Бизарно
Американец го „обеси“ Трамп со знамето на СССР
Жител на американскиот град Форт Вејн, во сојузната држава Индијана беа вознемирен забележувајќи труп обесен на дрво кој во рацете држи знаме на поранешниот Советски сојуз, но подоцна се покажало дека станува збор за кукла со ликот на американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува локалниот информативен портал Wane.com.
Според сознанијата на порталот, куклата „ја качил“ американски воен ветерант, но самиот тој одбил да разговара со медиумите. Локалните жители изјавиле дека куклата се појавила набрзо по инаугурацијата на новиот американски претседател.
„Тоа е шокантно. Искрено говорејќи, мене тоа не ми се допаѓа“, изјавил за порталот локалниот жител Џаред Пејден. Тој смета дека ваквата постапка „не е само израз на непочитување на Трамп, туку и на луѓето кои гласале за него“.
Локалната полиција изјавила дека не може да стори ништо, бидејќи сопственикот на поседот го користел правото на слободно изразување./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
