Забава
Џони Деп и е рамо за плачење на Анџелина Џоли
Колегата Џони Деп и е рамо за плачење на актерката Анџелина Џоли која неодамна се разведе од долгогодишниот партнер, актерот Бред Пит, јавуваат странските медиуми.
По препорака на Деп, Џоли ја ангажираше славната адвокатка Лора Васер, која го застапуваше Џони Деп за време на неговиот развод со колешката Амбер Херд.„Анџелина со години го обожува Џони, а се зближија на снимањето на филмот „Турист“. Тие двајца останаа во контакт и редовно се слушаа за време на скандалот кој избувна за време на неговиот развод со Амбер“, изјавил извор за “The Sun”.Џони и Амбер се запознаа на снимањето на филмот „Дневник на румот“, а се венчаа во 2015 година по неговото раскинување со долгогодишната партнерка Ванеса Паради со која има две деца.Амбер ги поднесе документите за развод во мај, заедно со забрана за приближување против Џони, за кого тврдеше дека физички ја злоставувал. Разводот беше финализиран во август, Херд во рамките на договорот доби седум милиони долари, коишто ги донираше во хуманитарни цели.Сега низ сличен скандал поминуваат и Анџелина и Бред Пит. Откако е објавено дека актерката решила да стави точка на нивниот брак, во медиумите се појавија шпекулации дека нејзиниот сопруг ја изневерувал и дека бил насилен кон децата./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Дејвид Бекам објави снимка од тренинг, луѓето пишуваат: „Не сакам мојата сопруга да го види ова“
Дејвид Бекамсе пофали на Инстаграм со видео на кое вежба без кошула и ги воодушеви своите фанови. 48-годишниот поранешен фудбалер покажа дел од напорните тренинзи, а фановите беа привлечени од неговите стомачни мускули, но и бројните тетоважи на телото.
„Ти си како виното, со годините се подобруваш“, „Секогаш си силен“, „Ова ми го разубави денот“ и „Не сакам жена ми да го види ова“, се само дел од коментарите на фановите.
Забава
Џенифер Лопез објави фотографија од теретана, луѓето прашуваат: „Извинете, но кој е ова“
Џенифер Лопез на својот Инстаграм профил објави селфи на кое позира во теретана во зелен спортски градник и хеланки, а фотографијата набрзо собра повеќе од милион лајкови, но и бројни негативни реакции.
„Кој оди во теретана со толку совршена шминка?“ праша еден следбеник, а друг додаде: „Не, ова е монтирана фотографија. Таа не е толку слаба“.
View this post on Instagram
„Извинете, но кој е ова“, праша трет, а некој забележа: „Луѓе, негативните коментари се бришат, ова е неверојатно“. Сепак, многу фанови застанаа во одбрана на 54-годишната пејачка.
„Ми е чудно зошто успешните, самоуверени жени на одредена возраст често се соочуваат со толку остри критики. Што ја мачи помладата генерација, нивната возраст или самодовербата? Наместо да ја мразите, настојувајте да бидете талентирани и остварени како неа! Таа прави што сака и тоа е за восхит“, е еден од коментарите.
Забава
Кралицата Камила откри како се чувствува Кејт Мидлтон после се
Кралицата Камила проговори за принцезата од Велс за прв пат по нејзината дијагноза рак. 76-годишната жена го посетила Шрусбери каде запознала две млади сестри кои донеле цртежи украсени со срца и цвеќиња за Кејт.
10-годишната Хариет и шестгодишната Лоис Вотерстон ја прашале кралицата дали ќе и ги даде на принцезата, на што таа одговорила да. „Знам дека Кетрин е преплавена од сите со добри желби и поддршка“, им рекла таа, според People.
Едно од девојчињата се извини бидејќи мислеше дека нејзиниот цртеж е малку неуреден. „Жал ми е што е стуткано“, но Камила застана до неа и ѝ рече дека внимателно ќе ги носи и ќе се погрижи Кејт да знае од кого доаѓаат цртежите.