Контакт

Бизарно

Мозамбик: Млад фудбалер усмртен од крокодил

Објавено пред

 

Младиот 19-годишен фудбалер Алберто Гино, член на фудбалскиот клуб Атлетико Минеиро де Тете од Мозамбик, смртно настрадал откако бил нападнат од крокодил на реклата Замбези, пренесуваат светските медиуми.

 

Младиот фудбалер по тренингот одлучил да се освежи во реката, кога бил нападат од крокодил кој му нанел смртоносни повреди.

 

„Тој се одлучи да се освежи, а крокодилот се појави за неколку секунди. Го зграпчи за ногата и го одвлече. Подоцна го пушти, но веќе беше доцна. Пријателите кои беа во близина слушнаа врисок но не можеа да направат ништо. За жал, повредите беа смртоносни“, рекол тренерот на фудбалскиот тим, Еди Карваљо.

 

„Тагуваме за нашиот играч, брат, пријател, син. Имаше само 19 години и светла иднина“, изјавиле од фудбалскиот клуб./крај/мф/бс

Бизарно

(Видео) Американка му испратила 65.000 пораки на маж по првиот состанок и завршила на суд

Објавено пред

Од

Џеклин Адес и непознатиот маж се запознале во јануари минатата година преку мобилна апликација за запознавање. По состанокот, тој ја блокирал, но таа не се откажала. Во следните 17 месеци таа му испратила 65.000 пораки, по 500 дневно. Во документите што биле приложени на суд се наведува дека една од пораките гласи: „Не обидувај се да ме оставиш, ќе те убијам. Не сакам да бидам убиец“.

Во друга порака навела дека ќе се капе во неговата крв. Но, таа не запрела само со пораки. Полицијата соопштила дека Адес провалила во неговата куќа додека тој бил надвор од градот и дека се капела во неговата бања. Во нејзиниот автомобил, пак, полицијата пронашла нож.

Адес била уапсена во вторникот во Аризона. Таа се појавила на работното место на жртвата и тврдела дека е негова сопруга. Адес за Си-ен-ен рекла дека никогаш немала намера да го повреди мажот со кој била само на еден состанок и дека сè уште го сака.

Прикажи повеќе...

Бизарно

Ал Шабаб до смрт каменуваше жена во Сомалија зашто била во брак со 11 мажи

Објавено пред

Од

Жена била каменувана до смрт во Сомалија откако судот, контролиран од Ал Шабаб, ја осудил зашто имала неколку сопрузи, соопшти милитантната група. Шукри Абдулахи Варсам била обвинета зашто се мажела 11 пати, без претходно да се разведе со претходните.

Таа била закопана длабоко во земја до нејзиниот врат и била каменувана до смрт од страна на борците на Ал Шабаб. Оваа милитантна организација практикува строга интерпретација на шеријатскиот закон.

Според исламскиот закон, полигамијата, жена која има повеќе од еден сопруг, е нелегална додека на мажите им е дозволено да се оженат  и со четири жени. Разводот е дозволен за двајцата партнери, но додека мажот може да се оддели од своите сопруги, жената треба да бара дозвола од сопругот. Ако тој одбие, жената треба да побара дозвола од судот.

Милитантната група контролира големи делови од Сомалија и често врши напади во обид да ја заземе централната власт во главниот град, Могадишу.

Прикажи повеќе...

Бизарно

Мајка со високи потпетици се лизнала и го испуштила бебето од балкон

Објавено пред

Од

Во градот Калијан во Индија шестмесечно бебе починало откако неговата мајка Фемида Сајк го испуштила од балкон на вториот кат затоа што ја изгубила рамнотежата носејќи високи потпетици.

Детето починало откако се здобило со повреди на ‘рбетот, пред медицинската екипа да успее да го префрли во болница. Фемида Шајк (23) присуствувала на венчавка со нејзиниот син Мухамед и според пишувањата на локалните медиуми, цело време тешко се движела со нејзините потпетици.

Некои извештаи тврдат дека смртта настанала по пад од балкон, а според други, бебето паднало по скали. Полицијата брзо дошла на местото на настанот.

„Веднаш стигнавме на местото на инцидентот и го пренесовме бебето во болница каде што само констатираа смрт“, изјавил полицискиот инспектор Вилај Кедекар.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 минути

Заев се сретна со Папата: Кирил и Методиј се темел за врските меѓу Македонија и Ватикан

Светите браќа Кирил и Методиј се силни темели за историските врски меѓу Република Македонија и Ватикан. Ваков е заклучокот од...

Македонија56 минути

Каруселот од плоштад преместен во паркот кај авионот во Аеродром

Од плоштадот во центарот на Скопје, вртелешките и возот се преместени во паркот кај авионот во населбата Аеродром. Реквизитите се...

Македонија2 часа

Ципрас: За Грција ќе биде голема победа ако има одредница пред името Македонија

Премиерот на Грција, Алексис Ципрас, ги оценил денешните преговори за името во Њујорк како критични и чувствителни и рекол дека...

Македонија4 часа

Џафери: Груевски е во психолошка криза

Претседателот на Собранието , Талат Џафери, во интервју за српската Н1 телевизиjа запрашан за неговиот личен однос со експремиерот Никола...

Европа6 часа

Долгоочекуваната уредба на ЕУ за заштита на личните податоци стапи на сила

Од денеска стапи на сила општата уредба на Европската Унија за заштита на личните податоците која Европскиот Парламент ја усвои...

Вести6 часа

Објавено видео од уништувањето на полигон за нуклеарни проби во Северна Кореја

Северна Кореја, во присуство на странски новинари, уништи полигон кој тврди дека служел за нуклеарни проби. Дописникот на „Раша тудеј“...

Вести7 часа

Ким му одговори на Трамп

По одлуката на американскиот претседател, Доналд Трамп, да ја откаже историската средба со лидерот на Северна Кореја, од Пјонгјанг соопштиле...

Македонија7 часа

Продолжуваат преговорите за името во Њујорк

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, денеска во Њујорк треба да ги...

Македонија7 часа

Пoсебен сообраќаен режим во Скопје поради празникот Задушница

По повод верскиот празник Задушница денеска како и во деновите од викендот (25/26 и 27.05) во периодот од 06 до...

Македонија8 часа

Заев на аудиенција кај папата Франциско

Премиерот Зоран Заев и придружната владина делегација денеска ќе присуствуваат на аудиенција кај папата Франциско во апостолската палата во Ватикан....

Свет1 ден

Трамп го откажа состанокот со Ким

Претседателот на САД, Доналд Трамп ја откажа средбата со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, планирана за на 12 јуни, соопшти Белата...

Македонија1 ден

(Видео) Заев и Борисов на заедничко чествување на Свети Кирил во Рим

Премиерот Зоран Заев, во придружба на сопругата и на владината делегација  денеска, во рамките на посетата на Република Италија и...

Топ1 ден

Ракометар на „Металург“ нападнат по синоќешниот натпревар

Дваесет и двегодишниот ракометар на „Металург“, Ф.К. од Битола бил нападнат синоќа по завршувањето на ракометниот натпревар помеѓу неговиот тим и...

Свет1 ден

„Имате 48 часа да ги напуштите САД“ – Америка протера двајца венецуелски дипломати

САД наредиja протерување на двајца венецуелски дипломати, како одговор на одлуката на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро да протера двајца...

Македонија1 ден

20 години затвор му се закануваат на Груевски со останатите 4 обвиненија

Доколку експремиерот, Никола Груевски, биде осуден за останатите 4 обвиненија кои му ги поднесе СЈО, може да добие максимална казна...

Македонија1 ден

Истрагата за убиениот словачки новинар води до Албанци од Македонија

Истрагата за убиството на словачкиот новинар Јан Кучијак и неговата свршеница ги донела истражителите до албански бизнисмени од Македонија, кои...

Македонија1 ден

Нова рунда преговори за името во Њујорк

Денеска и утре министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас ќе се одржат нова...

Топ1 ден

Во тешка сообраќајка во Штип загина 21-годишна девојка

Во тешка сообраќајка во Штип, утрово животот го загуби двесет и едногодишна девојка од Свети Николе. Сообраќајката се случила на...

Македонија1 ден

Денеска дожд и грмежи, од утре потопло време

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално се очекуваат пообилни...

Македонија1 ден

ЈСП со изменет возен ред поради двата празника

Денеска и утре возниот ред на автобусите од јавниот превоз ќе биде изменет поради двата празника, 24 Мај – Денот...

Досие