Контакт

Бизарно

Маж почина во експлозија на машина за билети во Дортмунд

Објавено пред

 

Маж на возраст од 31 година е пронајден мртво во вторник наутро на железничка станица во Дортмунд, Германија, откако експлодирала машината за билети.

Обдукција на телото ќе се врши денеска, а обвинителот верува дека до смртта дошло поради експлозија.

Силна експлозија била слушната на станицата во раните утрински часови, а полицијата била на местото во 4.20 часот.

Откако стигнале на платформата, полицијата открила дека машината за билети е комплетно уништена, а мажот покрај неа се здобил со сериозни повреди, па и покрај обидите на сведоците и на итната помош да му помогнат, тој починал. Телото е отстрането од местото.

Уапсен е 26-годишен маж, кој бил на местото на настанот, а полицијата го испрашува. Тој рекол дека го познава починатиот, но дека таму го сретнал случајно.
Неколку часа сообраќајот на линијата Дортмунд – Хам бил во прекин како резултат на експлозијата.

Ова не е прв пат некој да почине откако автомат експлодира во Германија. Имено, во декември 2015 година експлодира машина за кондоми, откако еден маж постави рачно направен експлозив, но не успеа навреме да избега па дел од метал се заби во неговата глава и тој почина на неколку чекори од автоматот./крај/тл/бб

Најново

Македонија2 часа

Објавено со што е загадена водата во Гостивар, жителите ја пиеле од 25 јуни кога биле поставени пумпи од канал

Основното јавно обвинителство Гостивар вечерва донесе наредба за спроведување истражна постапка против три лица за Тешки дела против животната средина...

Забава2 часа

(Видео) Читач на усни: Трамп ја повторуваше истата реченица на секој шпански играч

Доналд Трамп вчера им го додели трофејот и медалите на победниците на Светското првенство, шпанската репрезентација. Американскиот претседател, исто така,...

Забава3 часа

Зошто утринската прошетка е една од најдобрите навики за здравјето?

Не секоја форма на чување на здравјето мора да биде поврзана со големи промени и напорни тренинзи. Понекогаш една од...

Свет3 часа

Мамдани проверува дали може да го уапси Нетанјаху; Трамп: Нема да биде уапсен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нема да биде уапсен за време на неговата посета...

Македонија3 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Изгледа СДС не знаат што е истрага и доверливост на информации

Изгледа СДС не знаат што е истрага и доверливост на информации, со цел постапката да се компромитира. Или, пак, нивните интереси...

Спорт3 часа

(Видео) Јамал откри што му рекол Меси по финалето: „Неговите зборови вредат колку медал“

Шпанија вчера ја освои својата втора светска титула победувајќи ја Аргентина во финалето на Светското првенство. Фуријата славеше во големото...

Економија4 часа

Владата ги намали акцизите: Бензините наместо 4 поскапеа 3 денари, а дизелот наместо 8 поскапе 6 денари

Владата, на денешната седница, донесе Одлука со која се определува видот на енергентите, временскиот период, како и начинот на пресметка...

Македонија4 часа

Бензините поскапуваат за 3, дизелот за 6 денари

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поскапат за 3, дизелот за 6 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги...

Свет5 часа

Велика Британија има нов премиер, четврти за четири години

Британскиот крал Чарлс го назначи новиот лидер на Британската лабуристичка партија, Енди Бернам, за премиер и му ја довери задачата...