Забава
Британка без матка роди близнаци
Дваесет и осумгодишна Британка, на која лекарите и рекле дека никогаш нема да стане мајка, роди близнаци.
Хејли Хејнс е родена без матка, но и покрај сè, по успешното лекување и со методот ’ин витро’ стана мајка на две девојчиња.
Хејли, уште кога имала 19 години, лекарите и рекле дека никогаш нема да може да роди, бидејќи генетски нема женски органи. За среќа, судбината решила поинаку и таа се сретнала со Сем, кој и предложил брак и покрај тоа што знаел дека не можат да имаат деца.
Набргу лекарите им ја вратиле надежта, откако откриле дека жената има недоразвиена матка. Со помош на хормонална терапија тие успеале да ја развијат, да биде во состојба да носи дете. Веројатноста за забременување била 60%, но и покрај тоа, Хејли и Сем станале среќни родители на близнаците Ајвори и Дарси, кои се со одлично здравје. /крај/бг/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Луѓето се шокираа од изгледот на Адријана Лима: „Претерала со ботоксот“
Бразилската манекенка Адријана Лима последните години беше цел на хејтерите, кои го критикуваа нејзиниот изглед, а во последно време таа ретко се појавува на јавни настани.
43-годишната Адријана сега се појави на премиерата на филмот The Thicket и повторно изненади со изгледот на нејзиното лице со видно искосени очи и кренати веѓи.
Фановите претходно ја обвинуваа дека претерала со ботокс и филери, а таа на хејтерите им одговори со објавување фотографија без шминка.
„Лицето на уморна мајка на тинејџерка, две предтинејџерки, активно момче, едногодишно дете, кое учи да оди, и три кучиња… Ви благодариме за грижата“, напиша таа тогаш.
Адријана пред шест години се повлече од светот на манекенството и се посвети на семејството. Со поранешниот сопруг, српскиот кошаркар Марко Јариќ, таа има две ќерки – Валентина (14) и Сиена (11), а со сегашниот сопруг, филмскиот продуцент Андре Лемер, го има двегодишниот син Сијан.
Забава
Една од најубавите жени на светот го привлече вниманието на шоуто на црвениот тепих во Венеција
Романската актерка и модел Мадалина Генеа, која е позната како една од најубавите жени на светот, прошета на црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Венеција и ја воодушеви публиката со својот изглед.
37-годишната Мадалина се појави на премиерата на филмот Joker: Folie a Deux во тесен фустан со светки, со долга, пуштена коса и насмеано им позира на фотографите.
Покрај тоа, актерката се појави и на премиерата на филмот Queer, а беше облечена во беж фустан со качулка и со изрез што ги истакна нејзините долги нозе.
Убавата Романка беше во врска со Џерард Батлер и Леонардо ди Каприо, а на крајот се омажи за романскиот милијардер Матеи Стратан, со кој има 7-годишна ќерка.
Забава
Ортега призна дека ѝ е тешко да се справи со славата: „Тоа е страшно чувство“
Џена Ортега, ѕвездата на новото продолжение на „Бубимир“, откри дека тешко се справува со славата.
Ортега, која се прослави со улогата во серијата на Тим Бартон во средата, ја почна својата кариера на 10-годишна возраст во серијата „Заглавени во средината“ на каналот „Дизни“ и во хит-серијата Jane the Virgin, а глумеше и во филмот Iron Man 3“.
21-годишната актерка во интервју за МТВ зборуваше за својата почит и восхит кон колешката Винона Рајдер, ѕвезда на филмот „Бубимир“ од 1988 година, која исто така се појавува во продолжението.
Ортега објасни како разговарала со актерката за сличностите меѓу нив. Имено, и Рајдер ја почнала својата кариера на рана возраст. На 15-годишна возраст глумела во филмот „Лукас“ од 1986 година, а наполнила 16 години за време на снимањето на „Бубимир“.
„Седнавме и разговаравме за тоа долго време. И тоа е навистина, навистина охрабрувачко и утешно, особено затоа што кога го снимавме продолжението на ‘Бубимир’, немаше ниту една година откако излезе, па сè беше уште ново“, изјави Ортега и објасни дека не е лесно да се справиш со славата.
„Тоа е страшно чувство. И не го велам тоа за да се пожалам. Се случуваат многу работи. И, дефинитивно, е приспоосбување“, признала таа.
„Многу сум благодарна што сум таму каде што сум, а и Рајдер ми го кажа тоа. Не знам, тоа беше една од работите околу кои се врзавме“, рече таа.
Во новото продолжение на „Бубимир“ играат и Мајкл Китон, кој повторно се најде во главната улога, и Кетрин О’Хара, која исто така глумеше во филмот од 1988 година.