Контакт

Бизарно

Авторот на карикатурата на Серена Вилијамс доби смртни закани

Објавено пред

Австралискиот карикатурист Марк Најт се најде во центарот на вниманието на јавноста поради карикатурата на американската тенисерка Серена Вилијамс, која беше објавена во „Хералд сан”, а поради својата работа почна да добива смртни закани.


Авторот ја претстави Серена како дебела тенисерка кој скока и го крши рекетот, додека судијата ја моли јапонската тенисерка Наоми Осака да ѝ го препушти мечот.

Карикатурата предизвика лавина коментари, а авторот е обвинет за сексизам и расизам. Весникот го бранеше својот автор, и на нападите одговори со поставување на карикатурата на насловната страница заедно со другите карикатури.

Welcome to the PC World, стои на насловната страница на „Хералд“.

Бизарно

Научник кој создава уметност од квасец

Објавено пред

Од

Секоја година Американското друштво за микробиологија организира агар-арт во кој научниците од целиот свет се натпреваруваат кој ќе го наслика најдоброто дело со квасец. Меѓу нив е и 25-годишната Јасмин Темпл, која работи како лабораториски техничар.

Благодарение на своето знаење како да се создаде квасец во разни бои и облици, Јасмин Темпл со квасец го ресоздава сликарството на Ван Гог, Вермер, Мунч и многу други мајстори.

Прикажи повеќе...

Бизарно

Момче од САД чудесно закрепна по прободување на главата со метално шило

Објавено пред

Од

Десетгодишно момче од Мисури закрепнува кога по нападот на оси од куќичка на дрво, паднало на ражен за месо.

Тенкото шило му минало низ главата на Ксавиер Канингем и, за среќа, не дошло во контакт со очите, мозокот и ‘рбетниот мозок, односно крвните садови, во бизарната несреќа што се случила во саботата во Харисвил, Мисури, објави Би-би-си.

Од болницата во Канзас за локалните медиуми изјавиле дека момчето целосно ќе закрепне, иако е можно да има помали проблеми со гласот.

Лекарите од оваа болница успешно го отстраниле металното шило во операцијата што траела неколку часа.

Мајката на момчето, Габриела Милер, вели дека момчето во паника втрчало во домот со шилото за ражен забиено во неговата глава.

„Умирам, мамо, го чувствувам тоа“, се присетила мајката на зборовите на момчето на пат кон болницата.

Специјалистот во болницата, Кој Еберсол, изјавил дека сѐ излегло добро по страшниот инцидент, кој можел да остави многу сериозни последици.

 

Прикажи повеќе...

Бизарно

Авторката на есејот „Како да го убиете својот сопруг” обвинета за убиство на сопругот

Објавено пред

Од

Жената беше уапсена минатата недела за убиство на својот сопруг, само неколку години по објавувањето на есејот со наслов „Како да го убиете сопругот“.

Нанси Крамптон Брофи, 68-годишната писателка од Орегон, беше уапсена во јуни бидејќи, имено, пукала во 63-годишниот Даниел Брофи, сопругот со кој беше во брак 27 години.

Иако жената се појави на суд, полицијата и обвинителите не претставија можен мотив за убиството.

Според соседите, Ненси не се однесувала на поинаков начин по смртта на својот сопруг, па дури и опуштено признала дека ѝ е сомнителна на полицијата. Освен тоа, веста за смртта на нејзиниот сопруг ја објавила на „Фејсбук“.

For my facebook friends and family, I have sad news to relate. My husband and best friend, Chef Dan Brophy was killed…

Gepostet von Nancy Brophy am Sonntag, 3. Juni 2018

Ненси повторно треба да се појави на суд овој месец.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава против Заев поради поткуп при избори

ВМРО-ДПМНЕ  достави кривична пријава во Јавното обвинителство против премиерот Зоран Заев, поради јавен повик на поткуп при избори. Димитар Димовски,...

Култура8 часа

(Видеоинтервју) Адеми: Нулта толеранција за корупцијата во културата, нови комисии на претстојниот конкурс

Строги и јасни критериуми по кои ќе одлучуваат новооформените комисии на претстојниот конкурс за проекти во културата, нулта толеранција за...

Топ10 часа

Камион удри во баба и внуче на пешачки премин на булевар Србија

Почина бабата која со внучето вчера беше прегазена на пешачки премин на булеварот Србија во скопската населба Аеродром, информира полицијата....

