Контакт

Забава

Бред Пит под истрага за злоставување на децата

Објавено пред

Американскиот актер Бред Пит е под истрага на полицијата и социјалните служби на Лос Анџелес поради наводи дека вербално и физички ги злоставувал своите деца во нивниот приватен авион.

Инцидентот поради којшто е покрената истрага се случил минатата среда, кога семејството се враќало во Лос Анџелес. Бред наводно се опил и почнал да вика по децата, а потоа станал и насилен. Ваквото однесување продолжило и кога слетал авионот, пишува ТМЗ. Сето ова го видел  некој кој бил во авионот и во полиција анонимно го пријавил случајот во социјалните служби. Токму овој инциднет ја натерал Аџелина Џоли да поднесе документи за развод. Полицијатаи социјалната служба сега го истражуваат славниот актер, а тој и неговата сопруга веќе се испитани. Наскоро се очекува службите да обават информативни разговори и со нивните деца. Извор близок  до актерот изјавил дека тој го сфаќа ова сериозно, но негирал дека бил насилен кон децата./крај/мф

Забава

Семејството Гучи со остра осуда за нивното портретирање во филмот на Ридли Скот

Објавено пред

Наследниците на Алдо Гучи, кој беше претседател на модната куќа „Гучи“ од 1953 до 1986 година, издадоа официјална изјава во која се вели дека се збунети поради, како што тврдат, нивниот неточен приказ во филмот „Куќата Гучи“ во режија на Ридли Скот.

„Продукцијата на филмот не се потруди да се консултира со наследниците пред да ги опише Алдо Гучи – претседател на компанијата 30 години (го глуми Ал Пачино во филмот) – и другите членови на семејството Гучи како насилници, неуки, и нечувствителни кон светот околу нив“, се вели во соопштението.

Се наведува дека крими-драмата им припишува „тон и став што никогаш не им припаѓале на протагонистите на добро познатите настани“.

„Ова е крајно болно од човечка гледна точка и навреда за наследството на кое денес е изграден брендот“, стои во изјавата.

Заедничката изјава, која првично ја објави италијанската новинска агенција АНСА, а чиј примерок има „Вараети“, нагласува дека Патриција Реџани (ја глуми Лејди Гага во филмот), која беше осудена во 1998 година за помагање на убиството на Маврицио Гучи (го глуми Адам Драјвер) „е прикажана, не само во филмот туку и во изјавите на актерската екипа, како жртва што се обидува да преживее во машка шовинистичка корпоративна култура“.

„Ова не може да биде подалеку од вистината бидејќи во текот на 70-тите години, кога компанијата ‘Гучи’ беше семеен бизнис, таа беше инклузивна компанија“, се наведува во изјавата.

„Гучи е семејство што живее почитувајќи го делото на своите предци, чие сеќавање не заслужува да биде нарушено за да се приреди спектакл што е невистинит и неправеден кон своите протагонисти“.

„Членовите на семејството Гучи го задржуваат правото да преземат акција за заштита на името, имиџот и достоинството на себе и на своите најблиски“.

Прикажи повеќе...

Забава

Ким Кардашјан и Пит Дејвидсон се фотографираа со турист за време на појадок во хотел

Објавено пред

Утринско застанување за топла напивка во Лос Анџелес се покажа како случајна средба со Ким Кардашјан Вест и Пит Дејвидсон за еден среќен турист.

Холандскиот музички новинар Пол Баревијк, кој бил на кус одмор во Лос Анџелес викендот по Денот на благодарноста, разгледувал вили и луксузни продавници на Беверли Хилс кога случајно налетал на парот и ја искористил шансата да направи неколку фотографии со нив.

Баревијк раскажува за „Пипл“ дека налетал на парот во хотелот „Беверли Хилс“ во саботата утрото. Тој пиел утрински чај и разговарал на телефон со мајка му во барот на хотелот. Првин го забележал Дејвидсон, комичарот на Saturday Night Live (28).

„Разговарав со мајка ми на мојот мобилен и сфатив дека Пит седи десно од мене. Потоа се запрашав: со кого зборува? Затоа што, запознаен сум со најновите шпекулации, тогаш ја видов и Ким“, рече Пол.

„Изгледаа среќни и седеа еден до друг. Решив да го скршам мразот, ѝ покажав неколку селфиња што ги направив пред нејзината продавница ‘Скимс’ и потоа тројцата се фотографиравме заедно, а првата беше со неа“, вели Холанѓанецот.

Фотографиите ги објави на својот инстаграм-профил и доби спомени од патувањето што сигурно долго ќе го памети.

Прикажи повеќе...

Забава

Ди Каприо ја продаде вилата во Малибу

Објавено пред

Леонардо ди Каприо ја продаде својата вила на плажа во Малибу за 10,3 милиони долари.

Оскаровецот го продаде имотот свртен кон океанот за 300.000 долари над првично објавената цена, пишува ТМЗ и додава дека тој го купи за 1,6 милион долари во 1998 година.

Двокатниот објект има три спални соби и две бањи. Имотот исто така може да се пофали со платформа која гледа на водата, како и луксузна кујна и приватна патека за автомобили.

Ди Каприо (47) всушност поседува два дополнителни имота во богатиот град. Неговото имотно портфолио се шпекулира дека вреди повеќе од 250 милиони долари.

Холивудската икона има куќи во Палм Спрингс, Њујорк и на приватен остров во близина на брегот на Белизе.

