Контакт

Бизарно

Победа на најсмрдливата патика

Објавено пред

Седум млади натпреварувачи од разни делови на САД вложија максимум за да се закитат со бизарната титула на сопственик на најсмрдливите патики на 42-то по ред натпреварување National Rotten Sneaker Contest во Њујорк.

Првото место го освои 12-годишниот Конор Слокомб од Алјаска кој може да се смета за среќен, бидејќи тоа му успеа во третиот обид откако изминатите години ви намерите му попречија конкурентите.

Победата ја прогласи четоричлено жири, а Џорџ Олдрич, хемиски стручњак од американската агенција за вселенски истражувања NASA ја образложи одлуката велејќи дека Слокомб успеал да ги создаде сите мириси кои може да се најдат во една обувка.

„Еден е многу силен мирис на распаѓање, а го следи продорен остар мирис кој го штипи носот и предизвикува солзи во очите. А потоа мирис кој ве тера да скокнете на нозе, тоа е ненамерна реакција. Сите три се присутни во неговата обувка“, вели Олдрич.

Техниките за постигнување такви мирисни смеси се сложени, па затоа е важно да не се обуваат чорапи и, меѓу другото, да се оди низ кал. Слокомб изјави дека неговата тетка има фарма на којашто тој понекогаш помага, па кога ќе види животински измет свесно гази во него, изјави гордо.

Дома си замина со награда од 2.500 долари и влезници за претстава на њујоршки Бродвеј.

Натпреварувањето го покренала продавница за спортска опрема од сојузната држава Вермонт во 1974 година, како начин за промовирање на продажбата на новите линии патики./крај/мф/сн

 

( Photo by John Angelillo/UPI )

 

 

 

(Photo by John Angelillo/UPI )

 

(Photo by John Angelillo/UPI )

 

( Photo by John Angelillo/UPI)



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Бизарно

Брус Ли се врати во Мостар – полицијата успеа да ја пронајде украдната статуа

Објавено пред

Украдената статуа на легендарниот актер и мајстор за боречки вештини Брус Ли, која беше поставена во големиот градски парк во Мостар во 2005 година, беше пронајдена од полицијата, а злосторникот што ја украл и сокрил е уапсен.

Статуата исчезна од паркот во Мостар на 3 март, а како што утврдила полицијата, статуата била одвоена од постаментот со пила и украдена. Потоа се преземени сите истражни мерки за пронаоѓање на статуата и изведување на сторителот пред лицето на правдата.

Настанот предизвика бројни осуди, критики, коментари и бура од реакции, бидејќи статуата во најголемиот град во Херцеговина стана своевидна атракција.

Автор на бронзената статуа на Брус Ли е загрепскиот академски скулптор Иван Фијолиќ, а споменикот во неколку наврати беше мета на вандали кои неколкупати го оштетуваа, па градските власти претходно го отстранија поради санација и доработка.

Прикажи повеќе...

Бизарно

(Видео) Мона Лиза посипана со супа: Две жени го нападнаа познатото ремек дело во Лувр

Објавено пред

На снимката се гледаат две демонстрантки како се прикрадуваат под бариерите заштитувајќи го ремек-делото на Леонардо да Винчи пред да ја потурат сликата со супа.

Потоа и двете ги соблекле јакните за да откријат бели маици на кои со големи црни букви беше испишано „Riposte Alimentaire“ – што значи „Одговор на храната“.

Сликата се наоѓа во музејот Лувр во Париз.

Демонстрантите, наводно, барале право на „здрава и одржлива храна“.

Ова не е прв пат Мона Лиза да биде мета на климатски активисти – во мај 2022 година, демонстрантите фрлија торта врз неа.

Маж преправен во постара жена во инвалидска количка фрли торта врз непроценливото дело, пред да извика „мислете на планетата!“ додека беше придружуван надвор од зградата.

Се обидел да го скрши и заштитното стакло пред сликата, но не успеал.

Прикажи повеќе...

Бизарно

УФЦ шампион донел девојка дома да ја вери, па дознал дека веќе е омажена

Објавено пред

Навистина бизарна ситуација му се случила на актуелниот шампион на УФЦ во полутешка категорија, Алекс Переира. Тој тврди дека неговата поранешна свршеница Мерл Кристин во текот на целата врска криела дека веќе била мажена за друг маж!

Се чинеше дека на Переира му цветаат рози на сите полиња. Тој е непобедлив во октагонот, а одлично му оди и на љубовен план… Беше во долгогодишна врска со избраничката Мерл Кристин и планираше да се венчаат, но потоа откри дека неговата саканата водела двоен живот.

Кристин била во брак додека била во врска со познатиот борец. Барем така тврди Переира.

Прикажи повеќе...

Најново

Култура21 секунда

Поетот Христо Петрески освои престистижна награда во Црна Гора

На Меѓународниот поетски фестивал Брегот на поетите во Даниловград (Црна Гора), македонскиот поет Христо Петрески ја освои највисоката и единствената...

Македонија3 минути

Делови од Бутел и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 08.00 до 12.00 часот, корисниците...

Забава6 минути

Проблеми за некои, големи промени за други: За хороскопските знаци, ова ќе бидат најпредизвикувачките датуми во јуни

Јуни 2026 година ќе донесе многу можности за напредок, нови познанства и прекрасни летни моменти, но според астролошките толкувања, неколку...

Забава9 минути

(Видео) Се ожени Саша Ковачевиќ: Крунисување на децениска љубов на интимна церемонија

Српскиот пејач Саша Ковачевиќ ѝ предложи брак на својата долгогодишна девојка Зорана Тасовац минатата година, а потоа дојде прекрасната вест...

Свет24 минути

Израел ги затвора граничните премини кон Газа: „Имаат доволно храна“

Израелската владина агенција COGAT објави дека ги затвора премините Рафа и Керем Шалом кон Газа до понатамошно известување. Агенцијата додаде...

Свет26 минути

Амбасадор: Израелската војска ги погоди иранските места за лансирање ракети и инфраструктура

Израелската војска ги погоди иранските места за лансирање ракети земја-земја и инфраструктурата што не се поврзани со енергетскиот сектор, изјави...

Европа31 минута

Зеленски во Лондон: На ​​Украина ѝ е потребна дополнителна воздушна одбрана

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера му рече на британскиот премиер Кир Стармер дека на Украина ѝ е потребно дополнително ракетно...

Свет37 минути

(Видео) Разорен земјотрес ги погоди Филипините: Прв со јачина од 7,8 степени, проследен со серија застрашувачки потреси

Разорниот земјотрес со магнитуда од 7,8 степени што го погоди јужниот дел на Филипините во понеделник, околу 1:30 часот по...

Македонија49 минути

Сончево со мала до умерена облачност, попладне услови за појава на нестабилност

Претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност...