Забава
Уште една жртва на новиот грип
Жена на возраст од 69 години починала во изминатото деноноќие на клиниката за инфективни болести во Скопје, од компликации предизвикани од вирусот на грипот А (Х1Н1), со што бројот на жртвите од новиот грип во Македонија се искачи на 15
Жена на возраст од 69 години починала во изминатото деноноќие на клиниката за инфективни болести во Скопје, од компликации предизвикани од вирусот на грипот А (Х1Н1), со што бројот на жртвите од новиот грип во Македонија се искачи на 15.
Пациентката, како што соопшти министерството за здравство била примена на клиниката пред три дена, а претходно боледувала од кардиомиопатија и дијабетес.
Во изминатите 24 часа на Клиниката за инфективни болести се хоспитализирани пет нови пациенти со симптоми на грип и таму во моментот се лекуваат 70 пациенти. Здравствената состојба на сите новопримени пациенти е стабилна, освен кај еден пациент, кој е примен со потешка клиничка слика.
На инфективното одделение во Воената болница се хоспитализирани само еден нов пациенти и таму вкупно се хоспитализирани 20 лица со симптоми на грип.
На Клиниката за детски болести во Скопје во изминатото деноноќие се хоспитализирани шест нови пациенти и таму во моментов болнички се лекуваат 50 деца на возраст од шест месеци до пет години. Сите новопримени пациенти се во стабилна здравствена состојба, освен едно дете кое е со потешка клиничка слика.
На Институтот за белодробни заболувања кај децата-Козле, во изминатото деноноќие е хоспитализирано едно дете со полесна форма на пневмонија и таму во моментот се лекуваат 37 деца.
Од Градскиот завод за здравствена заштита – Скопје информираат дека со исто темпо продолжува вакцинацијата против новиот тип на грип и досега вкупно се имунизирале 4.276 лица./крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Eден од омилените сараевски бендови се враќа на сцената по петгодишна пауза
На сцената се враќа легендарниот сараевски бенд „Плави оркестар“, омилениот бенд на некои луѓе во регионот. Бендот првпат по пет години ќе настапи на 6 јули во Славонски Брод, на 3 август во Опатија, на 24 август во Сплит и на 1 септември во Врсар.
Кариерата на бендот ја одбележаа големите хитови, како што се песните „Суада“, „Каја“, „Подобро пијан отколку стар“, „Сава тихо тече“, чија популарност и присуство постои со години.
Бендот беше основан во Сараево во 1983 година како дел од движењето „Нови примитивци“, во кое беа вклучени и „Забрането пушење“, Елвис Ј. Куртовиќ и некои други музичари од Сараево. Критичарите го сметаат бендот за еден од најголемите културни феномени во осумдесеттите и деведесетите, близок и на постарите и на помладите генерации слушатели.
Издадоа 8 албуми, кои се продадени во над 5 милиони примероци, а неколкупати го обиколија светот со вкупно повеќе од 1.500 концерти.
Забава
Големото враќање на Селин Дион: „Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи“
Помина повеќе од една година откако Селин откри дека боледува од синдром на вкочанетост, ретко невролошко нарушување, кое може да предизвика грчеви во мускулите и губење на подвижноста. А сега во интервју за „Вог“, Дион, меѓу другото, проговори и за својата болест и рече дека живее ден за ден.
Како уметник што настапува пред светската публика од својата 13-та година, Дион рече дека ѝ било тешко да се помири со дијагнозата.
„Како што гледам, имам два избора, или да тренирам како спортист и да се снајдам одлично или да се исклучам и готово, да останам дома, да си ги слушам песните, да застанам пред огледало и да си пеам“, изјави пејачката.
Канадската уметница откри дека пет дена во неделата оди на атлетска, физичка и вокална терапија.
„Работам на прстите, колената, листовите, прстите, пеењето, гласот… Морам да научам да живеам со тоа сега и да престанам да се преиспитувам себеси“.
Селин за „Вог“ признала и колку ѝ било тешко кога ја добила дијагнозата.
„На почетокот се запрашав: ‘Зошто јас? Како се случи ова? Што направив? Дали е моја вина?’ ‘Животот не ти дава одговори. Тоа е сѐ што ви треба за да живеете. Ја имам оваа болест од непозната причина’“, рече таа и додаде дека „има сила во себе и знае дека ништо нема да ја спречи“.
Забава
(Видео) Џорџина и Роналдо објавија видео од плажа, им се допадна на три милиони луѓе
Џорџина Родригез на „Инстаграм“ објави романтично видео на кое ужива на плажа со својот партнер Кристијано Роналдо ставајќи крај на шпекулациите за проблеми во врската.
View this post on Instagram
„Во рајот со тебе“, напиша таа покрај видеото на кое се шетаат на плажа и се бакнуваат, а видеото им се допадна на повеќе од 3 милиони луѓе.
Роналдо на својот „Инстаграм“ сподели и фотографии од одморот, каде што покажа како се забавуваат и напиша: „Среќа“.