Контакт

Забава

За ова мора да бидете луд!

Објавено пред

Во финското село Хеинолу на 11. натпревар во издржливост во сауна се собрале 140 мажи и жени од 20 земји, пренесува Макфакс

Во финското село Хеинолу на 11. натпревар во издржливост во сауна се собрале 140 мажи и жени од 20 земји, пренесува Макфакс. И оваа година победил Финецот Тимо Кауконен од Лахти, кој во една од најтоплите сауни, на 110 Целзиусови степени поминал три минути и 46 секунди. Првпат од ова натпреварување златна медала доби Русинката Татјана Архипенко, која ја победи трократната рекордерка Леила Кулин за само три секунди. Во сауната издржала три минути и девет секунди. /крај/мо/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Деми Мур ќе настапи во поткаст-серија

Објавено пред

Деми Мур глуми и е извршен продуцент на сценариото за поткаст-серијата со наслов Dirty Diana.

Новата аудиодрама се фокусира на пар што се обидува повторно да се поврзе среде неуспешен брак. Мажот и жената се соочуваат со брак што умира додека губат контакт со својата интимност.

Деми настапува заедно со Клас Банг како двајца партнери што се обидуваат да работат на својот брак и интимност, како што може да се чуе во првиот трејлер што се појави преку People.

Dirty Diana, фиктивна серија од шест дела, почнува в понеделник, 13 јули, преку поткаст.

Прикажи повеќе...

Забава

Џена Деван изгледа совршено четири месеци по породувањето

Објавено пред

Таа го роди својот син Калум во март.

А неделава, неполни четири месеци по породувањето, Џена Деван сподели „Инста-приказна“, на која го покажа своето нокаут-тело во едноделен црн костим за капење.

Во објавата таа им се заблагодарува на ќерката на Дејвид Фостер, Сара, и брендот Summersalt, за нејзиниот нов омилен костим за капење, кој ќе го носи постојано дома.

39-годишната професионална танчарка предизвика бура на социјалните мрежи со својата совршена фигура, со крената рака за да го почувствува сонцето.

Поранешна сопруга на актерот Ченинг Тејтум го роди своето второ дете, синот Калум Мајкл Ребел Кази, во март.

 

Своето второ дете го доби со свршениокот Стив Кази, кој неодамна ја побара за жена, а од бракот со Тејтум ја има шестгодишната ќерка Еверли.

Прикажи повеќе...

Забава

Џони Деп ја нападнал сопругата во авион, тврди адвокатот на „Сан“

Објавено пред

Холивудската ѕвезда Џони Деп ја удрил поранешната сопруга Амбер Херд на приватен лет во пијана состојба затоа што верувал дека има афера со актерот Џејмс Франко, според тврдењето на тимот адвокати на британски „Сан“.

Деп во судскиот процес за клевета против британскиот таблоид „Сан“, кој тој го поведе поради статија во која весникот го опишува како тепач на жени, негира дека ја нападнал Херд обвинувајќи ја неа дека таа е агресорот и дека тој само се обидувал да ја смири.

Во текот на првите два дена од она што се очекува да биде тринеделен процес во лондонскиот Висок суд, тимот што го застапува таблоидот тврдеше дека Деп пиел и се дрогирал. Адвокатите исто така говореа и за неговиот однос со Херд, со коа се ожени во 2015 година. Таа поднесе барање за развод 15 месеци подоцна.

Во средата главниот протагонист во „Пиратите од Карибите“ беше обвинет за напад врз сопругата при лет од Бостон за Лос Анџелес по наводна караница за Џејмс Франко, кој глумеше со неа во филмот „Дневниците на Адерал“.

За време на летот, „Деп ја навредувал Херд со погрдни зборови, рекол дека сака секс помеѓу снимање кадри и ја нарекол курва“, рече Саша Вас, адвокат на „Сан“.

„Во слеп бес тој ја удрил по грбот додека се обидувала да се оддалечи од него и ѝ удрил шлаканица по лицето“, рече Вас.

Деп ги негира обвинувањата.

„Јас не сум насилна личност, особено со жени“, изјави тој во судницата во средата.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион1 час

Без гушкање и бакнување, дозволен само бакнеж на младенците: Хрватска воведува нови правила за свадби

Директорот на хрватскиот Институт за јавно здравје, Крунослав Чапак, истакна дека свадбите нема да бидат забранети и откри кои ќе...

