Забава
Обама на врвот на Форбсовото скалило на најмоќни луѓе на светот
Американскиот претседател Барак Обама може на својата листа награди и признанија да додаде уште една, откако магазинот Форбс го смести на врвот на скалилото на најмоќните луѓе на светот. Обама, чија популарност во земјата и во странство, ја подобри сликата за САД, ја
Американскиот претседател Барак Обама може на својата листа награди и признанија да додаде уште една, откако магазинот Форбс го смести на врвот на скалилото на најмоќните луѓе на светот. Обама, чија популарност во земјата и во странство, ја подобри сликата за САД, ја предводи листата на која, меѓу останатите, се наоѓаат државници, верски поглавари, богати претприемачи, уметници, но и криминалци. Форбс листата ја ограничил на 67 луѓе. “Целта на списокот е да се покаже нечија моќ, без глорификација, и колку е лесно тешко стекнатата моќ многу лесно да се изгуби“, велат од Форбс. Челници на држави и компании доминираат на првите 10 позиции од листата, што е составена според бројот на луѓето на кои моќните можат да влијаат, нивната способност да влијаат на подрачјето од животот надвор од нивната основна дејност, контролата на финансиските извори и начинот на кој управуваат со својата моќ.На второ место се најде кинескиот претседател Ху Џинтао, веднаш по него следи Владимир Путин, директорот на американските федерални резерви Бен Бернанке е на четвртото место, а основачите на Гугл, Сергеј Брин и Лери Пејџ ги заклучуваат првите пет. Бил Гејтс е десетти, едно место пред папата Бенедикт XVI. Италијанскиот премиер Силвио Берлускони е 12, германската канцеларка Ангела Меркел 15-та, севернокорејскиот диктатор Ким Јонг е 24, најопасниот светски терорист Осама бин Ладен е на 37, а Опра Винфри на 45-тото место. Листата на 67-то место ја затвора Хуго Чавез. Многу контроверзи предизвика рангирањето на мексиканскиот нарко бос Хоакин „Ел Чапо“ Гузман на 41-во место на листата на Форбс. Магазинот напишал дека тој се занимава со трговија со дроги. Гузман, кој има своја легија „платени убијци“ е еден од најбараните бегалци во Мексико за чие апсење е распишана награда од 2,3 милиони долари.Форбс веќе го стави Гузман на листата милијардери, проценувајќи го неговото богатство на милијарда долари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Бијонсе ја покажа природната коса: Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса
Најголемата музичка ѕвезда на денешницата, Бијонсе, за прв пат во кариерата ја покажа целосно природната коса, се со цел да ја промовира својата нова линија на производи за коса која ја нарече „Cécred“.
Бијонсе често носи перики и навистина ретко ја покажува својата природна коса, но во видеото кое го објави на Инстаграм го покажа целиот процес од фризерскиот салон.
„Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса“, изјави поп дивата и објасни дека косата ја суши на средна температура и се труди што повеќе да ја спаси од топол воздух. Таа користи четка од стар стил за да ја исправи косата, ја фарба и не користи третмани како минивал и слично.
„Ја чувам мојата природна коса русокоса веќе 25 години и тоа одигра голема улога во идејата за лансирање на овие производи“, објасни Бијонсе.
Нејзиното видео за 24 часа е прегледано два милиони пати.
Забава
Џенифер Лопез за првпат во сосема „обично“ издание
Џенифер Лопез (54) носи беспрекорни фустани на јавната сцена и ја нарекуваат кралица на стилот, а често ги раздвижува модните трендови, па дури и знае совршено да носи необични комбинации.
Нејзиниот фантастичен изглед во шестата деценија се должи на нејзината посветеност на спортот и здравиот начин на живот. Познато е дека латино дивата секој ден оди во теретана и дека цел живот напорно тренира, како и дека папараците будно ја следат, па често ја фаќаат во тренерки и патики кога оди на тренинг.
Меѓутоа, додека ја напуштала луксузната зграда во Њујорк, таа изгледала речиси непрепознатливо, без шминка и со мокра коса. Се качила во луксузен автомобил, а се претпоставува дека одела на адресата каде што ја чекале нејзиниот долгогодишен тим експерти – шминкери, фризери и стилисти , за да може да блесне во изданието на кое сме навикнати од оваа голема ѕвезда.
Забава
Ќерката на познатата актерка блесна во фустанот што го носеше нејзината мајка пред 25 години
Наследничката на славната двојка го прослави својот роденден во она во што порано блескаше нејзината мајка Кетрин Зета Џонс.
Ќерката на познатата актерска двојка Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас пред неколку дена го прослави својот 21 роденден, а за таа прилика облече прекрасен фустан кој нејзината мајка го носеше дури пред 25 години.
Дека јаболкото не паѓа далеку од дрвото и дека некои парчиња облека се вечни, без разлика на модните трендови, покажала младата и убава Керис Зита Даглас, која не била ни родена кога нејзината мајка ја носела оваа креација од свила и тантела.