Контакт

Забава

Ика шест години во правилни интервали

Објавено пред

Британката Аманда Вестон (41) веќе шест години ика во правилни интервали

Британката Аманда Вестон (41) веќе шест години ика во правилни интервали. Таа нападите ги добива шест пати дневно и сите траат по дваесетина минути, а многу се болни.

Првиот секогаш почнува околу седум часот наутро. Следниот се случува околу пладне и така на секои два часа.

“Повеќе не се ни сеќавам како се почна. На почетокот икав неколку пати неделно, а тогаш почна да се влошува“, вели Аманда.

Таа отишла на лекар, кој и кажал дека не може да и помогне ако не ика без прекин.

“Ми кажа дека мојот случај е исклучително редок и додека не икам во сон, морам тоа да го трпам“, додава очајно Аманда.

Несреќната жена се обратила на новинарите во надеж дека некој, кој ќе го прочита тоа би можел да и помогне.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Шпанските острови ја ограничуваат продажбата на алкохол

Објавено пред

Балеарските Острови во Шпанија забранија среќни часови и понуди на неограничени пијалаци во некои од најпопуларните туристички места, во обид да се стави крај на т.н. „пијан туризам“.

Владата на островите – во кои спаѓаат Ибица и Мајорка – во петокот објави дека ги спроведува забраните за пет години во Аренал, Сант Антони де Портмани и Магалуф.

„Ние ги запираме ‘среќните часови’ и алкохолoт без ограничувања во областите кои се најпогодени од (нецивилизирано) однесување“, се вели во извештајот, тврдејќи дека ова е првата европска туристичка дестинација што го сторила тоа.

Покрај тоа, како што се намалуваат понудите што ги охрабруваат туристите да консумираат огромно количество алкохол, владата исто така забранува таканаречени „забави на брод“, како и „скокање помеѓу балкони“ во хотелите.

 

Баровите и пабовите кои нема да успеат да ги исполнат наведените услови се соочуваат со казни до 60.000 евра и затворање за најмногу три години. Во меѓувреме, на продавниците повеќе нема да им биде дозволено да продаваат алкохол по 21:30 часот навечер.

Балеарските Острови се меѓу најпопуларните туристички дестинации во Шпанија, со 13,8 милиони посетители во 2018 година, од околу 9 милиони во 2009 година. Многумина се млади луѓе од други европски нации кои се собираат на забави на острови како Ибица и Мајорка.

Прикажи повеќе...

Наука

Европа ја лансираше „Ариана Пет“ во вселената

Објавено пред

Европската вселенска агенција од Куру, Француска Гвајана, во четвртокот ја лансираше ракетата „Ариана Пет“ во вселената. Ова е прво лансирање во вселената за 2020 година, а со „Ариана Пет“ се пренесуваат два телекомуникациски сателити, Конект и ГСАТ-30, во нивните планирани трансфер орбити.

Платформата „Спејсбас Нео“ е резултат на европска соработка со учество и придонес од 17 земји членки на Европската вселенска агенција, со повеќе од 90% од платформата составена во Европа. Досега единаесет сателити на „Неосат“ се веќе продадени, од кои седум се „Спејсбас Нео“. Проектот за партнерство ЕСА создаде исклучителен поврат на инвестициите во државите учеснички на програмата и нивните индустрии.

Сателитот „Конект“ изграден е од „Талес Аленија апејс“ за „Еутелсат“, неговиот комерцијален оператор и е првиот сателит од новата производна линија „Спејсбас Нео“, развиен во рамките на проект управуван од страна на  француската вселенска агенција и ЕСА. Сателитите се дизајнирани да траат до 15 години.

Летот ВА251 беше 107-та мисија на „Ариана Пет“.

„Трката околу вселената“ меѓу САД и Европа продолжува и понатаму. Имено, на 25 јули 2018 година беа лансирани последните четири сателити на системот „Галилео“. Овој проект е од исклучително значење бидејќи има поголема точност од сегашната верзија на американскиот ГПС-систем.

Прикажи повеќе...

Екологија

Грета Тунберг се приклучи на маршот за климатски промени во Швајцарија

Објавено пред

Активистката за климатски промени Грета Тунберг присуствува на маршот за климатски промени во Лозана, Швајцарија.

Стотици лица излегоа на протестот, што се организира пред одржувањето на Светскиот економски форум во Давос наредната недела.

Тунберг  ја стекна својата популарност како основач на движењето „Петоци за иднината“ и го пропатува светот во последните 12 месеци, приклучувајќи се на многу маршови за климатски промени.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ60 минути

Скопјанец чувал марихуана во куќата на својот дедо

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против жител на Скопје за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни...

Македонија3 часа

(Видео) Петровска: Погубно за Министерството и граѓаните ќе биде МВР да се претвори во партија

Впечатокот дека се случува хаос во Министерството за внатрешни работи е резултат на избрзаните телеграми од министерот Чулев, вели неговата...

Економија3 часа

(Видео) Манчевски: Вработени го напуштаат државниот сектор поради повисоките плати кај приватниците

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, ја уверува јавноста дека не сака некои луѓе да останат без работа...

Интервју/Дебата4 часа

(Видео) Шкријељ: Мизрахи нека не се изненадува, претходно дури имаше случаи на врзување на штитеници во Демир Капија

Дополнителната заменик-министерка Санела Шкријељ во интервју за „Макфакс“ изјави дека корисниците во домот во Деемир Капија до пред три години...

Македонија7 часа

Вооружен грабеж во НЛБ Банка во Ѓорче Петров

Утринава во експозитурата Ѓорче Петров на НЛБ Банка се случи вооружен грабеж. Од банката велат дека вработените и сите клиенти...

Регион7 часа

Грција идната недела ќе добие нов претседател

Грчката влада достави предлог до парламентот за избор на нов претседател на републиката, што ќе се одржи на 22 јануари,...

Топ8 часа

Две деца повредени кога „бе-ем-ве“ излетало на патот Велес – Извор

Вчера во 16:00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Велес – Извор, по крстосницата за селото Г.Оризари, патничко возило...

Свет8 часа

(Видео) Кралот на кокаинот доби пиво со неговиот лик и име

Мексиканскиот наркобос Хоакин „Ел Чапо“ Гузман издржува доживотна казна затвор, а неговата ќерка Алехандрина се труди да ја одржи неговата...

Македонија9 часа

Меркел: Северна Македонија и Албанија заслужуваат да ги почнат преговорите со ЕУ

„Северна Македонија и Албанија заслужуваат да ги почнат преговорите со ЕУ, но на тој пат двете земји можат да се...

Македонија9 часа

Усвоени измените во законот за извршување, социјално загрозените нема да плаќаат

Законодавниот дом ги изгласа најновите измени и дополнувања на Законот за извршување кои ги подготви Министерството за правда. Ова е...

Свет10 часа

Премиерот на Украина поднесе оставка

Премиерот на Украина, Олексиј Хончарук, денеска поднесе оставка, јавува „Ројтерс“. Од кабинетот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, соопштуваат дека...

Регион10 часа

Лајчак: Следните месеци клучни за односите помеѓу ЕУ и Западен Балкан

Шефот на словачката дипломатија Мирослав Лајчак изјави дека следните месеци ќе бидат клучни за односите помеѓу Европска Унија и земјите...

Свет10 часа

Земјотрес со јачина од 5,6 степени го погоди Мексико

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во јужниот дел на Мексико, кој според медиумите...

Свет11 час

Oслободени новинарите на „Анадолија“ коишто беа уапсени во Каиро

Новинарите на турската државна новинска агенција „Анадолија“, кои во средата беа уапсени во Каиро, се ослободени откако платија кауција од...

Регион11 час

(Видео) Масовни протести – Црна Гора ги брани верските објекти

Илјадници верници на Српската православна црква и граѓани протестираа против Законот за верската слобода. Црногорскиот митрополит Амфилохие, кој ја предводеше...

Свет1 ден

Трамп го прекршил законот кога ја спречил воената помош за Украина

Белата куќа го прекршила американскиот закон кога ја прекинала воената помош наменета за Украина, одлучи независното тело кое ја надгледува...

Македонија1 ден

Докторката на Трајковски ќе сведочи во „ТНТ“ за неговата дијагноза

Судот одлучил на следното рочиште за „ТНТ“ да ја повика докторката која на обвинетиот ексградоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски,...

Европа1 ден

Русија доби нов премиер

Државната Дума ја потврди кандидатурата на поранешниот шеф на Федералната даночна служба, Михаил Мишустин, за нов премиер на Русија. Мишустин...

Топ1 ден

Опожарени возилата на Сузана Турунџиева и на Ребека

Автомобилот на пејачката и водителка Сузана Турунџиева бил опожарен изутринава околу 3 часот. Огнот го зафатил и возилото на пејачката...

Македонија1 ден

Шкријељ: Нема да дозволиме граѓаните поради предизборни препукувања да останат без нивните права

Дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ денеска на прес-конференција во Владата повика на конструктивност и соработка со...

Досие