Забава
ЦИА: Не постојат НЛО-а, тоа бевме ние
Сите кои веруваат дека виделе НЛО-а, ќе останат разочарани, откако ЦИА обелодени дека зад ваквите појави стои тестирањето на авионите за шпионирање.
Како што пишува NY Post, во извештајот на ЦИА, се посочува дека при тестирањето на шпионскиот авион У-2 се случиле многу јавувања за појава на НЛО.
Во средината на 50-сеттите години на минатиот век, повеќето комерцијални авиони летаа на висини од 3.000 до 6.000 метри, додека воените авиони летале под 12.000 метри. Но кога бил конструиран У-2, кој летал на 18.000 метри и повисоко, таа оддалеченост била многу голема во однос на растојанието од комерцијалните летови, па неговите сребрени крила ги рефлектирале сончевите зраци, што некому одоздола му се чинело како огнен светлечки објект, се вели во извештајот на авторите Грегори Педлов и Доналд Велзенбах, што беше меѓу најчитаните материјали на ЦИА во 2014 година, со што ЦИА се пошегува и на Twitter.
Со оглед дека јавноста не знаела за тестирањето на шпионските авиони и дека до тогаш никој не верувал дека човек можел да лета на висини над 18.000 метри, светлината на небото се толкувала како НЛО.
Бројот на дојави на пилоти, но и на оние од земјата, бил толку голем, што била покрената операција ’Сина книга’, која требало да истражи што се случува на небото. Ги споредиле дојавите за НЛО со податоците за прелетите на У-2 и се констатирало дека повеќе од половината што се изведени кон крајот на 50-сеттите и почетокот на 60-сеттите години се поклопува со дојавата на луѓето што тврделе дека виделе НЛО Но, истражителите тогаш, како што тврдат од ЦИА, не можеле да и ја откријат на јавноста вистината. /крај/дн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Алберт од Монако проговори за сопругата: „Многу е вознемирена поради тоа што се пишува“
Принцот Алберт од Монако во ново интервју, по повод неговиот 66-ти роденден, изјави дека неговото семејство и јавноста го поддржале откако поранешен сметководител го обвини за финансиски неправилности. Сепак, тој призна дека неговата сопруга, принцезата Шарлин, е многу вознемирена поради се.
Принцот Алберт зборуваше за Paris Match два месеци откако сметководителот Клод Палмеро откри дека личните трошоци на Шарлин скокнале на повеќе од 1 милион евра годишно.
„Шарлин беше многу вознемирена и тажна поради одредени работи кои излегоа во медиумите. Се поддржувавме еден со друг. Таа се врати на многу нејзини активности, презема повеќе јавни ангажмани, на општо задоволство на сите“, рече тој.
Протечените документи го обвинуваат и кралското семејство дека вработува илегални имигранти. Палмеро (67) беше задолжен за финансиите на кралското семејство повеќе од две децении, но се повлече во јули.
Принцезата Шарлин ја нарекуваат „најтажната принцеза на светот“ затоа што речиси никогаш не се насмевнува во јавност. Нејзиниот брак со Алберт често се зборуваше дека е во криза, но парот продолжува да се појавува заедно во јавноста.
Забава
Италијански модел: Толку сум убава што луѓето мислат дека сум вештачка интелигенција, тоа е фрустрирачки
Италијанската манекенка Инес Трокија има 1,6 милиони следбеници на Инстаграм и ги израдува обожавателите со своите фотографии. 29-годишната инфлуенсерка од Неапол соработувала со многу познати имиња во светот на модата, од Филип Плејн до Долче и Габана, а со своите следбеници често споделува фотографии кои собираат стотици илјади лајкови.
View this post on Instagram
Сепак, убавата Италијанка се соочува со малку бизарни обвинувања. Имено, Инес тврди дека е толку убава што луѓето често ја обвинуваат дека е модел со вештачка интелигенција, пишува New York Post.
View this post on Instagram
„Исклучително е фрустрирачки што луѓето мислат дека сум модел со вештачка интелигенција. Тоа е сосема лудо за мене”, се пожалила Инес, која со години позира пред камерите и го усовршува својот талент.
View this post on Instagram
„Шокантно ми е тоа што некои луѓе се прашуваат дали сум реална. Мислам дека мојот профил не личи на бот-профил. Секогаш можеш да кажеш кога се користел модел со вештачка интелигенција бидејќи тие го имаат истиот тажен израз на секоја фотографија и видео“, објасни таа.
Покрај тоа, таа објасни дека измамниците често и прават фотографии и видеа, а потоа и фотошопираат друго лице на нејзиното тело.
View this post on Instagram
„Некој од бот профил ми украде едно од видеата и таму доби повеќе прегледи отколку на мојот профил. Разговарав со некои мои колеги и пријатели од индустријата и тие го имаат истиот проблем“, објасни Инес, на која не и се допаѓаат модели со вештачка интелигенција.
View this post on Instagram
„Некои од профилите со вештачка интелигенција што ги видов поставуваат невозможни стандарди. Моделите со вештачка интелигенција имаат тенденција да имаат супер бебешки лица со гради и црти на лицето непропорционални со нивните тела“, заклучи таа.
View this post on Instagram
Инаку, моделите со вештачка интелигенција неодамна станаа хит на Инстаграм, а една од нив е виралната сензација Емили Пелегрини, која го привлече вниманието на милионерите и спортистите. Единствениот проблем е што, за разлика од Инес, таа не е вистинска.
Забава
Фотографија од Ристовски и 39 години помладата девојка само во костим за капење, актерот го споредуваат со Џејмс Бонд
Актерот Лазар Ристовски отпатува на Малдивите со својата 39 години помлада девојка, Аница Лазиќ.
Таа на својот инстаграм-профил објави фотографии од споменатиот остров, но сега сподели и една со актерот.
View this post on Instagram
На фотографијата тие двајца излегуваат од кристално чистата вода и се држат за раце уживајќи во љубовта заедно.
„Кога тој води, не прашувам каде“, напиша Аница во описот на објавата.
Под објавата се појавија коментари, а еден особено го привлече вниманието бидејќи актерот го споредуваат со Џејмс Бонд.
„Се викам Ристовски, Лазар Ристовски“, е само еден од коментарите.
Лазар Ристовски не сака многу да зборува во медиумите за врската со помладата девојка.