

Претседателот на грчката партија СИРИЗА и поранешен премиер на Грција, Алексис Ципрас, упати видеопорака со поддршка на претседателот Зоран Заев,...

Македонија1 ден

Јово Вангеловски обвинет за злоупотреба на службената положба

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен предлог против поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски,...

Досие