Забава
Брачниот договор на Наполеон и Жозефина продаден за над 400.000 евра
Брачниот договор меѓу францускиот император Наполеон Бонапарта е продаден на наддавање во Париз за сума од 438 илјади евра, иако првично аукциската куќа Osenat го процени на 80 до 100 илјади евра.
Нов сопственик на оригиналниот документ е парискиот Музеј на писма и ракописи. Копијата којашто ја купил музејот ѝ припаѓала на Жозефина. Церемонијата на склучувањето на бракот на Наполеон Бонапарта и Жозефина се одржала на 9-ти март 1796 година, а брачниот договор бил потпишан на 18-ти март. Во членот 1 од брачниот договор се наведува дека меѓу идните сопружници „нема да има заедничка сопственост“ и тие „на никој начин не се одговорни за долговите на другиот“.Покрај брачниот договор на Наполеон, Музејот на писма и ракописи откупил уште два важни ракописни документа, оној за апсењето на Наполеон по обвиненијата за предавство и за ослободување единаесет дена подоцна (од 9-ти и 20-ти август 1794 година). Нивната вредност достигнала речиси 119 илјади евра, иако претходно биле проценети на 60 до 80 илјади евра.На истата аукција парискиот музеј стана сопственик и на писмото потпишано од уметникот Жак-Луј Давид, коешто го напишал до Наполеон како одговор на неговото барање да направи измени во портретот. На платното, коешто го порачал императорот од уметникот, е прикажана една сцена од неговото крунисување од 2-ри декември 1804 година во париската катедрала Нотр Дам. Уметникот го одбрал моментот кога Наполеон ја крунисува Жозефина, а папата Пие Седми му го дава својот благослов. Давид работел на сликата три години и ја завршил во 1807 година. Во февруари 1808 година платното било првпат јавно претставено. Мајката на Наполеон не присуствувала на крунисувањето, но кога императорот ја нарачувал сликата, тој побарал таа да биде поставена во самиот центар на платното. И овој допис го откупи Музејот за писма и ракописи за 94 илјади евра, иако првично беше проценето на далеку помала сума – 20 до 30 илјади евра./крај/мф/сн
Извор: Le Parisien
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) „Его“ – нова песна, но и спот на Тамара Тодевска и Young Dadi
„Его“ е новиот музички проект на Тамара Тодевска и младиот артист Young Dadi. Музиката и аранжманот се на Роберт Билбилов, текстот е напишан од Дади, а спотот е во продукција на TAKAT STUDIOS.
Станува збор за динамична поп-мелодија, која е надополнета со интересен спот, во кој доминираат двајцата аристи. Спотот е во режија на Генц Халими.
„Среќна сум што навистина по повеќе години објавувам песна, која е дует – соработка со друг артист. Дади е дел од помладата музичка сцена. Го следам подолго време, ми се допаѓа неговата работа и секогаш сакам да дадам поддршка на наши домашни млади артисти. Снимањето на спотот го завршивме за еден ден. Снимавме цел ден и навистина уживав во креирањето на целиот проект“, вели Тамара за создавањето на „Его“.
Текстописец на „Его“ е самиот Дади, кој истакна дека секогаш пишува за моменти во кои учествувал. Преку зборовите сака да пренесе свои лични искуства и тоа е причина повеќе за да верува во песната.
„Ова е прва моја соработка со музичар како Тамара Тодевска, која е една од нашите најдобри и најпродуктивни пејачки – активна десетици години на македонската и регионалната музичка сцена. Можам да кажам дека е навистина убаво и поинакво искуство за мене. Како во процесот на снимање на песната во студио така и во продукцијата на самиот спот. Верувам дека песната ќе биде хит и ќе го одбележи овој период пред летото“, изјави Дади.
Песната ќе биде достапна и на сите музички платформи.
Забава
На новата листа на најубави плажи во Европа, дури четири се хрватски, само една е грчка
Ако ги барате најдобрите плажи во Европа, некои се, всушност, многу блиску, во нашето соседство.
Дури четири хрватски плажи се најдоа на листата на најубави во Европа составена од Book Retreats, популарна онлајн-платформа за барање специјализирано сместување, пренесува Punkufer.hr.
„Во нашата анализа за најдобрите европски плажи за 2024 година Шпанија се покажа како главна европска дестинација за уживање во сонцето, морето и прекрасниот брег. Италија и Португалија не заостануваат, а не треба да се занемари ниту Хрватска со четирите идилични плажи“, пишува Book Retreats.
Најдобрите европски плажи во 2024 година
1. La Concha, Шпанија
2. Praia da Falésia, Португалија
3. Плажа Пасјача, Хрватска
4. Las Canteras, Шпанија
5. Lama Monachile, Италија
6. Cala Comte, Шпанија
7. Tuerredda, Италија
8. Галебове стјене, Хрватска
9. Плажа Мала Радуча, Хрватска
10. Marinha, Португалија
11. San Juan Playa, Шпанија
12. Spiaggia dei Conigli, Италија
13. Cala Saladeta, Шпанија
14. Playa de Mónsul, Шпанија
15. Ponta da Calheta, Португалија
16. Seitan Limania, Грција
17. Praia da Armona, Португалија
18. Опрна, Хрватска
19. Spiaggia di Mari Pintau, Италија
20. Praia do Garajau, Португалија
21. Warnemünde Strand, Германија
22. Primera Playa del Sardinero, Шпанија
23. Terra Estreita, Португалија
24. Porto Giunco, Италија
25. Cala Capreria, Италија
Забава
Бендот „Ареа“ подготвен за акустичното музичко уживање во Филхармонијата
19 и 20 април се датумите резервирани за двата акустични последователни концерти на рок-групата „Ареа“. Концертите се закажани во Филхармонијата, а членовите на групата најавуваат акустична музичка магија и патување низ нивната 30-годишната музичка кариера.
Вакви два концерта „Ареа“ одржа и во 2010 година во Универзалната сала, а интересно е што овој пат на сцената друштво ќе им прават четири девојки, кои се членки на Филхармонијата.
„Со нас ќе настапат уште четири девојки, кои се членки на Филхармонијата – две на виолина и две на виолончело. Така ќе се претставиме со сосема нов аранжман на музика, кој се разликува од оние што ги слушала публика на нашите концерти во живо“, вели Ружица Милошеска-Брчиоска и додава дека со оглед на тоа дека „Ареа“ постои 31 година и зад себе има седум албуми, на сцената ќе има музика за сечиј вкус.
Дека двата најавени концерта ќе бидат поинакви, потврдува и Ивица Брчиоски, гитарист на групата „Ареа“, кој вели дека концертот ќе биде интересен затоа што аранжманите се комплетно изменети и се адаптирани на оркестарот со кој ќе свират.
„Станува збор за акустични аранжмани. Нема да има електрични гитари и ќе звучи сосема поинаку од она што до сега го слушнала публиката. Ќе биде интересно за слушање“, вели Брчиоски.