Забава
Aна де Армас го исмејува Бен Афлек во интервју пред да се разделат

32-годишната Бонд-девојка ја прекина врската со актерот Бен Афлек (48) на почетокот на овој месец по повеќе од една година заеднички живот.
Но, се чини дека помислата да го остави Бен се крчкала во умот со недели. Таа дури и се пошегува на негова сметка во едно интервју непосредно пред одлуката да се разделат и да тргнат по свој пат.
Во интервју за списанието „Сандеј тајмс“, Де Армас сподели детали за нивното патување во Хавана, родниот град на Кубанката.
Ана рече дека Бен, татко на три деца од бракот со Џенифер Гарнер, бил опседнат со купување маици додека биле во Хавана.
„Секојпат кога ќе излезевме, тој ја купуваше целата продавница“, му се потсмева таа во интервјуто.
Таблоидите коментираат дека Бен дење секогаш носи необична интересна маица со фармерки, а Ана се облекува спортски само кога е дома.
Двојката првично се запозна на снимањето на еротскиот трилер Deep Water („Длабока вода“) во 2019 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Меган Маркл ја обвини палатата за овековечување невистини

Војвотката од Сасекс изјави дека Бакингемската палата не може да очекува од неа и принцот Хари да молчат ако „продолжува со лаги“ за неа и нејзиниот сопруг.
Сопругата на принцот Хари, Меган, ѝ даде коментар на водителката Опра Винфри во интервју што треба да се емитува на „Си-би-ес“ во недела.
Извадок од интервјуто беше објавен во средата, неколку часа откако Бакингемската палата соопшти дека е многу загрижена за извештаите во весникот „Тајмс“ дека асистенти кои работеле за Меган пред две години биле малтретирани од неа.
Хари и Меган веднаш издадоа соопштение во кое негираат дека таа малтретирала некого.
Бакингемската палата ги испитува тврдењата дека војвотката имала лош однос кон кралскиот персонал.
Во краток клип од интервјуто објавен од „Си-би-ес“, Винфри ја прашува војвотката: „Како се чувствувате кога палатата слуша дека ја зборувате својата вистина денес?“
Меган одговори: „Не знам како можеа да очекуваат дека после сето ова време сепак ќе молчиме, ако постои активна улога што Фирмата ја игра во овековечување на лагите за нас“. Фирмата е име што британското кралско семејство понекогаш го користи за да се опише себеси.
„Дури и ако тоа носи ризик од губење на некои работи (привилегии), мислам, многу е веќе изгубено“, додава Меган.
Интервјуто на Винфри со парот, кое ќе се емитува во САД во недела и во Велика Британија во понеделник, се очекува детално да го опише краткиот период на Хари и Меган како членови на монархијата пред да заминат во САД.
Забава
Гери Олдман се сеќава на зависноста: И потта ми мирисаше на вотка

Британскиот актер искрено проговори за некои нуспојави од зависноста и призна дека тоа не би му го посакал на својот најголем непријател.
Во интервју за весникот „Лос Анџелес тајмс“ 62-годишниот Гери рече: „Порано се потев со вотка. Тоа станува дел од вас. Мојот јазик беше црн наутро. Ја обвинував пастата за заби“.
„Не би му посакал ни на мојот најголем непријател да биде под негова моќ. Зависноста од алкохол е пекол. И тој срамежлив хумор? Само за да се маскира несоодветноста“.
Гери откри како го искористил сопственото искуство како излечен алкохоличар за улогата на сценаристoт Херман Манкиевич во новиот филм на „Нетфликс“, Mank.
„Во март одбележувам 24 години трезвеност, но се сеќавам на сите работи што ме натераа да сакам да пијам“.
Забава
Бри Ларсон навести проект со колешката од „Марвел“, Теса Томпсон

Двете глумат во кинематографскиот универзум на „Марвел“ како Капетан Марвел и Валкири, и исто така, накратко го споделија екранот во „Одмаздници: Ендгејм“, а Бри се огласи на социјалните мрежи за да наговести дека работат на нешто ново.
Како одговор на објава на Твитер од фан кој сподели фотографија од Бри и Теса, Бри напиша: „Ние готвиме нешто…!“
Бри претходно откри дека таа и нејзините колешки актерки од Марвеловиот универзум му се обратиле на претседателот на студијата „Марвел“, Кевин Фејџ, со идеја за снимање филм во кој актерскиот тим ќе биде составен само од жени.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер