Контакт

Забава

Дакар 2010

Објавено пред

Релито Дакар 2010 година кое ќе започне и ќе заврши во Буенос Аирес на 1 јануари 2010 ќе трае до 16 јануари 2010 година.

dobivaj vesti na viber

Мал историјат за релито Дакар:Релито Дакар ( или оригинално наречено Париз- Дакар) е годишно рели кое почнало да се одржува во 1979 година откако возачот Тиери Сабин се изгубил со својот автомобил во пустина и всушност решил дека тоа би било добра локација за рели. Се до 2007 година релито се возело од европска на африканска почва (Париз – Дакар, или пак Париз- Кејп Таун, Барселона-Дакар, Марсеј-Шарм Ел Шеик), но од 2009 година поради безбедносни причини, релито е префрлено во Јужна Америка, каде се одржува веќе втора година по ред. Релито Дакар во 2008 година не се одржа заради терористички закани. Првите победници во класата автомобили во далечната 1979 се Французите Алан Генастие и Џосеф Тербиаут, кај моторите првиот победник бил исто така Французин Кирил Неву, а во првата година на одржување немало класа камиони. Таа била додадена следната година.  Последните победници од минатогодишното рели се: Гиниел де Вилиерс и Дирк вон Зизенвиц во класата на автомобили, Марк Кома во класата на мотори, а кај камионите победник беше Русинот Фирдаус Карбинов. Од почетокот на одржувањето на релито, до денешен ден имало 13 смртни случаи кај возачите, а забележани се и смртни случаи кај цивилното население. По втор пат релито Дакар ќе се одржи во Јужна Америка, во Аргентина и Чиле по седум етапи во секоја од двете држави. Вкупната километража која треба да ја поминат натпреварувачите изнесува 2.366 километри. Во релито Дакар 2010 ќе се натпреваруваат вкупно 372 тима, а 184 мотори на две и четири тркала, 138 автомобили и 50 камиони. Во сите 16 натпреварувачки денови, учесниците ќе имаат само еден слободен ден, на 9 јануари.  Натпреварувачите ќе поминат низ 13 градови од двете држави: Буенос Аирес, Колон, Кордоба, Ла Риоха, Фиамбала, Копиапо, Антофагаста, Икуикуе, Ла Серена, Сантијаго, Сан Хуан, Сан Рафаел, Санта Роса. Оваа година ќе се натпреваруваат девет припаднички на понежниот пол: Ени Сил од Шведска, и Кристина Мејер од Германија  во мотори на две тркала, Камелија Лупароти од Италија во мотори на 4 тркала. Марија Кристина Тоернер од Чешка, Изабел Патисиер, Стефани Френестаз, Мари Лор Фејнанд и Кристин Февре од Франција, како и Одри Русов од Русија ќе се натпреваруваат во класата автомобили.   Домаќинот Аргентина ќе биде претставувана од вкупно 59-те натпреварувачи. Боите на Чиле пак, ќе ги бранат вкупно  26-те натпреварувачи. Аргентина има речиси двојно повеќе натпреварувачи, од Чиле, но Чиле пак има натпреварувачи во сите категории, што не е случај со Аргентина која нема свои претставници во категоријата камиони. Агенцијата Макфакс ќе го покрива секој ден од релито Дакар 2010 година со информации за победниците и детали за етапите.Во прилог се детали за етапите од сите натпреварувачки денови на Дакар 2010: 1 Етапа: Буенос Аирес- Кордоба (1-2 јануари 2010)*Должина: Мотори со две и четири тркала- 652 километри, автомобили и камиони- 684 километри.2 Етапа: Кордоба- Лар Риоха (3 јануари2010)*Должина: Мотори со две и четири тркала- 626 км, автомобили и камиони-687 км.3 Етапа: Ла Риоха- Фиамбала(4 јануари2010)*Должина:  Мотори со две и четири тркала, автомобили и камиони- 441 километар.4 Етапа- Фиамбала- Копиапо (5 јануари 2010)*Должина:   Мотори со две и четири тркала,  автомобили и камиони- 629 километри.5 Етапа: Копиапо- Антофагаста (6 јануари 2010)*Должина:   Мотори со две и четири тркала,  автомобили и камиони- 670 км.6 Етапа: Антофагаста- Икуикуе (7 јануари 2010)*Должина: Мотори со две и четири тркала,  автомобили и камиони-598 км.7 Етапа: Икуикуе- Антофагаста (8 јануари 2010)*Должина:  Мотори со две и четири тркала,  автомобили и камиони-641 км.8 Етапа: Антофагаста- Копиапо (10 јануари 2010)*Должина:  Мотори со две и четири тркала,  автомобили и камиони- 568 км.9 Етапа: Копиапо- Ла Серена (11 јануари2010)*Должина:  Мотори со две и четири тркала,  автомобили и камиони-547 км.10 Етапа: Ла Серена- Сантијаго (12 јануари 2010)*Должина:  Мотори со две и четири тркала,  автомобили и камиони- 586 км.11 Етапа: Сантијаго –Сан Хуан (13 јануари 2010)*Должина:  Мотори со две и четири тркала,  автомобили и камиони- 434 км.12 Етапа: Сан Хуан- Сан Рафаел (14 јануари 2010) *Должина:  Мотори со две и четири тркала,  автомобили и камиони- 796 км.13 Етапа: Сан Фараел- Санта Роса (15 јануари 2010)*Должина:  Мотори со две и четири тркала,  автомобили и камиони-725 км.14 Етапа Санта Роса- Буенос Аирес (16 јануари 2010)*Должина:  Мотори со две и четири тркала, автомобили и камиони- 707 км./крај/дк/сл



