Бизарно
(Видео) Рендген сними дете меѓу багаж на железничка станица во Кина

Љубопитноста на едно дете за малку ќе направеше алармантна ситуација во Кина.
Малиот палавко дошол на железничката станица во градот Џоншан со татко му. Кај нив, како и на аеродромите, багажот мора да се стави на лента и да помине низ рендген, таткото на момчето прв дошол на ред бидејќи носел куфер.
Тој очекувал дека детето ќе го следи, но по сè изгледа не знаел каков палавко е неговиот син. Само што се свртел го снемало детето и целото обезбедување на станицата почнало да го бара. Малиот се појавил на екранот, што значи дека можел да биде само на едно место …
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Бизарно
(Видео) Кинез кој тргнал на вечерно трчање, за малку избегна сигурна смрт

Надзорните камери на улиците во еден кинески град регистрирале сцена од која се заледува крвта во вените. Имено, рекреативното трчање на еден млад човек за многу малку можело да биде и неговото последно.
Видеото прикажува автомобил кој со полна брзина ја пробива заштитната ограда, но рекреативецот успева во последен момент да се извлече и, зачудувачки, во овој страшен инцидент минал само со полесни повреди.
Возач на белиот „ленд ровер“ бил 55-годишен маж кој минал со неколку скршени ребра и повреди на главата. Според полициските информации, тој бил пијан зад воланот.
Бизарно
Во Јужна Каролина се појавија портокалови алигатори

Два алигатора со портокалова боја на кожата предизвикаа забуни кај целата заедница во Јужна Каролина, пишува Си-ен-ен.
Многумина се обиделе да дознаат зошто алигаторите во езерцето, кое се наоѓа во градот Блафтон, одеднаш добиле портокалова боја. Така, некои сметаат дека алигаторите се обоени од страна на навивачи на американскиот фудбалски клуб „Клемсон Тајгерс“ или, пак, дека станува збор за некој чуден вид албино-алигатори.
Orange alligator takes neighborhood by surprise https://t.co/kyiETyIDUs pic.twitter.com/xUcHlBooAV
— WJCL News (@WJCLNews) February 12, 2019
„Ништо од горенаведеното“, рекол Дејвид Лукас од одделот за природни ресурси во Јужна Каролина.
Тој смета дека овие бои настанале поради ‘рѓа во одводните цевки.
„Алигаторите во зима сакаат да пронајдат место за хибернација“, објаснил Лукас.
Here is Friday’s orange alligator pic.twitter.com/w8Ssbd7ZjO
— Ivan K., Rush Chairman (@ScottAnderson54) February 15, 2019
„Можно е некои од нив да завршат во близина на за’рѓани цевки во текот на зимата, па потоа ‘рѓата да ги извалка“, објаснил тој.
Пред две години, во приближно ист период, се појави уште еден портокалов алигатор во мало езеро во Чарлстон. Во овој период од годината времето затоплува, па алигаторите се будат од состојбата на хибернација.
Бизарно
Куче си играло со запалка и предизвикало пожар во станбена зграда

Припадниците на израелската полиција биле изненадени кога било утврдено дека подметнувач на оган во станбена зграда во јужниот град Киријат Гат бил еден од нејзините станари – куче што со стопанот живеело во приземјето на објектот.
Пожарот предизвикал сериозна штета на зградата и во него полесно биле повредени двајца станари. Додека прегледувале снимки од безбедносните камери, истражителите откриле дека на местото на несреќата за време на избувнувањето на пожарот било едно куче.
Видеоснимките јасно покажaле дека кучето, кое со стопанот живеело во стан на приземјето, во муцката носело запалка. Тоа удобно си седело на троседот и си играло со запалката додека не се појавил пламен во близина на неговата муцка. Потоа тоа почнало исплашено да гледа во пламенот и да лае.
Многу бргу огнот се проширил од приземјето кон повисоките катови на зградата. Полицијата и пожарникарите бргу се упатиле кон местото на несреќата и станарите биле евакуирани.
Градската администрација објави дека кучето минало без повреди.
„Подметнувачот е жив и продолжува со своите палавштини“, шеговито изјавил портпаролот на полицијата.
- Истражувања3 месеци
(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија2 недели
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал