Контакт

Забава

Брајан Кренстон објави емотивна порака за смртта на неговиот колега од серијата „Breaking Bad“

Објавено пред

Актерот Брајан Кренстон се прости од Ар-Џеј Мите (RJ Mitte), неговиот колега од серијата „Breaking Bad“ кој го играше неговиот син. Кренстон изјави дека чувствува длабока тага по веста за смртта на Мите.

Тој објави нивна заедничка фотографија на социјалните мрежи со порака: „Вечерва пишувам со длабока тага. Ар-Џеј Мите, мојот драг син од ’Breaking Bad‘, почина.“

Кренстон се присети како го запознал Мите кога тој имал 14 години. Ја истакна неговата решителност да живее со церебрална парализа и напиша како тој се развил од тинејџер на сетот во талентиран актер и борец за правата на лицата со попреченост. „Тој беше една од ѕвездите на хит-серијата, но во душата сепак беше дете“, додаде Кренстон.

Тој наведе дека се слушнале пред само неколку недели и планирале ручек, додавајќи дека го боли сознанието оти тоа никогаш нема да се случи. Ја заврши објавата со зборовите: „Сè што знам е дека го сакав… Ќе ми недостигаш, сине.“

Мите, најпознат по улогата на Волтер Вајт Џуниор во серијата „Breaking Bad“, почина на 34-годишна возраст. Извори потврдија за TMZ дека станува збор за самоубиство, а надлежните органи сè уште ги истражуваат околностите на смртта.

Покрај глумата, Мите беше познат и како активист за правата на изведувачите со попреченост. Тој го користеше јавниот простор за да промовира поголема видливост и инклузија во филмската и телевизиската индустрија.

Најново

Спорт2 часа

Раул Гонзалес го напушти РК Партизан

Во ист ден, ракометниот клуб Партизан остана без претседателот на Управниот одбор, тренерот, Раул Гонзалез и еден од најдобрите ракометари,...

Спорт3 часа

Сасуоло остана без тренер

Алберто Аквилани повеќе не е тренер на Сасуоло, објави италијанскиот клуб. „Клубот им се заблагодарува на тренерот и неговиот персонал...

Спорт3 часа

Кејн ја освои „Златната топка“, но не е меѓу 11-те најдобри играчи според гласовите на неговите колеги

Хари Кејн официјално е најдобриот фудбалер на планетата, но според неговите колеги, не е доволно добар за да биде во...

Свет3 часа

Жртви на свештеници-злоставувачи се сретнаа со Папата во Аргентина

Папата Лав се сретна со пет жртви на сексуално злоставување од страна на свештеници во Буенос Аирес, соопшти Ватикан. Ова...

Свет4 часа

САД: Русија и Украина се подготвени за компромис околу територијата

Во неофицијални разговори, Русија и Украина покажуваат одредена подготвеност за компромис околу територијата, во пресрет на новите мировни преговори што...

Свет4 часа

Трамп повторно тврди дека изборите во САД биле наместени

Претседателот на САД, Доналд Трамп, уште еднаш го доведе во прашање интегритетот на конгресните избори одржани на 3 ноември, на...

Свет5 часа

Мерц предупредува на пораст на антисемитизмот во Германија

Канцеларот Фридрих Мерц изјави дека Германија се соочува со тест за својата посветеност кон заштитата на еврејската заедница. Тој ја...

Македонија5 часа

МОН: Продолжува програмата „Суперучилишта“, средношколците од Македонија се поврзуваат со врсниците од регионот

Училишните размени имаат значајно и повеќеслојно позитивно влијание врз образовниот систем. Тие овозможуваат размена на позитивни практики, знаења и искуства...

Македонија5 часа

ОК ВМРО-ДПМНЕ Крива Паланка: Митовски се обидува проблемот со добитокот да го претвори во политичка тема

Денешната прес-конференција на градоначалникот Сашко Митовски, на која побара Владата да прогласи кризна состојба поради проблемот со неконтролираното движење на...