Македонија11 час

,,Море Миле, нити е сечено, нити е лепено”, му рече обвинителката на Миле Јанакиески

Во кривичниот суд во Скопје продолжува рочиштето за предметот на СЈО со кодно име ,,Траекторија”, за провизиите за кинеските автопатишта....

Македонија11 час

Хан до Мицкоски: Референдумот не е момент за политички игри

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, му кажал дека референдумот не е партиски...

Свет11 час

Флоренс направи невидена катастрофа, а допрва следат најголемите поплави во историјата

Ураганот Флоренс, и покрај тоа што ослабна, и натаму предизвикува огромни штети во американските сојузни држави Јужна и Северна Каролина,...

Економија13 часа

Државата ќе позaјми 50 милиони евра – утре со нив ќе врати стари долгови

Министерството за финансии објави дека денеска на домашниот пазар од банки и осигурителни друштва ќе побара заем од над 50...

Свет13 часа

(Видео) Јужнокорејскиот претседател пристигна на третиот самит со севернокорејскиот лидер во Пјонгјанг

Јужнокорејскиот претседател, Мун Џае-ин, пристигна во Пјонгјанг на третиот состанок оваа година со севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун. На меѓународниот аеродром...

Европа24 часа

Орбан: ЕУ сака да дозволи влез на мигрантите и да управува со нив

Европската Унија сака да ја преземе одбраната на надворешните граници на одделни земји за да овозможи влез на мигранти, изјави...

Свет1 ден

(Видео) Пожар на паркинг пред шопинг-центар во Њујорк, над 20 повредени

Најмалку 21 лице се повредени во пожар што избувнал пред паркинг на шопинг-центарот „Кингс плаза“ во Њујорк. Локалните медиуми пренесуваат...

Свет1 ден

Русија и Турција се договорија да формираат тампон-зона во Идлиб

Русија и Турција се договорија да создадат демилитаризирана тампон-зона во сириската провинција Идлиб за да ги разделат владините сили од...

Daily news1 ден

(Видео) Техничкиот директор на ЈСП: Старите автобуси ќе возат до идното лето

Поради недоволен број возила, ЈСП мора во сообраќај да ги пушта старите автобуси „санос“. Техничкиот директор, Васил Толевски, вели за...

Македонија1 ден

Актерката Ирена Ристиќ приведена па однесена во болницата во Бардовци оти чистела ѓубре пред Влада

Актерката и активистка Ирена Ристиќ со полициско комбе била приведена во полициска станица „Беко“ бидејќи, како што вели, чистела догорчиња...

Македонија1 ден

Ги уценувале со илјадници евра за да не објават текстови за Драган Даравелски и Минчо Јорданов

Во кривичниот суд во Скопје, повторно, од почеток почна судењето за случајот „Шпион“, кое го застапува специјалното јавно обвинителство. Во...

Свет1 ден

Милијардерот Марк Бениоф го купува магазинот „Тајм“

Списанието „Тајм“ повторно ја менува својата сопственичка структура, речиси осум месеци откако беше продадено на американската медиумска група „Мередит корпорејшн“....

Македонија1 ден

Американскиот секретар за одбрана допатува во Скопје, загрижен е за мешањето на Москва во резултатот на референдумот

Американскиот секретар за одбрана, Џејмс Матис, утринава слета на Меѓународниот аеродром  „Скопје“ и беше пречекан од министерката за одбрана, Радмила...

Регион1 ден

Тачи: До договор со Србија преку мирна корекција на границите

Заокружувањето на разговорите и постигнувањето конечен договор помеѓу Косово и Србија е неопходно да се случи во брзо време, а...

Свет2 дена

(Видео) Тајфунот од Филипините се пресели во Кина – евакуирани над два милиони луѓе

Над два милиона луѓе се евакуирани во кинеската јужна провинција Гуангдонг пред пристигнувањето на тајфунот Мангхут. Претходно овој тајфун со...

Вести2 дена

Свештеници во Германија злоставувале 3 677 деца

Главниот германски надбискуп рече дека е шокиран од извештајот за сексуално злоставување во Германија во кој се наведува дека околу...

Регион2 дена

Авион кој летал од Ниш до Базел принудно слетал поради чад во кокпитот

Авион на компанијата „Визер“ вчеравечер принудно слетал во Загреб поради чад во кокпитот, пренесува „Индекс.хр“. Летот од Ниш до Базел...

Досие