Daily news
Пет заблуди за најпаметните жени
1. Паметните жени се кариеристки.
Да, многу од нив се. Интелигентните луѓе имаат потреба да се развиваат и да учат континуирано. Успехот во кариерата често е последица на оваа потреба за развој, но не е задолжително приоритет. Паметните жени можат да ги пренасочи своите амбиции во различни сфери од животот во зависност од она што мислат дека ќе ги направи среќни, а ако не се на вистинскиот пат секогаш се способни да се преориентираат.
2. Паметните жени се моќни.
Некои моќните жени се паметни, но не мислат дека имаат задолжителна врска помеѓу овие два квалитети. Во суштина би рекла дека една умна жена е многу способна да даде крилја на своите блиски – да бара од нив ист стремеж за развој, кој го движи неа самата. Паметна жена би дозволила на луѓето околу неа да згрешат, бидејќи таа знае дека сопственото искуство е најдобриот учител. Паметна жена е лидер, а не шеф.
3. Паметните жени не се сексуални.
Како и најпаметните мажи најпаметните жени имаат поширок спектар на достапни за нив задоволства. Тие уживаат во својата работа, на патувањата, на успесите, најубавата храна, како и на добриот секс. Паметните луѓе не имаат секс со кого и да е, но тоа не ги прави помалку сексуални.
4. Паметните жени не сакаат да станат мајки и домаќинки.
Ако една умна жена си постави за цел да биде добра мајка и домаќинка и наоѓа смисла во тоа, тоа ќе го направи. Може тоа да не е типична слика, бидејќи паметна жена не би си дозволила да стане финансиски зависна. Но многу паметни жени избираат привремено да му с оддадат на домот, затоа што знаат дека при потреба секогаш можат да бидат финансиски независни. Ќе препознаете паметна домаќинка во тоа дека таа не се фокусира над едно нешто и не губи време. Презема иницијативата, учи нови работи постојано и развира интереси. За секој е очигледно дека не зависи од партнерот, иако заработува пропорционално помалку. Подготвена е за неколку недели да се врати во професионалниот свет, бидејќи контактите и квалификациите не се намалуваат со времето.
5. Паметните жени остануваат сами.
Една од најголемите заблуди! Тоа дека најпаметните преферираат да се сами отколку да се во лоша компанија не е причина да останат сами засекогаш. Всушност секој кој тврди тоа има ужасно мислење за мажите. Паметните мажи сакаат паметни жени и обратно, при тоа, повеќето од нив знаат како и каде да ги исполнат. Ако за определен период на време нема соодветен човек на хоризонтот тоа не станува повод за очај. Понекогаш најпаметните жени се фокусираат целосно на кариерата, но дури и тогаш тие не се осудени да бидат сами. Тие знаат дека стереотипите за “соодветен” маж се често клишеа и се свесни дека ако сакаат да имаат и семејство и кариера без да се прават компромиси ќе управува интереси кон нежни и полни со љубов мажи кои би се оддале на домот и семејството, бидејќи знаат дека јавното мислење не може да им диктира со кого да бидат. Тие знаат како да одберат добар татко за своите деца, особено ако тие се луѓето кои почесто ќе се зафатени со живот. А ако жената сака да биде со маж оддаден на кариерата како неа и во нејзиниот живот нема време за дете, таа е свесна дека нема да се чувствува помалку жена ако избере опцијата да не биде мајка. Тоа не би притеснило една умна жена, особено кога одлуката е донесена свесно од неа самата.Крај/мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Прва правна конференција Tres Partes
На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.
Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.
Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.
Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.
Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.
Daily news
Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната
Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.
Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.
За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.
Daily news
Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера
Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.
Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.
„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.
Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.
Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.