Забава
Африкански мигрант спасен од брод што тоне освои лотарија во Шпанија
Сенегалец на возраст од 35 години, кој бил спасен од брод што тоне од крајбрежната стража на Шпанија, кога се обидувал да пребега од Африка во Европа, доби на на Божиќната лотарија 400.000 евра.
Пред осум години, дошол во Шпанија без ништо, Но, во вторникот, Нгагна плачел од радост кога дознал дека неговите соништа се оствариле и ја подигнал добивката од лотото.Тој е еден од илјадниците што купиле лото ливче во Андалузискиот град, Рокетс дел Мар, во кој живеат 90.000 жители, но токму неговото ливче ја добило премијата од 400.000 евра.„Сакам да им се заблагодарам на Шпанците и на шпанската влада што ме спаси кога бев во морето“, вели Нгагне, за медиумите кои го пречекаа ред лото продавницата, каде бил продаден тикетот.Тој опишува колку му бил тежок животот откако го напуштил својот дом во Сенегал во 2007 година.„Имаше 65 луѓе со мене во бротчето“, кога тоа се превртело во морето, а со него била и жената која сега му е сопруга.Откако стигнале во Шпанија, се обиделе да преживеат со земјоделство како собирачи на овошје и зеленчук.„Не можам да поверувам што се случи. Можам да кажам дека понекогаш немаме ни пет евра в џеб, двајцата“, вели Нгагне.Тој се осврна и на последниот работодавец кој ги отпуштил од работа и рече дека „ова е сувенир за Антонио, кој не избрка и не остави на улица да се снаоѓме“./крај/тл/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Хајди Клум: Лута сум на Софија Вергара поради Гризелда
Хајди Клум изјави за Entertainment Tonight дека е лута на колешката, судијката на America’s Got Talent, Софија Вергара, затоа што актерката не успеала да и даде улога во нејзината нова серија на Нетфликс, Гризелда.
„Бев вознемирена, па ја прашав: „Зошто не можев да бидам една од твоите роднини? Можев да бидам братучетка што не зборува, бидејќи очигледно не зборувам шпански“, рече 50-годишниот легендарен, германски модел.
Да потсетиме, биографската криминалистичка драма Гризелда за кумата на кокаинот, озлогласената нарко шефица Гризелда Бланко ги маѓепса гледачите ширум светот.
Забава
Алберт од Монако проговори за сопругата: „Многу е вознемирена поради тоа што се пишува“
Принцот Алберт од Монако во ново интервју, по повод неговиот 66-ти роденден, изјави дека неговото семејство и јавноста го поддржале откако поранешен сметководител го обвини за финансиски неправилности. Сепак, тој призна дека неговата сопруга, принцезата Шарлин, е многу вознемирена поради се.
Принцот Алберт зборуваше за Paris Match два месеци откако сметководителот Клод Палмеро откри дека личните трошоци на Шарлин скокнале на повеќе од 1 милион евра годишно.
„Шарлин беше многу вознемирена и тажна поради одредени работи кои излегоа во медиумите. Се поддржувавме еден со друг. Таа се врати на многу нејзини активности, презема повеќе јавни ангажмани, на општо задоволство на сите“, рече тој.
Протечените документи го обвинуваат и кралското семејство дека вработува илегални имигранти. Палмеро (67) беше задолжен за финансиите на кралското семејство повеќе од две децении, но се повлече во јули.
Принцезата Шарлин ја нарекуваат „најтажната принцеза на светот“ затоа што речиси никогаш не се насмевнува во јавност. Нејзиниот брак со Алберт често се зборуваше дека е во криза, но парот продолжува да се појавува заедно во јавноста.
Забава
Италијански модел: Толку сум убава што луѓето мислат дека сум вештачка интелигенција, тоа е фрустрирачки
Италијанската манекенка Инес Трокија има 1,6 милиони следбеници на Инстаграм и ги израдува обожавателите со своите фотографии. 29-годишната инфлуенсерка од Неапол соработувала со многу познати имиња во светот на модата, од Филип Плејн до Долче и Габана, а со своите следбеници често споделува фотографии кои собираат стотици илјади лајкови.
View this post on Instagram
Сепак, убавата Италијанка се соочува со малку бизарни обвинувања. Имено, Инес тврди дека е толку убава што луѓето често ја обвинуваат дека е модел со вештачка интелигенција, пишува New York Post.
View this post on Instagram
„Исклучително е фрустрирачки што луѓето мислат дека сум модел со вештачка интелигенција. Тоа е сосема лудо за мене”, се пожалила Инес, која со години позира пред камерите и го усовршува својот талент.
View this post on Instagram
„Шокантно ми е тоа што некои луѓе се прашуваат дали сум реална. Мислам дека мојот профил не личи на бот-профил. Секогаш можеш да кажеш кога се користел модел со вештачка интелигенција бидејќи тие го имаат истиот тажен израз на секоја фотографија и видео“, објасни таа.
Покрај тоа, таа објасни дека измамниците често и прават фотографии и видеа, а потоа и фотошопираат друго лице на нејзиното тело.
View this post on Instagram
„Некој од бот профил ми украде едно од видеата и таму доби повеќе прегледи отколку на мојот профил. Разговарав со некои мои колеги и пријатели од индустријата и тие го имаат истиот проблем“, објасни Инес, на која не и се допаѓаат модели со вештачка интелигенција.
View this post on Instagram
„Некои од профилите со вештачка интелигенција што ги видов поставуваат невозможни стандарди. Моделите со вештачка интелигенција имаат тенденција да имаат супер бебешки лица со гради и црти на лицето непропорционални со нивните тела“, заклучи таа.
View this post on Instagram
Инаку, моделите со вештачка интелигенција неодамна станаа хит на Инстаграм, а една од нив е виралната сензација Емили Пелегрини, која го привлече вниманието на милионерите и спортистите. Единствениот проблем е што, за разлика од Инес, таа не е вистинска.