Контакт

Забава

Конкретните примери клуч за успех во математиката

Објавено пред

Децата кои се мачат со математиката, многу повеќе ќе научат од конкретни, вистински примери од секојдневниот живот, тврдат германските научници од

Децата кои се мачат со математиката, многу повеќе ќе научат од конкретни, вистински примери од секојдневниот живот, тврдат германските научници од институтот за психосоматика и психотерапија.

Повторувањето и учењето напамет може само да го влоши проблемот, додаваат научниците и предлагаат да се користат прстите или, пак, компири, за да се илустрираат математичките поими.

На пример, децата можат да учат делење ако на ручекот ги поделат компирите на сите домашни.

На децата треба математиката да им се направи привлечна, порачуваат стручњаците од институтот, а тоа може да се постигне ако добро го совладаат броевите од еден до 10.

Не е проблем ако децата сметаат на прсти, се додека добро ги разбираат бројките и количините.

Проблемот со математиката кај децата, за жал, предоцна се открива, бидејќи децата разбирањето го “камуфлираат“ со учење наизуст.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Јавната обвинителка на државата Њујорк најави спогодба вредна 19 милиони долари по тужбите против Харви Вајнштајн

Објавено пред

Постигнат е договор за спогодба во износ од 19 милиони американски долари во две судски постаки за сексуално вознемирување и недолично однесување, покренати од повеќе жени против поранешниот холивудски магнат Харви Вајнштајн, соопштија адвокатите во вторникот.

Но, адвокатите кои претставуваат шест од жените кои поднесоа обвиненија против Вајнштајн предложениот договор го нарекоа „целосна распродажба“ која не бара 68-годишниот поранешен продуцент да прифати одговорност или исплата од неговиот џеб.

Спогодбата, која допрва треба да биде одобрена од федерален судија и суд за банкрот, би ја решила тужбата против Вајнштајн, неговата продукциска компанија и неговиот брат, поднесена во 2018 година од страна на јавната обвинителка на државата Њујорк.

Исто така, тоа би ставило крај на посебна тужба поднесена во 2017 година во име на девет жени кои го обвинија Вајнштајн за сексуално вознемирување или напад, порача Летиција Џејмс, јавната обвинителка на државата Њујорк.

„После сите вознемирувања, закани и дискриминација, овие преживеани конечно добиваат некаков вид на правда“, напиша таа на Твитер.

Џејмс додаде дека предложената спогодба ги ослободува жените од договорите за необјавување информации, кои ги спречуваат јавно да говорат за Вајнштајн, некогаш еден од најмоќните мажи во Холивуд.

Поранешниот филмски продуцент Харви Вајнштајн моментално служи затворска казна за сексуален напад и силување. Тој годинава беше осуден на 23 години затвор за сексуален напад врз неговата асистентка Мими Халеј и за силување на актерка-аспирант Џесика Ман.

.

Прикажи повеќе...

Забава

Дизни на врвот на американскиот боксофис

Објавено пред

Дизниевите „Зоотопија“ и „Одмаздници“ се искачија на врвот на американскиот боксофис четири и шест години по премиерното прикажување.

Додека новите холивудски филмови се ставени во мирување или стенд-бај со околу 80 проценти од киносалите затворени ширум земјата среде пандемија на коронавирус, старите филмови се подигаат кон врвот.

Дизни владее на бокс-офисот со анимираниот „Зоотопија“ од 2016 година на првата позиција и „Одмаздници“ од 2012 година на втора. Оскаровецот „Зоотопија“ минатиот викенд заработи приближно 280,000 долари, а „Одмаздници“ 260.000 долари, според „Дедлајн“.

„Зоотопија“ освои Оскар за најдобар анимиран филм и заработи над 1 милијарда американски долари во кино благајните ширум светот во текот на првото прикажување.

Прикажи повеќе...

Забава

Долф Лундгрен се сврши со 38 години помлада девојка, коментарите го уништија

Објавено пред

Холивудскиот актер и ѕвезда на многу акциски филмови од 80-тите години Долф Лундгрен (62) се сврши со 38 години помладата Ема Крокдал (24).

Тој ги сподели среќните вести на Инстаграм, каде што објави заедничка фотографија во која таа ја покажува раката со прстен.

„Нешто многу посебно се случи тука во Шведска“, напиша тој веднаш до фотографијата.

Меѓу првите му честиташе актерот Силвестер Сталоне.

„Честитки, мој добар пријателе. Ти си најдобар“, напиша Сталоне.

View this post on Instagram

Intense contouring lighting. Here for it

A post shared by Emma Krokdal (@emmakrokdal) on

Сепак, имаше многу различни коментари. Некои следбеници го задеваа Лундгрен дека неговата ќерка е на сликата, а некои го задеваа дека купил млада фитнес-инструкторка.

View this post on Instagram

👛

A post shared by Ida Lundgren (@idaslundgren) on

Ова ќе биде трет брак на Долф, а со дизајнерката на накит Анет Квиберг има две ќерки, Ида и Грета.

