Контакт

Забава

Едукативна сесија за превенција од рак на грлото на матката

Објавено пред

Едукативната сесија за превенција од рак на грлото на матката, која се реализира во рамките на глобалната акција “Бисер на мудроста”, ќе се одржи во среда во Скопје.

Едукативната сесија за превенција од рак на грлото на матката, која се реализира во рамките на глобалната акција “Бисер на мудроста”, ќе се одржи во среда во Скопје. Како што е најавено, сесијата е првично наменета за жени – самохрани мајки и жени-полицајци. Предвидено е кон целната група да се обратат министерот за здравство Бујар Османи, холандската амбасадорка, Симоне Филипини, референтот за култура и печат при словенечката Амбасадата Андреа Илјаж и  претставникот на американската амбасадата .Солве Рикер.Едукативниот и стручниот дел од оваа сесија ќе го реализираат Др. Горан Димитров, претседател на Здружението за ХПВ, Др. Славејко Сапунов, претседател на Здружението на гинеколози и опстетичари, Др. Емилија Трајковска, потпретседател на Здружението на приватни гинеколози и Др. Оливер Арсовски, специјалист – онколог. /крај/со/ап/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Холандското кралско семејство се врати од одмор по 24 часа

Објавено пред

Петте члена на холандската монархија беа принудени да го скратат годишниот одмор по негодувањето на јавноста дека патуваат во време на забрана за патување.

Кралското семејство се врати од одмор во Грција само 24 часа по напуштањето на Холандија.

Кралот Вилем-Александер, кралицата Максима и нивните три ќерки – принцезата Катарина-Амалија, принцезата Алесија и принцезата Аријана – се упатија на одмор во Атина изминатиов викенд, но по негодувањето од холандските медиуми, набрзина се вратија дома.

Медиумите истакнаа дека тие заминале во исто време кога во земјата беа воведени построги мерки за заштита од Ковид-19 и препораки да не се патува.

Многумина се прашуваа зошто премиерот Марк Руте не ги советувал да го одложат одморот. Пратеникот од опозициската Лабуристичка партија, Атје Кеукен, рече: „Ова не е добар пример за другуте Холанѓани“.

Прикажи повеќе...

Забава

Куќата на Хари и Меган била огласена за изнајмување, тврдат британски таблоиди

Објавено пред

Гламурозниот имот на принцот Хари и Меган бил наведен како локација за видео и фотосесии, а цената на изнајмување била 700 долари на час, пишуваат британските таблоиди.

Откако војводата и војвотката од Сасекс се населија во Калифорнија, има многу шпекулации околу деталите на нивната палата во Монтечито. Иако фановите имаа кус увид во стилскиот имот во текот на неколку видеоповици на двојката, неодамна се појави најсеопфатен изглед на нивната семејна куќа благодарение на една понуда на веб-страница за изнајмување локација за настани.

„Мејл онлајн“ објави дека имотот во Монтечито бил наведен како достапен за 700 долари на час за  видео и фотосесии на сајтот за изнајмување „Гигстер“. Се чини дека огласот е отстранет, а сега има линк на кој пишува: „Извинете, оваа локација не беше објавена“.

Понудата, наводно, била објавена пред двојката да го купи имотот од 14.7 милиони долари, но сепак весникот тврди дека сè уште била активна во петокот на 16 октомври.

Опишан како „Италијанска вила“, имотот беше достапен за изнајмување минимум 10 часа. Може да собере екипа од 15 луѓе и има приватен паркинг за 50 лица. Во понудата стоело дека на локацијата е забрането пушење, консумирање алкохол, миленичиња, готвење и снимање филмови за возрасни.

Куќата, наводно, е опремена со голема библиотека, канцеларија, спа-центар (со суви и влажни сауни), вежбалница, просторија за игри, аркада, театар, визба за вино и гаража за пет автомобили.

Се простира на 5.4 хектари земја со поглед на море, има огромни градини, тревници, рози, уметнички скроена жива ограда, чемпреси и маслинови дрвја, тениско игралиште, чајџилница, куќичка за деца и голем базен. Исто така има и дополнителна куќа за гости, со уште две спални соби и бањи.

Имотот можеби повеќе не е достапен за изнајмување, но без сомнение Хари и Меган ќе понудат уште многу ѕирнувања внатре, бидејќи тие продолжуваат да работат од дома за време на пандемијата, пишуваат таблоидите.

Прикажи повеќе...

Забава

Интересот за дигитални книги со драстичен пораст среде пандемија

Објавено пред

Карантинот и ограничувањата на движење резултираа во енормно зголемен број на нови  корисници на веб-страницата Libraries NI (Библиотеки Северна Ирска) од почетокот на март.

Веб-страницата тврди дека има драстично зголемувње на бројот на онлајн корисници среде пандемија на Ковид-19, додавајќи дека сè поголем број на луѓе се решаваат за оваа опција во услови на светска здравствена криза.

Приближно 24.000 луѓе во Северна Ирска се приклучиле на онлајн библиотеката од почетокот на пандемијата.

„Библиотеки СИ“ забележаа раст на онлајн членството за 23.569 помеѓу март и крајот на септември. Во март имало 7.590 нови членови на библиотеката – 10 пати повеќе од истиот месец во 2019 година.

Пред пандемијата, повеќето луѓе што сакаат да користат вакви услуги, тоа ќе го стореа во библиотечна зграда.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион7 часа

Рама: Мора да избегнеме затворање на земјата поради Ковид-19 по секоја цена

Во Албанија има 301 случај на новозаболени од коронавирус, а четворица пациенти починаа, соопштија здравствените власти на таа земја. Во...

Свет7 часа

Папата Франциско првпат носеше маска на молитва за мир во светот

Папата Франциско првпат носеше маска за време на вршењето на својата јавна функција кога денес присуствуваше на молитва за мир...

Македонија9 часа

Заев го прифати барањето за разрешување на Димова

Премиерот Зоран Заев ја информира Владата дека го прифатил барањето на заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и...

Македонија9 часа

Угостителските објекти ќе работат до 23 часот

Владата, на денешната 13. седница, ги разгледа и прифати препораките на Комисијата за заразни болести да се ограничи работно време...

Македонија11 час

408 нови случаи на Ковид-19 во земјата, починаа 4 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2140 тестирања, а регистрирани се 408 нови случаи на...

Македонија11 час

Филипче: Мерките за заштита од Kовид-19 мора итно да се донесат

Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека мерките за заштита од Kовид-19, кои се во Собранието, мора итно да се...

Македонија14 часа

Собранието не расправаше за новите мерки, опозицијата побара дополнително време за да ги разгледа

На барање на опозицијата, во Собранието денеска не се расправаше за измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението...

Македонија15 часа

Заев: Директорот на Македонска пошта, Ејуп Рустеми од ДУИ, ќе биде директор на ЈП „Државни патишта“

Актуелниот директор на Македонска пошта, Ејуп Рустеми од ДУИ, ќе биде назначен за директор на ЈП„Државни патишта“, потврди денеска премиерот...

Македонија16 часа

За една недела 49 лица починале од коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 12 до...

Европа16 часа

Ломбардија воведува полициски час од 22 октомври

Од 22 октомври ќе се воведе полициски час во северната италијанска покраина Ломбардија, која се смета за „локомотива“ на италијанската...

Македонија17 часа

(Видео) Заев: Оваа Влада ќе го негува и унапредува македонскиот јазик

Сè дури постои македонскиот јазик ќе постојат и Македонците, сè додека постојат Македонците ќе постои и македонскиот јазик, изјави премиерот...

Македонија17 часа

МОН објави упатство: Наставниците да го прилагодат оценувањето согласно учењето на далечина

Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образование ги известија училиштата за начинот на следење и оценување...

Европа18 часа

Курц: До следното лето ќе се вратиме во нормала

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, верува дека вакцината против коронавирус ќе биде достапна во првата половина на следната година. „До следното...

Македонија19 часа

Весковски: Водоснабдувањето во Скопје нормализирано, ваков дефект се јавува еднаш на 10 години

Водоснабдувањето кое во текот на вчерашниот ден беше прекинато во голем дел од Скопје, како резултат на голем дефект на...

Македонија19 часа

Новите мерки против коронавирусот на дневен ред во Владата и Собранието

Новите мерки во борбата против коронавирусот денеска ќе се најдат на седници на Владата и на Собранието. Владата треба да...

Свет19 часа

Во Москва 49 нови смртни случаи од коронавирус за 24 часа

Рускиот главен град во понеделникот регистрираше 49 нови смртни случаи поврзани со коронавирус, соопшти Московскиот кризен штаб. „Четириесет и девет...

Свет19 часа

Ирска воведе најстроги мерки против коронавирусот во Европа

Ирскиот премиер Михаел Мартин го потврди враќањето на највисоко, петто, ниво на ограничувања во борбата со коронавирусот, кое ќе трае...

Свет20 часа

Норвешки лекар тврди дека коронавирусот мутирал

Нова мутација на САРС-КоВ-2 коронавирус е откриена во Норвешка, тврди главниот лекар на општината Трондхајм, Тове Рестад. Од друга страна,...

Македонија1 ден

Во Скопје 2.674 активни случаи на коронавирус, најмногу во Аеродром, Карпош и во Центар

Во Скопје во моментот има 2.674 активни случаи на коронавирус од вкупно 5.550 во целата држава. Најмногу активни случаи во...

Свет1 ден

Студија: повеќе од половина од луѓето што прележале Ковид-19 чувствуваат симптоми и по неколку месеци

Повеќе од половина од луѓето што биле отпуштени од болница по заболувањето од Ковид-19, чувствуваат симптоми, како што се отежнато...

Досие