Контакт

Забава

Ајфон за 10 секунди открива зошто плаче бебето

Објавено пред

Проблемите на младите родители кои збунето се обидуваат да откријат што му е нивното бебе се минато, барем за сите корисници на новата апликација на Ајфон. Имено, шпанската компанија Билоп Технолоџик развила систем “Преведувач на плач“

dobivaj vesti na viber

Проблемите на младите родители кои збунето се обидуваат да откријат што му е нивното бебе се минато, барем за сите корисници на новата апликација на Ајфон. Имено, шпанската компанија Билоп Технолоџик развила систем “Преведувач на плач“, што се базира на испитувањето на детските реакции на глад, умор, раздразнетост, стрес или досада. Креаторите Педро Барера и Луис Мека тврдат дека “тие пет видови на плачење се заеднички на сите бебиња без разлика н културата или јазикот. Родителите едноставно треба да го стават Ајфонот на триесетина сантиметри од бебето и да го притиснат копчето “Старт“. Плачењето се анализира и идентификува во рок од само десет секунди со точност од 96 проценти. Потоа Ајфон дава инструкции што треба да се преземе. Апликацијата сепак има еден недостаток – не може да препознае кога бебето е болно. Оваа апликација моментално е достапна во САД; Велика Британија и Шпанија а цената е 9,99 долари. Тестирана била на 104 деца.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Џенифер Лопез за првпат во сосема „обично“ издание

Објавено пред

Џенифер Лопез (54) носи беспрекорни фустани на јавната сцена и ја нарекуваат кралица на стилот, а често ги раздвижува модните трендови, па дури и знае совршено да носи необични комбинации.

dobivaj vesti na viber

Нејзиниот фантастичен изглед во шестата деценија се должи на нејзината посветеност на спортот и здравиот начин на живот. Познато е дека латино дивата секој ден оди во теретана и дека цел живот напорно тренира, како и дека папараците будно ја следат, па често ја фаќаат во тренерки и патики кога оди на тренинг.

Меѓутоа, додека ја напуштала луксузната зграда во Њујорк, таа изгледала речиси непрепознатливо, без шминка и со мокра коса. Се качила во луксузен автомобил, а се претпоставува дека одела на адресата каде што ја чекале нејзиниот долгогодишен тим експерти – шминкери, фризери и стилисти , за да може да блесне во изданието на кое сме навикнати од оваа голема ѕвезда.

Прикажи повеќе...

Забава

Ќерката на познатата актерка блесна во фустанот што го носеше нејзината мајка пред 25 години

Објавено пред

Наследничката на славната двојка го прослави својот роденден во она во што порано блескаше нејзината мајка Кетрин Зета Џонс.

dobivaj vesti na viber

Ќерката на познатата актерска двојка Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас пред неколку дена го прослави својот 21 роденден, а за таа прилика облече прекрасен фустан кој нејзината мајка го носеше дури пред 25 години.

Дека јаболкото не паѓа далеку од дрвото и дека некои парчиња облека се вечни, без разлика на модните трендови, покажала младата и убава Керис Зита Даглас, која не била ни родена кога нејзината мајка ја носела оваа креација од свила и тантела.

Прикажи повеќе...

Забава

Хороскопски знаци кои носат проблеми: ако им е досадно, подобро држете се настрана од нив

Објавено пред

Хороскопските знаци кои носат проблеми го прават тоа едноставно за забава. Иако понекогаш може да биде смешно, тие често знаат да ги комплицираат ситуациите, но секако, за другите.

dobivaj vesti na viber

Едноставно, постојат хороскопски знаци кои уживаат во правењето неред и хаос, или затоа што им е здодевно и сакаат да се забавуваат или затоа што не можат да се воздржат и кога ќе добијат шанса ќе направат се за да создадат хаос кој често (само) за нив е многу забавно.

Хороскопски знаци кои носат проблеми

Водолија
Ако на овој знак му е здодевно, сè ќе претвори во хаос само поради возбудата. Ова е личност која може да учествува во нешто или едноставно да ужива во моментот да гледа како сето тоа се распаѓа. Тие едноставно се возбудени од екстремно необични ситуации. Ќе викнат „оган“ во толпа само за да видат колку сите ќе бидат вознемирени. Тогаш ќе тврдат дека им е природно право да имаат слобода на говор.

Шкорпија
Претставниците на овој знак сакаат да предизвикуваат хаос и неволји. И не само што го сака хаосот, тој сака и вие да го знаете тоа. Тоа е нешто што треба да го очекувате од него. Тие се многу интелигентни и полни со љубов, но во исто време се и најголемите манипулатори на светот. А сето тоа можат да го постигнат со лаги, заведување, ветувања за богатство и многу повеќе. Ова е особено изразено кога се во прашање романтичните врски.

Лав
Лавовите се вжештени и прават што сакаат, кога сакаат, без разлика на последиците. Ова значи проблеми во пракса. Тие се главоглави и егоисти и само сакаат да ги прават работите на свој начин. Во светот на фантазијата ова би било добро, но во реалниот живот не секој може да го добие она што го сака. Сепак, хаосот што Лавовите го создаваат предизвикува конфузија, повредени чувства, несигурност и цел куп други работи. Тие ќе направат хаос кај сите за да предизвикаат силни емоции.

Близнаци
Близнаците сакаат да прават работи само за да видат што се случува. Не ги интересира како понатаму ќе се развива ситуацијата. Она што ги возбудува е колку во тој момент може да се предизвика метеж и лудило. Хаосот прави претставниците на овој знак да се чувствуваат живи. Близнаците не ги интересира што ќе ги стават своите односи на тест за неколку секунди и ќе предизвикаат хаос. Тие немаат поим што прават, но навистина не им е грижа и често го нарекуваат ова чувство живеење во моментот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање, 24 април и 8 мај, како и од...

Македонија2 часа

Со супервештачење ќе се бара вина кај лекарите за родилката од Дебар, која, по породувањето, се врати дома без јајчник, матка и бубрег

Судот нареди да се направи супервештачење за родилката од Дебар, Јалдз Веапоска, на која по породување во струшката болница ѝ...

Македонија4 часа

ССМ повика на првомајски протест: Бараме враќање на трошоците за храна и превоз и минимална плата од 450 евра во првите 100 дена од новата влада

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) повика на првомајски протест за враќање на трошоците за храна и превоз и зголемување...

Македонија6 часа

Инспекторатот ќе контролира дали работодавците ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Државниот пазарен инспекторат им укажува на сите работодавци дека во согласност со заклучокот на техничката Влада деновите на изборите –...

Македонија7 часа

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Пред утрешното гласање на првиот круг од претседателските избори, Државната изборна комисија (ДИК) на својата официјална веб-страница објави повеќејазично упатство...

Македонија8 часа

Беќаровски навести дека си оди од Токсикологија: Дон Кихот, конечно, го напушта оклопот

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за токсикологија. Во статус на социјалните мрежи Беќаровски порача дека...

Свет9 часа

Русија со предупредување до Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

Сојузникот на претседателот Владимир Путин во вторникот ја предупреди Европа дека Русија веќе го напишала законот за да се одмазди...

Македонија9 часа

Странски новинари, преведувачи: вкупно 942 набљудувачи ќе ги следат претседателските избори

Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на претседателските избори на 24 април. Како што е...

Свет9 часа

Иранскиот министер за надворешни работи: Санкциите на ЕУ против Иран се за жалење

Санкциите на Европската Унија, за кои минатата недела беше постигнат начелен договор што треба да му бидат наметнати на Техеран...

Македонија9 часа

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласа дијаспората, болните и затворениците

Почна предизборниот молк пред утрешните претседателски избори. Молкот завршува на 24 април во 19 часот кога се затвораат избирачките места....

Свет10 часа

Украинските власти: Седум лица повредени во напад со руски дрон во Одеса

Седум лица се повредени, меѓу кои две деца, во напад на руски дрон врз украинското пристаниште Одеса, соопштија украинските власти....

Македонија23 часа

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: „ Над 70 отсто од студентите по медицина активно учат германски“

Со куфери приватните специјализанти протестираа и денес пред Министерството за здравство. Претседателката на Здружението на лекари специјализанти, доктор Александра Георгиева,...

Македонија1 ден

Лекарите од токсикологија: Стигнавме до 8 админитративци и 3 секретари, а не сакаат да вработат биолози и болничар

Нико Беќаровски заедно со уште пет докторки од Стручниот колегиум на Клиниката за токсикологија јавно ја прозваа економската директорка на...

Македонија1 ден

Демири нема забелешки за работата на директорката на Токсикологија, Иљази, ќе го разреши медицинскиот директор Петровски

Министерот за здравство Илир Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, но не и за економската директорка....

Македонија1 ден

Лични документи може да се подигнат и в среда

Во пресрет на претстојните претседателски избори, што ќе се одржат в среда на 24 април 2024 година, Министерството за внатрешни...

Македонија1 ден

Шаќири подготвен да го повлече дописот за одработување на деновите за изборите во училиштата ако се најде друго решение

Министерот за образование, Јетон Шаќири, е подготвен да го повлече дописот што минатата недела го испрати до основните училишта за...

Економија1 ден

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Македонија1 ден

Вечерва ќе сопрат кампањите за избор на претседател, молкот почнува на полноќ

Со денешниот ден завршува изборната кампања за првиот круг од претседателските избори 2024 година, односно од полноќ почнува изборниот молк...

Македонија1 ден

„Ахмети, кревај рачна кочница на време, Мицкоски не е сам“, му порача Ангелов на лидерот на ДУИ

Директорот на Центарот за управување со кризи, лидер на Достоинство и дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанче Ангелов денеска преку...

Македонија1 ден

Европскиот фронт: Мицкоски на тешкo дереџе, спасот го бара кај Левицата

„Мицкоски и ВМРО никако да да ја сокријат нервозата и паниката од ДУИ и од Европскиот фронт. На кое дереџе...