Контакт

Бизарно

Осиек на удар на бубашваби

Објавено пред

За време на жешкото лето најубаво е да се прошета навечер кога сонцето ќе зајде и жителите на хрватскиот град Осиек  сакаат да прошетаат, но во последните денови сите се жалат на бубашваби во сите делови на градот.

– Неодамна се шетав со моето семејство и бевме шокирани кога видовме стотици бубашваби покрај автомобилите, ги имаше толку многу што сè беше црно! Чувството е страшно, бидејќи буквално додека шетате по асфалтот, чувствувате како тие ви крцкаат под нозете – изјави 45-годишен осиечанин, објави весникот „Јутарњи лист”.

Фактот дека бубашвабите излегуваат додека не е многу темно и додека се уште има луѓе на улиците укажува дека навистина ги има многу и дека се намножиле повеќе од вообичаено. Една осиечанка раскажа дека ситуацијата е уште полоша во вечерните часови. Имено таа дури и не видела дека гази по бубашваби, туку само ги слушнала под нозете.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Бизарно

(Видео) Момчето откри детали за познатата јутјуберка која загина возејќи електричен тротинет

Објавено пред

Џејкоб Хазел (28), момчето на телевизиската презентерка и позната јутјуберка Емили Хартриџ (35), која почина минатата недела возејќи електричен тротинет, ги откри деталите што ѝ претходеа на ужасната несреќа.

Тој призна дека ѝ го купил електричниот тротинет за нејзиниот 35. роденден, само една недела пред трагедијата, пишува „Сан“.

„Луѓето ми кажаа дека јас сум виновен за несреќата бидејќи ѝ купив тротинет, но не треба да мислам така. Нејзиното семејство ми кажа дека не сум виновен“, рече Хазел.

Тој, исто така, откри дека Емили починала на пат кон клиника за плодност. Откако задоцнила на терминот кај лекарот, Јаков знаел дека нешто не е во ред. Таа настрадала додека возела по прометна улица и удрила со тротинетот во камион. Таа носела шлем, а нејзиниот трагичен случај предизвика бројни дебати за безбедноста на електричните тротимнети, новиот тренд на улиците и на патиштата низ целиот свет.

„Требаше да основаме семејство. Моето срце е скршено“, вели Јаков.

Прикажи повеќе...

Бизарно

Јапонска компанија продава градник за мажи кои сакаат мускулести гради

Објавено пред

Јапонскиот бренд „Чолмо“ претстави нов производ кој би можел да стане хит меѓу мажите. Се работи за перничиња за гради, кои на секој маж можат да му дадат „мускули“ како на суперхерој од филмовите на Марвел.

Перничињата за гради се продаваат на „Амазон“, а се носат под облеката и даваат илузија на мускулести гради. Производот е достапен во две бои – црна и беж, па претставниците на посилниот пол не мораат да се плашат дека ќе се видат преку облеката.

Зависно од бојата, цената на перничињата се движи од 5580 до 4980 јени, а како што се наведува во описот на производот, направени се од најлон и сунѓери. Можат лесно да се извадат и стават.

Од компанијата велат дека носењето на овие перничиња ја зголемува самодовербата кај мажите, но и мотивацијата, бидејќи добиваат вистинска слика за тоа како ќе изгледаат ако се фатат за тренинг, што би многумина да инспирира да се потрудат и да вежбаат.

Прикажи повеќе...

Бизарно

Брат и сестра не плаќале даноци зашто тоа било против божјата волја, должат над 2 милиона долари

Објавено пред

Брат и сестра во Австралија, кои одбиле да плаќаат даноци со објаснување дека тоа е против божјата волја, ќе мора со одлука на судот да платат повеќе од 2,3 милиона австралиски долари.

Фани Алида Бирепут и нејзиниот брат Рембертус Корнелис Бирепут од 2011 година одбиваат да плаќаат даноци тврдејќи дека тој чин би претставувал бунт против бога.

Христијанските мисионери неделава биле изнесени пред Врховниот суд во Тасманија поради даночен долг од над 930.000 австралиски долари и други насобрани долгови.

Судот им рекол дека во Библијата не пишува: „Да не се плати данокот“ поради што ќе мора да го платат долгот кон државата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Инспекторот Илиевски поднесе прекршочна пријава за ректорот и за тетовскиот универзитет

Просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски поднесе прекршочна пријава во тетовскиот Основен суд за Државниот универзитет во Тетово и за ректорот Вулнет...

