Забава
Deeper underground festival од Охрид се сели во Скопје
Deeper underground festival, кој требаше да се одржи во Охрид, се сели во Скопје, соопштија од „Авалон продукција“.
Фестивалот ќе се одржи на 15 и 16 август на просторот на „А1 арената“ на отворено, а настапот на Meduza е откажан.
„Историски тешки времиња бараат историски напори, но се надеваме дека сето тоа ќе резултира со навистина историски успешен настан во ова неверојатно тешко време. Па, ве известуваме дека од логистички причини: избегнување метеж, паркинг и можност за 100 % спроведување на протоколите, ‘Авалон pродукција’ заедно со менаџментот и артистите на фестивалот одлучи Скопје да биде домаќин на првото издание на Deeper underground festival, кој ќе се одржи на просторот на ‘А1 арената’ на отворено“, соопштија од продукцијата.
Организаторите исто така соопштија дека наместо три, фестивалот ќе трае два дена.
„За жал, наместо тридневен фестивал, ќе имаме настан што ќе трае два дена од следнава причина. Имено, поради редуцираните авионски линии за Македонија и околината, како и моментната состојба со коронавирусот во нивната држава, Италија, не сме во можност да обезбедиме 100 % сигурен транспорт за него и поради тоа, доаѓањето на Meduza во Македонија ќе остане за некоја друга и подобра пригода“, велат од „Авалон продукција“.
Пионерите на dnb-сцената RONI SIZE & LTJ BUKEM со Dynamite MC ќе настапат на 15 август, а ARTBAT на 16 август.
Цената на дневните билети останува иста – 1.200 денари, а сега блок-влезницата за двата фестивалски дена изнесува 1.500 денари и може да ги набавите онлајн на avalon.mk, Avalon music & ticket store и преку продажната мрежа на „Авалон“ низ Македонија.
Оние што имаат купено влезници само за Meduza и не сакаат да присуствуваат на Deeper underground festival, средствата ќе може да ги рефундираат од оние продажни места од каде што ги имаат купено билетите.
Во продажба се само 3.000 влезници од вечер, а во согласност со протоколите за превенција од Ковид-19 капацитетот на просторот кај „А1 арената“ за овој настан ќе биде адаптиран на 20 % од вкупниот, кој е за 15.000 посетители.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Eден од омилените сараевски бендови се враќа на сцената по петгодишна пауза
На сцената се враќа легендарниот сараевски бенд „Плави оркестар“, омилениот бенд на некои луѓе во регионот. Бендот првпат по пет години ќе настапи на 6 јули во Славонски Брод, на 3 август во Опатија, на 24 август во Сплит и на 1 септември во Врсар.
Кариерата на бендот ја одбележаа големите хитови, како што се песните „Суада“, „Каја“, „Подобро пијан отколку стар“, „Сава тихо тече“, чија популарност и присуство постои со години.
Бендот беше основан во Сараево во 1983 година како дел од движењето „Нови примитивци“, во кое беа вклучени и „Забрането пушење“, Елвис Ј. Куртовиќ и некои други музичари од Сараево. Критичарите го сметаат бендот за еден од најголемите културни феномени во осумдесеттите и деведесетите, близок и на постарите и на помладите генерации слушатели.
Издадоа 8 албуми, кои се продадени во над 5 милиони примероци, а неколкупати го обиколија светот со вкупно повеќе од 1.500 концерти.
Забава
Големото враќање на Селин Дион: „Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи“
Помина повеќе од една година откако Селин откри дека боледува од синдром на вкочанетост, ретко невролошко нарушување, кое може да предизвика грчеви во мускулите и губење на подвижноста. А сега во интервју за „Вог“, Дион, меѓу другото, проговори и за својата болест и рече дека живее ден за ден.
Како уметник што настапува пред светската публика од својата 13-та година, Дион рече дека ѝ било тешко да се помири со дијагнозата.
„Како што гледам, имам два избора, или да тренирам како спортист и да се снајдам одлично или да се исклучам и готово, да останам дома, да си ги слушам песните, да застанам пред огледало и да си пеам“, изјави пејачката.
Канадската уметница откри дека пет дена во неделата оди на атлетска, физичка и вокална терапија.
„Работам на прстите, колената, листовите, прстите, пеењето, гласот… Морам да научам да живеам со тоа сега и да престанам да се преиспитувам себеси“.
Селин за „Вог“ признала и колку ѝ било тешко кога ја добила дијагнозата.
„На почетокот се запрашав: ‘Зошто јас? Како се случи ова? Што направив? Дали е моја вина?’ ‘Животот не ти дава одговори. Тоа е сѐ што ви треба за да живеете. Ја имам оваа болест од непозната причина’“, рече таа и додаде дека „има сила во себе и знае дека ништо нема да ја спречи“.
Забава
(Видео) Џорџина и Роналдо објавија видео од плажа, им се допадна на три милиони луѓе
Џорџина Родригез на „Инстаграм“ објави романтично видео на кое ужива на плажа со својот партнер Кристијано Роналдо ставајќи крај на шпекулациите за проблеми во врската.
View this post on Instagram
„Во рајот со тебе“, напиша таа покрај видеото на кое се шетаат на плажа и се бакнуваат, а видеото им се допадна на повеќе од 3 милиони луѓе.
Роналдо на својот „Инстаграм“ сподели и фотографии од одморот, каде што покажа како се забавуваат и напиша: „Среќа“.