Контакт

Бизарно

Боливија легализираше право на работа за деца од 10 години

Објавено пред

Боливиските власти усвоија закон со кој на деца од 10 годишна возраст им се дава право да работат, со образложението дека е неопходен таков пропис поради тешката состојба во осиромашената држава.

 

 

Снижувањето на старосната граница за вработување на деца наиде на осуда на бројни критичари, додека Меѓународната организација за труд (ILO) покрена истрага во врска со законот, укажувајќи дека со него се кршат глобалните прописи за вработување.

 

Според новиот закон, минималната возраст за вработување е 14 години, во вонредни околности децата може да работат од 12 години за некој работодавач, додека старосната граница за самовработување изнесува 10 години.

 

Во претходниот закон за труд немаше никакви исклучоци и минималната граница за вработување беше 14 години, што ILO го одбрува за некои држави во развој и покрај тоа што глобалната граница е 15 години.

 

Граѓаните на Боливија често рано почнуваат со работа поради сиромаштијата, а најголем дел од децата обично работата во земјоделството или на улица како продавачи на храна или чистачи на чевли. /крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Бизарно

„Фолксваген“ се извини поради расистичка реклама за новиот „голф“

Објавено пред

Управниот одбор на „Фолксваген“ денеска се извини за расистичката реклама објавена на инстаграм-профилот на компанијата, која се однесува на новиот модел „голф 8“.

Од компанијата велат дека контроверзното видео било објавено поради недостиг на сензибилитет за културната различност, а не поради расистички намери.

„Можеме да кажеме дека расистичките намери немаат никаква улога во објавувањето на ова видео. Откривме недостиг на сензибилитет и процедурални грешки“, рече Хилтруд Вернер, член на Управниот одбор на „Фолксваген“, надлежен за правни работи.

„Исто така, во име на одборот, сакам официјално да се извинам до луѓето кои се повредени поради недостигот на меѓукултурна чувствителност во овој случај“, додаде Вернер.

На видеото се гледа црнец кој стои покрај новиот модел на „голф“ и поместуван од џиновска бeла рака која во еден момент го турка во влез на зграда со натпис „Петит Колон“.

„Петит Колон“ е вистинско кафуле во Буенос Аирес, сместено во близина на театарот „Театро Колон“. На француски јазик, тоа значи „мал доселеник“ што има колонијални конотации.

„Фолксваген“ и претходно имаше слични гафови.

Во март минатата година, надзорниот одбор го осуди потегот на тогашниот извршен директор на „Фолксваген“, Херберт Дис, кој рече дека „EBIT (профитот пред камата и даноци) macht frei“.

„Arbeit macht frei“ (Работата ослободува) е натпис кој стоел над вратата на концентрацискиот логор Аушвиц.

Прикажи повеќе...

Бизарно

Холивудски ѕвезди кои се откажале од своите деца

Објавено пред

Холивудскиот актер Ентони Хопкинс ја шокираше јавноста кога објави дека цели дваесет години не разговара со својата ќерка Абигејл ниту пак знае дали има внуци.

Тој не е единствена личност во светот на познатите која има семејни проблеми.

Од своите деца се откажа и Том Џонс, како и актерот Лоренс Фишбурн.

Синот на Том Џонс, Џонатан Беркериј, денес живее како бездомник, а неговиот татко никогаш не пројавил желба да го види.

„Не ги сакам неговите пари, туку сакам само да се запознаеме“, рече несреќното момче.

И легендарниот Лоренс Фишбурн се откажа од својата ќерка, бидејќи снимаше филм за возрасни пред цели десет години очекувајќи дека и таа ќе стане славна како својот татко. Меѓутоа, таа не ја дочека славата поради малата гледаност на филмот.

Заработката била само 60.000 долари.

Прикажи повеќе...

Бизарно

Украинските власти ги ставаат на аукција милениците на луѓето со долгови кон државата

Објавено пред

Расни кучиња запленети во Украина врз основа на судска наредба поради долговите на нивните сопственици, ќе бидат продадени на аукција преку интернет, што предизвика бројни критики во јавноста.

Многумина првично мислеле дека аукцијата на државната интернет-страница за продажба на запленета стока е шега, но кога на аукција се понудиле две кучиња, се покажало дека во прашање се вистински миленици, пишува Би-би-си, а пренесе хрватски „Индекс“.

Опозицискиот пратеник Михајло Волинец објави фотографии од двете кучиња, со порака дека властите ги користат истите како уцена за наплаќање на долговите. Почетната цена за овчарско куче била 44 евра, а за другото била многу пониска сума.

„Навистина мора да ги одземеме милениците од сопствениците“, изјавил украинскиот министер за правда, Денис Маљушка. „Иако беа однесени поради долгови на нивните поранешни сопственици, често се докажува дека ова е најдоброто решение за нив, затоа што во вакви случаи финансиски немоќните газди многу лошо постапуваат кон своите миленици“, рекол тој.

