Забава
Без обвинение за мајката на момченцето кое падна во живеалиште на горили
Против мајката на тригодишното момченце коешто падна во живеалиште на горилата во зоолошката градина во Синсинати, во американската сојузна држава Охајо, поради што мораше да биде убиен 17-годишниот мажјак Харамбе, нема да биде подигнато обвинение, соопшти во понеделникот обвинителот од Охајо.
Седумнаесетодишниот мажјак на западноафриканската низинска горила Харамбе, примерок е загрозен вид, беше застрелан откако на 27-ми мај во неговото живеалиште падна момченцето кое ја минало заштитната ограда.
Критичарите на ваквата одлука на службениците на зоолошката градина кои се правдаа дека животното со тежина од 181,4 килограми кое во раце го држеше момчето десетина минути не можело да биде успиено веднаш и оти претставувало опасност за детето, бараа подигнување обвинение против мајката поради негрижа. Детето доживеа потрес на мозокот и неколку гребаници, но немаше потешки повреди.
„Многу ми е жал за губењето на оваа горила, но ништо во овој случај не претставува основа за подигнување обвинение“, изјави во понеделникот обвинителот на округот Хамилтон, Џозеф Детерс, додавајќи дека сведоците пренеле дека мајката во ниеден момент не го изложила своето синче на опасноста, свртувајќи се само неколку секунди за да се погрижи за другото дете.
Момченцето во зоолошката градина било со својата мајка, трите сестри и семејни пријатели, кога се качило преку оградата и паднало во живеалиштето со дванаесет примероци од овој вид. Горилата е убиена со истрел во главата додека детето била меѓу нејзините нозе./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Северина го прослави роденденот, а проговори со емотивна порака: „Се соочив со тешки факти“
Пејачката Северина Вучковиќ го прослави својот 52. роденден.
Северина Вучковиќ го прослави својот роденден во кругот на најблиските пријатели, а овој ден ѝ го збогатија и честитките од многубројни пријатели, колеги, соработници и членови на семејството.
По тој повод, Северина се огласи на својот инстаграм-профил, каде што објави серија фотографии со емотивна порака до сите што ја следат.
„Сакам да славам родендени, било мој или туѓ. Прославувањето на мојот роденден за мене е славење на животот што ми беше даден како подарок. Подарок што, кога ќе го добиете, има три опции. Можете да уживате во него и да го приспособите по ваш вкус и да ги исполните целиот свој потенцијал, божји дар и мисија. Или подарете го некому да ви го организира, но по неговите правила. Или водата нека го носи. Не ми се допаднаа другите две опциим иако не е дека немало обиди.
Го избрав првото, си го приспоспобив по мој стил и уживам секој ден, без разлика на околностите и предизвиците што ме спречуваат, ме влечат за ракави, ги истегнувам нозете, ги вежбам моите способности и ги тестирам нервите. Ти даваат тестови што треба да ги решиш, а животот секоја година ти дава последна оценка. Тоа е она што ве издвојува.
Од мене зависи дали ќе престанам или ќе продолжам да го живеам животот во потполност, без оглед на разните околности и тешките предизвици. Дали ќе ја тргнам раката што ми го влече ракавот и ќе чекорам напред во убавината на живеењето.
Престанав да чекам животот да биде лесен, престанав да чекам некој да ме спаси. Се соочив со тешки факти и поради тоа имам неверојатен живот за што сум благодарна и кој од ден на ден ме учи дека сите лекции што ми ги дал, без разлика дали се лоши или добри, не се ништо друго, освен одлично училиште, од кое можам да израснам како личност и со тоа што ќе растам мирно и љубопитно прифаќам понатамошни лекции што тој ги носи.
Со нетрпение ги очекувам, како и на овој ден кога се родив и кој постојано ме потсетува на тоа колку е скапоцен животот. Среќна сум што работам работа што ги прави другите среќни бидејќи токму за тоа сум создадена – да се насмевнувам од тага, да им помагам на другите и да им го направам животот што е можно поубав. Им благодарам на моето семејство и на моите пријатели за нивната безрезервна поддршка и во време на славење и во време на тага. Тоа е опасна војска. Можеби премногу зборувам, но ова се тие денови. Ви благодарам на сите за многуте честитки. Ве сакам“, заклучи Северина.
Забава
Се снима серија за Емануел и Брижит Макрон, би требало да ги глумат големи ѕвезди
Ѕвездите на Холивуд, Рајан Гослинг и Џулија Робертс, треба да ги играат Емануел Макрон и неговата сопруга во ТВ-драматизација на нивната врска, која почнала кога таа била негова професорка во средно училиште.
Најстарата француска филмска компанија Gaumont објави дека работи на драма од шест дела за врската меѓу претседателот и неговата сопруга Брижит. Главните улоги сè уште не се доделени, но за време на дискусијата за продукцијата на ТВ-мрежата BFM, Розелин Башело, поранешната француска министерка за култура, предложи актери што би сакала да ги види во главните улоги.
„Веднаш помислив на Рајан Гослинг бидејќи открив дека постои физичка сличност меѓу Емануел Макрон и него. А помислив и на Џулија Робертс“, рече таа.
Gaumont не го објави датумот кога ќе се прикажува серијата, но рече дека се работи на драма што ќе ја следи врската меѓу Емануел и Брижит. Ќе биде напишана од француските сценаристи Бенедикт Шарл и Оливие Пупоно, а секоја епизода ќе трае 45 минути.
„Брижит Макрон е фасцинантен лик, сакавме да ѝ пријдеме на романтичен, речиси мелодраматичен начин, поради романтичниот дух на нејзината судбина“, пишува „Фигаро“.
Приказната ќе почне во 1992 година кога 15-годишниот Макрон ја запознал својата идна сопруга, која тогаш имала 39 години, на една театарска работилница и гледачите ги носи сè до денес. Макрон имаше 29, а Брижит 54 кога се венчаа во 2007 година. Десет години подоцна тој стана претседател.
Забава
Некогаш беше голем холивудски заводник, а денес ретко кој би го препознал
Еден од некогашните големи холивудски заводници, Шон Пен, по долго време, е виден деновиве во Малибу, а фотографиите ја изненадија јавноста.
Годините видно го стигнаа 63-годишниот актер, сега неговата коса е целосно побелена и на почетокот тешко се препознава. Носеше бела кошула и црни панталони, а американските фотоагенции пишуваат дека само што се враќал од прошетка во близина на својата куќа.
Актерската кариера ја почна во 1982 година во комедијата „Златна доба во Риџмонт“ по што неговата кариера тргна по нагорна патека. Заедно со богатата актерска кариера Пен имаше и бурен љубовен живот. Тој беше во брак со Мадона четири години, од која се разведе во 1989 година.
Потоа, во 1996 година, почна романса со Робин Рајт. Двојката се разведе во 2010 година, а имаат две деца – ќерката Дилан и синот Хопер.
Една година беше во брак со актерката Лејла Џорџ, од која се разведе во 2021 година, а минатото лето беше виден со актерката Олга Коротјаева. Таа романса не траела, а холивудскиот заводник набргу бил виден со активистката Натали Кели, која е 24 години помлада од него.