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

(Видео) Меган Маркл бакна друг маж, реакцијата на принцот Хари стана вирална на социјалните мрежи

Објавено пред

Пред неколку дена на хуманитарното натпреварување во поло во Велингтон, Флорида, избраниците на принцот Хари забележаа две победи, што значи дека беа шампиони на овој мини турнир.

dobivaj vesti na viber

Меѓутоа, кога дојде моментот да им се честита трофејот, дојде до неочекувана, но симпатична реакција од војводата од Сасекс, кој не можеше да ја задржи својата љубомора.

Имено, Меган Маркл, сопругата на Хари, се качи на сцената за да им честита на победниците. Војвотката го бакна на двата образа соиграчот на Хари и капитен на тимот, Малколм Борвик, а реакцијата на нејзиниот сопруг на потегот стана вирална на социјалните мрежи.

@czedits__fp__ 😭😭 #princeharry#meghanmarkle#sussexroyal#sussex_family#royal#harryandmeghan#dukeharry#duchessmeghan#dukeofsussexs#duchessofsussex#fyp#meghanandharry#dukeandduchess#royalcouple#meghanmarkleandprinceharry#princehenry#meghanmarklestyle#princeharryandmeghanmarkle#princeharryedit#meghanmarkleedit#fouryou ♬ původní zvuk – •sussex family•

На снимката се гледа дека на Хари не му е сеедно, но судејќи според следните снимки, јасно е дека се шегувал.

Прикажи повеќе...

Забава

Леонардо ди Каприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Мартин Скорсезе

Објавено пред

Леонардо ди Каприо наводно добил улога на Френк Синатра во новиот филм на Мартин Скорсезе, пишува „Вараети“. Улогата на Ава Гарднер ѝ припадна на Џенифер Лоренс, со која Ди Каприо соработуваше на филмот Don’t Look Up.

dobivaj vesti na viber

Од друга страна, Ди Каприо и Скорсезе соработуваа неколкупати.

Ова дуо е еден од најплодните актерско-режисерски парови, зад нив се филмовите, како „Бандите на Њујорк“, „Авијатичарот“, „Заминат“, „Островот затворач“ и „Волкот од Волстрит“. Нивниот последен филм, Killers of the Flower Moon, беше номиниран за 10 „Оскари“.

Веста за биографскиот филм на Френк Синатра беше дочекана со ентузијазам од фановите и коментираа на социјалните мрежи дека „Ди Каприо е одличен избор за улогата на Френк Синатра“.

Прикажи повеќе...

Забава

Роберт де Ниро откри кои се неговите омилени актери на сите времиња

Објавено пред

Има малку актери што може да се споредат со Роберт де Ниро.

dobivaj vesti na viber

Добитник е на два „Оскара“ и седум номинации во актерски категории. Де Ниро е титан на холивудското платно, кој постигна некои од неговите најнезаборавни изведби во филмовите на Мартин Скорсезе, Френсис Форд Копола и Квентин Тарантино.

Де Ниро ја имаше својата прва улога во филмот на Скорсезе, Mean Streets, од 1973 година. Тој толку многу го освои славниот режисер што го нарече најголемиот актер на неговата генерација.

Кариерата на Роберт де Ниро беше обележана со улоги во мрачни трилери и гангстерски филмови за кои стана синоним за Ал Пачино, Џо Пеши и Реј Лиота.

Запрашан за неговите најрани филмски влијанија, Де Ниро откри дека црпел инспирација од британската кинематографија. Што се однесува до Америка, тој како најинтересни актери ги издвојува Џејмс Дин, Марлон Брандо, Монтгомери Клифт, Ким Стенли и Грета Гарбо.