Животот е многу скап за многу Украинци, а во последните години пензионерите имаат проблем со остриот пораст на цената на гасот. Претходно годинава, член на владејачката партија на претседателот Володимир Зеленски се извини откако јавно советувал пензионерка, кој едвај врзувала крај со крај, да го продаде своето куче.

Ресорниот министер исто така се правдал дека запленетите миленици често се откупуваат од страна на сопствениците или нивните роднини и тоа за симболична сума.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија44 минути

168 новозаразени и тројца починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.470 тестирања, а регистрирани се 168 нови случаи на...

Регион2 часа

Србија воведува нови рестрикции поради коронавирусот, најстрого ќе биде во Белград

Во Србија, која веќе два дена е потресена од големи немири, донесени се нови мерки за превенција од коронавирусот. Како...

Регион4 часа

Без гушкање и бакнување, дозволен е само бакнеж на младенците – Хрватска воведува нови правила за свадби

Директорот на хрватскиот Институт за јавно здравје, Крунослав Чапак, истакна дека свадбите нема да бидат забранети и откри кои ќе...

Свет4 часа

(Видео) „Победата дојде“ – во болницата во Бергамо нема пациенти со Ковид-19 во одделот за интензивна нега

Во болницата „Папата Јован“ во Бергамо, Италија, нема повеќе пациенти со коронавирус на одделот за интензивна нега, и тоа 137...

Регион5 часа

(Видео) Полицијата нападнала две новинарки на протестот во Белград

Две новинарки на порталот „Нова.рс“ вчера биле нападнати од страна на полицијата на протестот во Белград. Порталот објави дека новинарката...

Топ5 часа

Комбе со 50 мигранти се превртело на патот Валандово – Струмица, возачот побегнал

Во вечерните часови на 8 јули на регионалниот пат Валандово – Струмица, пред крстосницата за село Раборци, се превртело комбе...

Македонија6 часа

Глоба за угостителски објект, на иста маса седеле четири лица што не биле од исто семејство

Обвинителството предложи глоби за угостителски објект во Скопје и за управителот на правното лице поради непочитување на мерките за заштита...

Регион7 часа

Брнабиќ: Ова се најнасилни протести досега

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, рече дека протестите од изминатите два дена во Белград се најнасилните протести досега, но рече...

Македонија7 часа

Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ може да влезат во земјата само со негативен тест

Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ од денеска може да влезат во земјата само со негативен тест за...

Регион8 часа

Повредени 19 полицајци и 17 демонстранти на протестот во Белград

За време на синоќешните протести и немири пред Собранието на Србија во Белград  повредени се 19 полицајци и 17 демонстранти....

Македонија8 часа

(Аудио) Објавен разговорот меѓу Заев и лажната Грета Тунберг

Руските пранкери Владимир Кузнетсков и Алексеј Столиров го објавија разговорот со поранешниот премиер Зоран Заев, кој мислел дека разговара со...

Регион17 часа

Вулин: Ова е обид за државен удар, се радуваат сите непријатели на Србија

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин вечерва во изјава за ТВ „Пинк“ рече дека она што се случува втора вечер...

Регион19 часа

(Видео) Српската полиција со жестока реакција ги растера демонстрантите од пред Собранието

Група луѓе предводени од Сојузот за Србија се собра попладнево пред српското собраните. Полицијата направи кордони пред влезот во зградата....

Регион20 часа

(Видео) Белград под опсада: Полицијата фрли солзавец, демонстрантите гаѓаат со факли

На протестите во Белград избија и првите инциденти пред Собранието. Се слушнаа неколку детонации, а полицијата фрла солзавец. Демонстрантите извикуваат...

Свет22 часа

Бројот на заболени од коронавирус низ целиот свет надмина 12 милиони

Низ целиот свет oд новиот коронавирус досега се заразиле над 12 милиони луѓе, односно 12.002.132, според најновите податоци објавени на...

Регион1 ден

Вучиќ: Имаме сознанија за вмешаност на странски служби во вчерашниот протест

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги осуди синоќешните протести организирани пред националното собрание, оценувајќи ги како акт на политичко насилство....

Македонија1 ден

За гласање на изборите се пријавиле 137 заболени од коронавирус

Вкупно 137 лица позитивни на коронавирус се пријавиле за гласање на предвремените парламентарни избори, а Државната изборна комисија добила пријави...

Македонија1 ден

163 новозаболени од Ковид-19 во земјата, починаа осум лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.794 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на...

Македонија1 ден

Владата итно ќе одлучува за ПЦР-тестот за патници од регионот

Премиерот Оливер Спасовски информира дека Комисијата за заразни болести ѝ препорачала на Владата од утре при влез во нашата земја...

Регион1 ден

Белград по синоќешниот хаос – запалени автомобили, смет, скршени стакла

Заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, објави на „Фејсбук“ фотографии од хаосот што остана на улиците на Белград по синоќешните немири....

Досие