Но, и покрај славата и успехот што го стекна со текот на годините, Ди Каприо претходно призна дека не ужива во сè што доаѓа со славата. Тој во повеќе наврати истакна дека сака да работи во филмскиот бизнис иако не копнее за слава.

Сепак, Ди Каприо, кој е една од најдобро платените ѕвезди во филмската индустрија, знае дека интересот и шпекулациите што го опкружуваат се само дел од неговата работа.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Европа1 минута

(Видео) Австрискиот државен врв затекнат на журка, без маски, најавени кривични пријави

Партијата на слободата на Австрија (ФПО) поднесе жалба против австрискиот канцелар, како и други политичари, за забава по учеството во...

Европа1 час

Блинкен: Потребно е поголемо присуство на ЕУ и САД на Балканот

Австрискиот министер за надворешни работи, Мајкл Линхарт, и министерот за надворешни работи на САД, Антони Блинкен, сметаат дека е потребно...

Свет2 часа

Директорот на „Модерна“: Постојните вакцини помалку ефикасни против новиот сој омикрон

Извршниот директор на фармацевтската компанија „Модерна“, Стефан Бансел, изјави дека е малку веројатно оти вакцините против Ковид-19 ќе бидат исто...

Македонија3 часа

Бугарските власти ќе ги презентираат резултатите од инспекцијата на автопатот по трагичната несреќа на „Струма“

Министерката за регионален развој на Бугарија, Виолета Комитова, нареди увид на патната делница меѓу Драгичево и Горна Дикања по констатираните...

Македонија15 часа

Повреден возач кога македонски камион се превртел на автопат во Хрватска

Камион со платформа за превоз на други возила се превртел на 130-тиот километар од јужната страна на автопатот А3 Брегана...

Македонија17 часа

Сопственикот на „Беса транс“: Си велам зошто не бев и јас во автобусот

Сопственикот на туристичката агенција „Беса транс“, Беким Хаџиу, првпат по стравотната несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија, во интервју за...

Македонија18 часа

Заев – Гаши: Постигната начелна согласност за можна соработка, во тек се консултации за кадровски решенија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, и претседателот на политичката партија Алтернатива, Африм Гаши, имаа работна средба...

Македонија21 час

22 починати и 118 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје,дека во последните 24 часа: Направени се 1.245 тестирања, а...

Македонија22 часа

Филипче: Нема потреба од рестрикции поради новиот сој

Минитестерот за здравство, Венко Филипче, смета дека нема потреба од рестрикции поради појавата на новиот сој омикрон. Вели дека епидемиолошката...

Македонија22 часа

Гаши: Не е одговорно да бараме од СДСМ кој ќе биде мандатар

За нас е битно да се договориме кој е концептот, а не да ги принудуваме политичките партии на решенија, вели...

Европа23 часа

Владимир Гушчин: Постојните вакцини штитат и од сојот омикрон

Постоечките вакцини против коронавирус ќе обезбедат заштита од потешки форми на Ковид-19, како што е и новиот сој омикрон, изјави...

Македонија1 ден

Бурим Сејдини реизбран за претседател на Управен суд

На денешната седница Судскиот совет го избра судијата Бурим Сејдини за претседател на Управен суд. Во соопштението за седницата се...

Европа1 ден

Германски имунолог: Омикрон варијантата можеби потекнува од пациенти со ХИВ

Изненадувачки големиот број на мутации откриени на шилестиот протеин кај новата варијанта на коронавирусот, наречена омикрон, може да укажува дека...

Свет1 ден

СЗО со конкретно соопштение: Mожни се сериозни последици од новооткриената варијанта омикрон

Ризикот од новооткриената варијанта на коронавирусот т.н. омикрон е висок, објави Светската здравствена организација (СЗО). Во своето утринско соопштение, СЗО...

Македонија2 дена

Имаме мнозинство и очекуваме дополнително да се зголеми, рече Османи

Има мнозинство во парламентот кое очекуваме дополнително да се зголеми, изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи одговарајќи на новинарски...

Свет2 дена

Светската медицинска асоцијација: Можеби вакцината против Ковид ќе треба да се дава секоја година

Дополнителна доза од вакцината против коронавирусот веројатно ќе биде потребна секоја година, смета претседателот на Светската медицинска асоцијација, Франк Улрих...

Македонија2 дена

Кои се луѓето кои го следат секој мој потег, прашува Аријанит Хоџа по објавената фотографија од средбата со Муса Џафери

Министерот во оставка од Движењето Беса, Аријанит Хоџа ја искоментира фотографијата што се појави на социјалните мрежи, а на која...

Македонија2 дена

Сопственикот на „Беса Транс“: Овие тестови се од Алах

Сопственикот на автопревозникот „Беса Транс“, Беким Хаџиу, преку социјалната мрежа „Фејзбук“ се огласи во врска со автобуската несреќа во која...

Свет2 дена

ГАВИ: Омикрон видот се појави поради неправедната распределба на вакцините во светот

Меѓународната асоцијација за промоција на правична вакцинација во светот, ГАВИ, оцени дека појавата на новиот сој на коронавирусот-омикрон укажува на...

Македонија3 дена

Почна постапката за кандидирање за претседател на СДСМ, изборите на 12 декември

Централниот одбор на СДСМ на синоќешната седница донесе одлука за започнување на процесот за организирање внатрепартиски непосредни избори за претседател,...

Досие