Свет2 часа

(Видео) „Победата дојде“ – во болницата во Бергамо нема пациенти со Ковид-19 во одделот за интензивна нега

Во болницата „Папата Јован“ во Бергамо, Италија, нема повеќе пациенти со коронавирус на одделот за интензивна нега, и тоа 137...

Регион2 часа

(Видео) Полицијата нападнала две новинарки на протестот во Белград

Две новинарки на порталот „Нова.рс“ вчера биле нападнати од страна на полицијата на протестот во Белград. Порталот објави дека новинарката...

Топ3 часа

Комбе со 50 мигранти се превртело на патот Валандово – Струмица, возачот побегнал

Во вечерните часови на 8 јули на регионалниот пат Валандово – Струмица, пред крстосницата за село Раборци, се превртело комбе...

Македонија3 часа

Глоба за угостителски објект, на иста маса седеле четири лица што не биле од исто семејство

Обвинителството предложи глоби за угостителски објект во Скопје и за управителот на правното лице поради непочитување на мерките за заштита...

Регион4 часа

Брнабиќ: Ова се најнасилни протести досега

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, рече дека протестите од изминатите два дена во Белград се најнасилните протести досега, но рече...

Македонија5 часа

Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ може да влезат во земјата само со негативен тест

Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ од денеска може да влезат во земјата само со негативен тест за...

Регион5 часа

Повредени 19 полицајци и 17 демонстранти на протестот во Белград

За време на синоќешните протести и немири пред Собранието на Србија во Белград  повредени се 19 полицајци и 17 демонстранти....

Македонија5 часа

(Аудио) Објавен разговорот меѓу Заев и лажната Грета Тунберг

Руските пранкери Владимир Кузнетсков и Алексеј Столиров го објавија разговорот со поранешниот премиер Зоран Заев, кој мислел дека разговара со...

Регион15 часа

Вулин: Ова е обид за државен удар, се радуваат сите непријатели на Србија

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин вечерва во изјава за ТВ „Пинк“ рече дека она што се случува втора вечер...

Регион16 часа

(Видео) Српската полиција со жестока реакција ги растера демонстрантите од пред Собранието

Група луѓе предводени од Сојузот за Србија се собра попладнево пред српското собраните. Полицијата направи кордони пред влезот во зградата....

Регион17 часа

(Видео) Белград под опсада: Полицијата фрли солзавец, демонстрантите гаѓаат со факли

На протестите во Белград избија и првите инциденти пред Собранието. Се слушнаа неколку детонации, а полицијата фрла солзавец. Демонстрантите извикуваат...

Свет20 часа

Бројот на заболени од коронавирус низ целиот свет надмина 12 милиони

Низ целиот свет oд новиот коронавирус досега се заразиле над 12 милиони луѓе, односно 12.002.132, според најновите податоци објавени на...

Регион22 часа

Вучиќ: Имаме сознанија за вмешаност на странски служби во вчерашниот протест

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги осуди синоќешните протести организирани пред националното собрание, оценувајќи ги како акт на политичко насилство....

Македонија22 часа

За гласање на изборите се пријавиле 137 заболени од коронавирус

Вкупно 137 лица позитивни на коронавирус се пријавиле за гласање на предвремените парламентарни избори, а Државната изборна комисија добила пријави...

Македонија23 часа

163 новозаболени од Ковид-19 во земјата, починаа осум лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.794 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на...

Македонија1 ден

Владата итно ќе одлучува за ПЦР-тестот за патници од регионот

Премиерот Оливер Спасовски информира дека Комисијата за заразни болести ѝ препорачала на Владата од утре при влез во нашата земја...

Регион1 ден

Белград по синоќешниот хаос – запалени автомобили, смет, скршени стакла

Заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, објави на „Фејсбук“ фотографии од хаосот што остана на улиците на Белград по синоќешните немири....

Регион1 ден

(Видео) Демонстрант во Белград: Тато, ова е за тебе затоа што почина бидејќи немаше респиратор

Новинарка на телевизијата „Н1“ пред српскиот парламент ја сними шокантната исповед на Петар Ѓуриќ, син на познатиот уметник Љубиша Ѓуриќ,...

Регион1 ден

(Видео) Полицијата со палка тепа момчиња што мирно седат на клупа во Белград

Полицијата во Белград, по неколкучасовни масовни протести, почна да ги тепа луѓето, дури и оние што седат мирно. Како што...

Досие