Македонија4 часа

Жбогар е уверен дека законот за Обвинителството ќе биде донесен со консензус

Eвроамбасадорот Самуел Жбогар при денешната посета на Општина Новаци изрази надеж дека парламентот ќе го донесе законот за Обвинителството со...

Македонија4 часа

Обвинителството го доби извештајот од телефонот на Јанева

Обвинителството за организиран криминал и корупција го доби извештајот од вештачењето на мобилниот телефон на обвинителката Катица Јанева, но во интерес...

Македонија5 часа

Заев на одмор во Охрид и Грција, Шекеринска во Скандинавија, Царовска во Турција

Премиерот Зоран Заев со семејството ќе замине на одмор по празникот 2 Август, Илинден, во Охрид и во Грција, министерката...

Македонија6 часа

Хелсиншки комитет: Рекорден број дела од омраза во 2018 година, негативниот тренд продолжува и годинава

Во периодот од 2013 до крајот на 2018 година Хелсиншкиот комитет евидентирал 508 инциденти сторени поради омраза, беше соопштено на денешната прес-конференција по повод Европскиот...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија9 часа

Кривичниот суд вторпат го одби барањето на Кочан за одложување на казната

Кривичниот суд по вторпат го одби барањето на бизнисменот Сеад Кочан, осуден во предметот „Труст“ на специјалното јавно обвинителство, да...

Свет10 часа

Итна седница на британската Влада, се бара безбедна пловидба во Заливот

Британската Влада свика итна седница на која ќе се расправа за одговорот што треба да се испрати на Иран, по...

Свет10 часа

Иран уапси 17 шпиони на ЦИА, некои се осудени на смрт

Иран уапси 17 шпиони кои работеле за Централната разузнавачка служба на САД (ЦИА), а некои од нив се осудени на...

Свет11 час

(Видео) Масакр во луксузно одморалиште, убиени 5 лица, а 6 се повредени

Вооружен напаѓач уби петмина мажи и рани уште шест лица во популарен бар во мексиканскиот град Акапулко, што е уште...

Свет11 час

Иран ѝ се закани на Велика Британија со ескалација на тензиите во Заливот

Со оглед дека британските официјални претставници одбиваат да ја исклучат можноста за воведување санкции кон Техеран, иранскиот амбасадор во Велика...

Свет12 часа

Израел почна да урива палестински згради

Израелските работни тимови почнаа да уриваат десетина илегално изградени палестински згради во источниот дел на Ерусалим. Денешното уривање ја прекинува...

Свет12 часа

Зеленски ѝ понуди сојуз на рок-ѕвезда

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, чија партија убедливо води на предвремените парламентарни избори со 43,9 отсто од гласовите, според излезните анкети,...

Македонија22 часа

Голем пожар во Едриличарскиот клуб во Струга

Голем пожар избувна попладнево во бараките на Едриличарскиот клуб во Струга што се наоѓа кај „Машката плажа“ во градот. За...

Македонија24 часа

Спасовски: МВР без налог од судот не може да знае каде е Јанева

МВР без налог од судот или обвинителството не може да знае каде е Катица Јанева. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски,...

Регион1 ден

Мицотакис ја претстави владината програма, на соседите им порача дека соработката ќе го одреди нивниот пат кон ЕУ

Грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис денеска во грчкиот Парламент ја претстави владината програма, во рамки на  тридневната расправа за добивање доверба на...

Македонија1 ден

Запленет глисерот на Зоран Кичеец

Запленетиот глисер во Охрид, е во сопственост на второосомничениот во случајот „Рекет“, Зоран Милевски познат како Зоки Кичеец, потврдуваат од...

Македонија1 ден

„Анима мунди“: Познат е сторителот кој свирепо уби куче во Стојаково, бараме најстрога казна

Монструозниот чин на кој сведоци беа жителите на селото Стојаково во Богданци, кога куче беше запалено со бензин е пријавен...

Македонија1 ден

(Видео) Жителите на Аеродром против центар за зависници, бараат тие да се лечат на периферијата

Жители на скопската населба Аеродром излегоа на протест, по иницијативата за преместување на зависниците од центарот во Кисела Вода, во...

Свет1 ден

(Видео) Иран објави снимка од заземањето на британскиот танкер

Иранската револуционерна гарда објави видеоснимки за кои тврдат дека ги покажуваат моментите кога нејзините припадници го заробиле британскиот танкер „Стена...

Свет1 ден

Шест лица починаа поради жешкото време во САД

Најмалку шест лица го загубиле животот поради рекордно високите температури во САД, објави „Гласот на Америка“. Според властите, жртвите се...

Досие