Контакт

Забава

Бајден откри детали од непријатното возење со Меланија Трамп во своите мемоари

Објавено пред

Поранешната прва дама на САД, Џил Бајден, во своите нови мемоари „View from the East Wing“ откри детали од заедничкото возење со Меланија Трамп на денот на инаугурацијата на Доналд Трамп во јануари 2025 година.

Бајден пишува дека атмосферата била толку напната што меѓу нив седел Џон Беслер, сопруг на сенаторката Ејми Клобучар, кој се обидувал да го одржи разговорот и да ја намали непријатната тишина.

Според неа, Меланија Трамп на прашањата одговарала кратко и најчесто разговорот го насочувала кон временските услови во Вашингтон. Една од темите бил и нејзиниот син Барон, за кого Меланија кусо одговорила дека студира на Универзитетот во Њујорк.

Џил Бајден во книгата споменува и телефонски разговор со Меланија по обидот за атентат врз Доналд Трамп во 2024 година, наведувајќи дека таа била љубезна и воздржана како и секогаш.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

(Фото) Жешки снимки од „ледената“ Русинка – позираше целосно гола

Објавено пред

Ирина Шајк едвај чека лето, а веќе со недели, на нејзините жешки фотографии од базен или плажа им нема крај.

Познатата руска манекенка, Ирина Шајк, повторно објави серија провокативни фотографии, а овој пат, како и сите претходни, таа беше, меѓу другото, во бикини.

Единствената разлика сега беше што една особено провокативна фотографија се „поткраде“ во серијата фотографии. Само за најупорните, кои „скролаа“ малку подалеку, Ирина позираше во када, целосно гола, додека интимните делови ги покриваше со ливчиња од роза.

„Во лето не правам ништо и возам велосипед“, напиша убавицата во описот на објавата, а покажа и дека ужива во возењето навечер.

Уште еднаш, фаталната Русинка го покажа својот зачудувачки изглед, а нејзината колешка Емили Ратајковски, која е повеќе од позната по своите голи изданија и објави во топлес, исто така ѝ упати комплимент.

Ирина Шајк редовно привлекува внимание со својот изглед, а благодарение на нејзиниот „строг“ израз на лицето и специфичната убавина, многу луѓе ја рангираат меѓу најубавите жени во светот. Таа сигурно е меѓу најубавите, никој не може да го негира тоа.

Прикажи повеќе...

Забава

Сидни Свини објави секси видео и го „сруши“ интернетот: ништо не остана скриено

Објавено пред

Долго време ја немаше, а потоа се огласи на мрежите и ја запали јавноста на Инстаграм со жешко видео.

Позната по своите раскошни облини и бујни гради, актерката Сидни Свини израдува многумина со своето најново издание. Се огласи на Инстаграм за да направи жешка промоција на нејзиниот бренд за долна облека Syrn.

Таа објави видео во бело боди од чипка од својата најнова колекција, а вниманието на јавноста го привлекоа нејзините провокативни пози кои ја скокоткаа имагинацијата на многумина.

Изданието го заврши со бели чорапи од нежна чипка, а нејзината долга, руса коса што слободно паѓаше по грбот беше исто така забележлива.

Овој момент со коса го даде тој заводлив ефект на целото фотосесија и е потценување да се каже дека создаде возбуда на Инстаграм.

„Дали веќе го добивте вашиот @syrn?“ напиша Свини во описот на видеото. Јавноста на мрежите не чекаше долго и веднаш реагираше на оваа сцена.

„Жешко, жешко, жешко“, „Прекрасна си“, „Обожавам да те гледам“, се само дел од коментарите…

Прикажи повеќе...

Забава

Има 47 години и нема брчки: Шминкерката на Кејт Хадсон откри трик за младешки изглед

Објавено пред

Покрај соодветната нега, постојат трикови кои ја прават кожата мазна и светла, за да не забележите колку коректор има.

Малкумина би рекле дека Кејт Хадсон има 47 години, бидејќи нејзината сјајна и затегната кожа речиси и не ги открива нејзините години. Актерката редовно воодушевува со својот беспрекорен тен, а сега нејзината долгогодишна шминкерка откри која е тајната.

Наоко Скинту, која работи со бројни познати ѕвезди, меѓу кои Џерин Ха, Чејс Инфинити и Сара Мишел Гелар, вели дека клучот за младешки изглед е да се носи што е можно помалку шминка.

„Кејт често ми кажува дека благодарение на мене се чувствува како воопшто да не носи шминка, а тоа е најголемиот комплимент што можам да го добијам“, откри Наоко.

Според неа, тајната не е во дебел слој пудра, туку во добро хидрирана кожа.

„За зрела кожа, хидратацијата е најважна. Наместо тешки подлоги, користам прајмер, производ со светла нијанса за да го изедначам тенот, а коректор нанесувам само таму каде што е навистина потребен. Целта е кожата да изгледа природно и свежо“, објасни шминкерката.

Таа исто така разби еден од најчестите митови кога станува збор за шминка за зрела кожа – дека пудрата во прав треба целосно да се избегнува.

„Секогаш користам транспарентна пудра во прав затоа што изгледа многу поприродно. Како што минуваат годините, најважно е кожата да изгледа здраво и сјајно“, вели Наоко.

Конечно, таа истакнува дека едноставноста е најголемата тајна за беспрекорен изглед.

„Помалку е повеќе. Кога користите помалку производ, шминката нема да се собира во брчки, туку лицето ќе изгледа поприродно, посвежо и многу поубаво“, заклучи таа.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија57 секунди

УЈП: Заврши годишното оданочување на граѓаните за 2025 година, пријавени над 612 милијарди денари оданочив доход

Управата за јавни приходи генерираше 863.100 Годишни даночни пријави (ГДП) кои се достапни преку системот е-Даночни услуги https://e-ujp.ujp.gov.mk. Од нив,...

Забава5 минути

(Фото) Жешки снимки од „ледената“ Русинка – позираше целосно гола

Ирина Шајк едвај чека лето, а веќе со недели, на нејзините жешки фотографии од базен или плажа им нема крај....

Свет6 минути

Ормускиот теснец е затворен?; Трамп: „Не ме прашувајте за тоа“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, одби да зборува за сообраќајот во Ормускиот теснец за време на неговото вклучување во програмата...

Спорт11 минути

(Видео) Халанд: Не беше фаул

Ерлинг Халанд го изрази своето разочарување и гнев откако Норвешка беше елиминирана од Англија на Светското првенство во драматично четвртфинале....

Забава12 минути

Сидни Свини објави секси видео и го „сруши“ интернетот: ништо не остана скриено

Долго време ја немаше, а потоа се огласи на мрежите и ја запали јавноста на Инстаграм со жешко видео. Позната...

Свет19 минути

Повеќе од 10.000 луѓе починаа за време на рекордниот топлотен бран што ја погоди Западна Европа кон крајот на јуни

Повеќе од 10.000 луѓе починаа за време на рекордниот топлотен бран што ја погоди Западна Европа кон крајот на јуни,...

Забава19 минути

Има 47 години и нема брчки: Шминкерката на Кејт Хадсон откри трик за младешки изглед

Покрај соодветната нега, постојат трикови кои ја прават кожата мазна и светла, за да не забележите колку коректор има. Малкумина...

Спорт20 минути

Ѓорческа скокна 14 позиции на ВТА листата

Лина Ѓорческа напредуваше 14 позиции на најновата ВТА листа. Пласманот на 208-то место на ВТА листата и го донесе импресивниот...

Македонија23 минути

1426 сообраќајни прекршоци викендов, лишени од слобода 64 лица за безобѕирно управување на возило

Во текот на изминатиот викенд како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за...