Контакт

Забава

APPLE го промовираше iPad

Објавено пред

Компјутерската компанија Епл го изнесе на пазарот својот нов револуционерен производ iPad.

Компјутерската компанија Епл го изнесе на пазарот својот нов револуционерен производ iPad.

Новото чудо на Епл е „подлога“ со 10 инчен екран на допир и најверојатно ќе биде еден од најдобрите производи на Епл досега.

iPad е нешто помеѓу смартфон и лаптоп. Овој мултимедијален апарат може да се синхронизира со Мекинтош и Мајкрософт Виндоус компјутери, а експертите велат дека е подобар за игри и од лаптоп и од смартфон.Со дебелина од околу 1.3 см и тежина од околу 700  грама, корисниците можат да го носат насекаде со себе. Батеријата на овој производ трае 10 часови, а на stand-by може да работи со месеци со едно полнење. iPad доаѓа со 16, 32 или 64 гигабајти меморија и вградена Wi-fi и Bluetooth коненција.

iPad ќе им овозможи на корисниците да читаат дигитални книги, да гледаат филмови, да слушаат музика, да сурфаат на Интернет, но и многу други изненадувања кои денеска ќе ги објави Стивен Џобс, директорот на Епл.

Оваа „играчка“ ќе чини 499 долари, а ќе користи и апликации создадени за iPhone./крај/иа



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Џејмс Бонд легендата , Сер Шон Конери, почина на 90-годишна возраст

Објавено пред

Почина Џејмс Бонд легендата, Сер Шон Конери.

Шкотланѓанецот – кој беше првиот актер кој го играше 007 на големото платно – почина на 90-годишна возраст, потврди семејството додавајќи дека починал во сон додека бил на Бахамите.

Првата улога како британски супершпион Бонд, лик на авторот Јан Флеминг, беше во 1962 година, „Д-р Но“.

Тој го играше 007 вкупно седум пати: „Доктор Но“, „Се живее само два пати“, „Од Русија со љубов“, „Тандербол“, „Дијамантите се вечни“, „Голдфингер“ и „Никогаш не вели никогаш“.

Во август, тој беше на врвот на анкета спроведена од RadioTimes.com. и беше прогласен за најдобар Џејмс Бонд досега, оставајќи ги зад себе петте други актери кои се справуваа со улогата на најголемиот агент во светот со лиценца за убиства. Фановите на серијалот сметаат дека Конери со својот раскошен шарм и лежерна софистицираност бил вистинскиот избор.

Кариерата на Конери вклучува бројни хитови како „Хајлендер“, „Лов за црвениот октомври“, „Индијана Џонс“, „Последната крстоносна војна“ и други.

.

Прикажи повеќе...

Забава

Познатата актерка Лори Логлин во затвор поради корупција

Објавено пред

Холивудската актерка Лори Логлин отиде на издржување затворска казна од два месеци, поради нелегален обид да ги запише своите ќерки на колеџ.

Познатата брачјна двојка Лори Логлин и Масимо Џанули ја загубија битката пред судот во случајот со обвинението дека му платиле на Рик Сингер половина милион долари за да ги фалсификува спортските резултати на нивните ќерки и како успешни веслачи да се запишат на Универзитетот во Јужна Калифорнија.

Лори Логлин отиде во истиот затвор каде нејзината колешка Фелисити Хафман, ѕвездата на „Очајни домаќинки“, одлежа 11-дневна казна.

Нејзиниот сопруг Масимо Џанули е осуден на пет месеци затвор, 250 часа општокорисна работа и парична казна од 250.000 американски долари. Покрај двомесечен престој во затвор, Лори ќе мора да стори уште 100 часа општокорисна работа и да плати казна од 150.000 долари.

Вкупно 57 лица се обвинети за корупциски скандал околу запишувањето на факултет.

„Донесов страшна одлука. Сакав моите ќерки да се запишат на факултет на нефер начин. Би сакала да можам да се вратам во времето и да направам некои работи поинаку, но можам само да преземам одговорност и да одам напред“, рече Логлин пред судот во август.

Прикажи повеќе...

Забава

Меконахи тврди дека сè уште има хемија помеѓу Пит и Анистон

Објавено пред

Метју Меконахи ги сподели своите размислувања за „сексуалната тензија“ помеѓу Бред Пит и Џенифер Анистон за време на читањето во живо на комедијата „Луди времиња на Рич Хај“ минатиот месец.

Метју Меконахи беше гостин во Watch what happens live (Види што се случува во живо) кога откри дека сè уште има хемија меѓу поранешниот брачен пар. Тој беше запрашан од еден фан дали дали можел да ја почувствува сексуалната тензија меѓу нив.

„Да, да, беше толку опипливо,“ рече Моконахи.

Меконахи го толкуваше ликот на Мајк Дејмон на читањето , додека Пит ја презеде улогата на Бред Хамилтон, а Анистон беше Линда Барет.

Овој проект привлече повеќе од 4 милиони гледачи на Интернет и собра повеќе од 135.000 долари за добротворни организации кои помагаат во борбата против Ковид-19.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 часа

Борис Џонсон го објави планот за нова блокада на земјата

Велика Британија влегува во втора блокада на земјата која ќе започне во четврток ( 05 ноември) и ќе трае еден...

Свет6 часа

(Видео) Макрон: Се залагам за слобода на изразување и не прифаќам оправдување на насилство

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека ги разбира чувствата на муслиманите кон навредливите карикатури од пророкот Мухамед, но нагласи дека...

Македонија8 часа

Нови 1085 позитивни случаи на Ковид-19, починале 12

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3294 тестирања, а регистрирани се 1085 нови случаи на...

Регион8 часа

Расте бројот на загинати во Турција – почина дете извлечено од под урнатините

Најмалку 35 луѓе загинаа во силниот земјотрес што го погоди турскиот град Измир, објавија турските власти. Две лица загинаа на...

Регион8 часа

Захариева: Нема да има вето ако Македонија ги признае бугарските корени

Бугарија се закани дека ќе го блокира патот на Северна Македонија кон членството во Европската унија, доколку не признае дека...

Македонија9 часа

Директорот на струмичката болница преку Фејсбук бара донација за ново возило

Директорот на струмичката болница Наќе Гогов преку Фејсбук побара донација за ново болничко возило, поради, како што вели, зголемениот обем...

Свет9 часа

(Видео) Застрелан грчки свештеник пред црква во Лион, напаѓачот во бегство

Повторно пукање во Франција. Во тек е потера во францускиот град Лион, каде вооружено лице пукаше и повреди грчки православен...

Свет10 часа

Велика Британија се очекува да воведе едномесечна блокада на земјата

Британската влада размислува за воведување на едномесечна блокада, пренесува Би-Би-Си. Според информациите, премиерот Борис Џонсон се очекува да одржи прес-конференција...

Регион11 час

Нов рекорд во Србија – потврдени 1.817 нови случаи на коронавирус

Во последните 24 часа во Србија се регистрирани рекордни 1.817 нови случаи на коронавирус, а починале шест лица. Тестирани се...

Македонија14 часа

Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април

Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на сегашната министерка за одбрана Радмила Шекеринска на 27 април 2017 година во Собранието....

Македонија14 часа

Кафе-барот „Интермецо“ ја отстранил пломбата и продолжил со работа и покрај забраната

Кафе-барот „Интермецо“ продолжил со работа и покрај забраната од 30 дена што ја изрече Општина Центар заради бучава. Градоначалникот на...

Свет15 часа

(Видео) Снимки од дрон го покажуваат ужасот по земјотресот во Измир

Снимките направени со дрон го покажуваат ужасот што го остави силниот земјотрес што вчера го погоди турскиот град Измир. Може...

Регион15 часа

Во Словенија 1.796 новозаболени со коронавирус и 23 починати

Во текот на претходниот ден, во Словенија се регистрирани 1.796 новозаразени со коронавирус, а 23 лица починаа. Процентот на позитивни...

Македонија15 часа

Мицкоски: Потребни се бесплатни ковид-тестови еднаш месечно за сите негувателки, учителки и наставнички

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека се потребни бесплатни ковид-тестови еднаш месечно за сите негувателки, учителки и наставнички. „Образованието...

Македонија15 часа

УНИЦЕФ: Училиштата да се затворат единствено тогаш кога нема други алтернативи

Училиштата треба да бидат последни што ќе се затворат, а први што ќе се отворат, изјави Патриција ди Џовани, претставничка...

Македонија16 часа

Милевски: По 40 години, Пониква добива реконструирани ски лифтови

Владата преку Јавното претпријатие за државни патишта издвои средства да се реконструира патот за еден помасовен туризам на Пониква, а...

Регион16 часа

Во Хрватска 2.769 нови случаи на коронавирус

Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени 2.769 нови случаи на коронавирус, а 15 лица починаа, објави Националниот штаб...

Свет18 часа

Бројот на загинати во земјотресот во Измир се искачи на 24

Бројот на загинати во силниот земјотрес што го погоди егејскиот брег на Турција и источниот грчки остров Самос се искачи...

Свет1 ден

Сведоштва: Луѓето трчаа во паника, улиците се преплавени со мртви риби

Луѓето панично трчаа во турскиот град Измир, изјавија очевидци, откако земјотресот со јачина од седум степени според Рихтеровата скала започна...

Македонија1 ден

Ексминистерот Наќе Чулев заразен со Ковид-19

Поранешниот министер за внатрешни работни Наќе Чулев, кој беше претставник на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада на Оливер Спасовски, е позитивен...

Досие