Омилени актери на Роберт де Ниро му се: Марлон Брандо, Монтгомери Клифт, Џејмс Дин, Грета Гарбо, Алберт Фини, Ричард Харис, Ким Стенли.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија41 минута

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Ние водиме позитивна кампања, кампања на проекти, кампања на надеж, кампања која ќе ја врати довербата во институциите по шест...

Македонија1 час

(Видео) „Нема откажување од иднината“ – СДСМ и коалицијата „За европска иднина“ го означија почетокот на кампањата за парламентарните избори

Со настан во Музејот на современа уметност, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Kоалицијата за европска иднина, го означија почетокот на...

Македонија2 часа

Наместо покачена 12 отсто, вработените во културата не добија никаква плата, од утре излегуваат на протести

Доколку до крајот на денот не им биде исплатена платата за март на 3.000 вработени во културата, од утре тие...

Македонија2 часа

Сексизам, дискриминација, навреди и говор на омраза од Пендаровски и лица вклучени во неговата кампања: Силјановска-Давкова со нова претставка

Гордана Силјановска-Давкова денеска поднесе нова претставка до Државната изборна комисија, Комисијата за заштита од дискриминација, ОБСЕ – Организација за безбедност...

Македонија2 часа

ДУИ симулира седница на која Бугарите влегоа во Уставот, Села е претседател на Собранието, а Османи на државата

„Европскиот фронт“ предводен од Демократската Унија за интеграција симулираше конститутивна седница на Собранието, со тоа, сликовито прикажувајќи што би се...

Македонија5 часа

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски вчерашниот ден од изборната кампања го заокружи со граѓански митинг во Гостивар. Пред присутните Пендаровски...

Свет6 часа

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Лидерите на Европската унија вчера одлучија да ги зголемат санкциите против Техеран додека светските сили се обидуваат да спречат поширок...

Свет6 часа

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Украинскиот премиер изјави за Би-Би-Си дека ќе има трета светска војна доколку Украина ја загуби војната со Русија, апелирајќи до...

Македонија16 часа

Мицкоски: Пендаровски не ги критикува ДУИ и Ахмети, што значи дека е нивен привезок и втор кандидат за претседател

Народот знае дека гласот за Стево е глас за ДУИ, Али Ахмети и Артан Груби. Гласот за Стево е глас...

Топ22 часа

Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид. Од МВР информираа дека инцидентот...

Македонија23 часа

Арсовска: Министерката за култура успеа самата себеси да се побие и не одговори на ниедно прашање

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска успеа самата да се побие и не одговори на ниту едно прашање коешто беше поставено,...

Топ1 ден

Кривична против Курто Дудуш: за директори на градинка именувал лица што не биле вработени таму

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против 49-годишниот К. Д., градоначалник на скопска општина...

Македонија1 ден

„Два месеца нема плата за вработените, а пред избори се примаат работници“ – „Национални шуми“ на протест

Триесет подружници се собраа пред Јавното претпријатие „Национални шуми“ со цел да го изразат незадоволството оти втор месец немаат добиено...

Македонија1 ден

Со Арсовска ќе се видиме на суд да објасни како јас сум знаела, а не сум пријавила пожар во Универзалната сала, најави министерката за култура

За министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, вчерашните обвинувања од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, се лаги, скандалозни тврдења и обид...

Македонија1 ден

Грејната сезона продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како...

Македонија1 ден

Училиштата не може да објаснат како е направен изборот на фирмите за чии услуги плаќаат родителите: набавките за униформи за учениците, за фотографирање и за ужина се нетранспарентни

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето „Отсуство на процедури, транспарентност и отчетност кај набавките што се финансираат со пари...

Регион1 ден

По високите температури, Србија во снег: мештаните шокирани

Силниот дожд во утринските часови на територијата на западна Србија прерасна во лапавица и снег, а на Златибор веќе е...

Свет1 ден

ОН се обидуваат да го спречат гладот ​​во Газа: „Постојано некои нови проблеми“

Обединетите нации(ОН) се уште се борат да се обидат да го спречат гладот ​​во Појасот Газа. Иако има одредено подобрување...

Македонија1 ден

Мицкоски: 13-ти ден од кампањата, а Пендаровски не кажа ни збор за криминалите на ДУИ, за „Соравија“, за грабежот – тоа значи дека го прифаќа

Најголемата трагедија е што овие години полека, но сигурно системот е срушен. Системот кој е создаден да служи на народот,...

Свет1 ден

Израел го остава Иран во неизвесност во врска со нивниот одговор за нападот: „Нека бидат нервозни“

Ставот на израелскиот воен кабинет е дека Иран треба да продолжи да погодува каков ќе биде одговорот на Израел на...