Некои сметаат дека постарата ќерка на Долф, Ида, многу личи на неговата свршеница. Патем, двете имаат 24 години.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија21 минута

(Видео) Заев: Се забразува интеграцијата во ЕУ, да запрат лагите дека сме го изгубиле македонскиот јазик

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на прес-конференција пред Собранието порача дека македонската интеграција во Европската Унија се забрзува, а за...

Свет21 минута

Пресечена пратка за Европа: Запленети 7,5 тони кокаин, вреден 286 милиони долари

Во заедничка акција на полицијата на Колумбија и САД, запленети се 7,5 тони кокаин во вредност од 286 милиони долари,...

Свет31 минута

Трамп се предомисли: Сите треба да носат маски

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој се противеше на тоа да го покрива лицето во јавноста, рече дека е за тоа...

Македонија50 минути

Со донација на коскена срцевина, македонски дарител му помогна на пациент од Бугарија

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека во изминатите два дена било спроведено колекционирање на хематопоетски матични клетки од доброволен...

Свет54 минути

Вооружен напад на рехабилитациски центар во Мексико – 24 убиени

Најмалку 24 луѓе се убиени, а седум се ранети во вооружен напад во нерегистриран центар за лекување зависности од дрога...

Македонија58 минути

Санкционирани 461 лице за неносење заштитна маска

Во текот на изминатото деноноќие (1/2.07.2020 година) на територијата на целата држава по однос на мерката за неносење лична заштита...

Свет1 час

По низа грешки, министерот за здравство на Нов Зеланд поднесе оставка и се нарече идиот

Новозеландскиот министер за здравство, Дејвид Кларк, денеска поднесе оставка по низа лични грешки за време на пандемијата на коронавирусот. Кларк...

Свет1 час

Голема трагедија во рудник во Мјанмар, загинаа најмалку 50 рудари

Најмалку 50 рудари загинаа во одрони во рудник за жад на северот на Мјанмар, соопштија властите. Се претпоставува дека бројот...

Свет2 часа

По два месеци пауза, коронавирусот се врати во Токио

Во Токио се забележани над 100 новозаболени од коронавирус што е најголем број на нови случаи во последните два месеци....

Свет13 часа

Советот за безбедност на ОН ја усвои резолуцијата за прекин на сите конфликти поради коронавирусот

Советот за безбедност на ОН денеска едногласно ja усвои резолуцијата со која се бара прекинување на конфликтите низ целиот свет...

Македонија19 часа

Нови 120 заболени и четворица починати oд Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 954 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на...

Македонија19 часа

Ако има потреба ќе бидат воведени рестриктивни мерки, велат Спасовски и Филипче

Ако има потреба ќе бидат препорачани и воведени рестриктивни мерки. Вака техничкиот премиер Оливер Спасовски и министерот за здравство, Венко...

Македонија19 часа

Oколу 900 патници поминале низ двата аеродрома кои денеска беа отворени

Околу 900 патници денеска поминале низ скопскиот и охридскиот аеродром, на првиот ден од нивното отворање, по неколкумесечниот застој поради состојбата...

Македонија20 часа

Независна пратеничка група: Мицкоски кочел закони за да штити криминал поради личен интерес

Мицкоски нé лажеше дека се грижи што ќе се уништи партијата, а имал гајле само за некого, свој личен интерес...

Македонија20 часа

Филипче: Воведовме 7 нови лекови за лицата со ретки болести и во услови на Ковид-19

Министерот за здравство, Венко Филипче, се сретна со претставници на Здруженијата на лица со ретки болести во нашата земја, при...

Регион22 часа

Граничниот премин Евзони повторно затворен

Граничниот премин Евзони требаше да биде отворен од денес, но сепак, во краток временски период овој граничен премин беше затворен,...

Македонија22 часа

Кривична пријава и државен карантин за синот на починатата кој учествуваше во инцидентот пред „8 Септември“

Обид насилно да се изнесе тело на почината од коронавирус е причината за инцидентот што вчера се случи во болницата...

Економија22 часа

Игротеките бараат поддршка и протоколи за почеток со работа

Три конкретни мерки за што поскоро отворање и почеток со работа предложи Групацијата на забавни, рекреативни и едукативни дејности и...

Македонија24 часа

Ременски бара обвинителката Русковска да биде изземена од судењето за „Меѓународен сојуз“

Фросина Ременски, третообвинета во случајот „Меѓународен сојуз“, заедно со Бојан Јовановски-Боки 13, бара да се изземе обвинителката Вилма Русковска од...

Македонија1 ден

Лицата со Ковид-19, во самоизолација и хронично болните можат да се пријавуваат за гласање за изборите

Почнува пријавувањето до општинските изборни комисии на лицата со Ковид-19 и во самоизолација, на болните, немоќните и хронично болните за...

Досие