Контакт

Естрада

Eрос Рамацоти по подолго време се појави семејно во јавноста

Објавено пред

Италијанскиот пејач Ерос Рамацоти (56) беше фатен по долго време во семејна прошетка со својата сопруга, моделот Мариса Пелегрини (30), и нивниот син Габрио Тули.

За време на прошетката пејачот разменуваше нежности со својата 26 години помлада сопруга, која изгледаше прекрасно во лежерно издание и без шминка.

Ерос Рамацоти ќе одржи концерт во Скопје на 30 септември во рамките на својата светска турнеја Vita ce n`e’, која ќе ги опфати сите континенти.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Естрада

Натали Портман негира дека била во врска со Моби

Објавено пред

Натали Портман негира дека во своите тинејџерски години била во врска со Моби и го нарече пејачот непристоен.

Актерката одговори на тврдењата на Моби, кој неодамна ги објави своите мемоари во кои вели дека во 2001 година Портман го поканила да излезат.

„Бев ќелав и многу пиев, а Натали Портман беше прекрасна филмска ѕвезда. Но, сега таа беше во мојата соблекувална и флертуваше со мене“, пишува Моби во својата книга.

Портман на тоа изјави дека описот е неточен и го нарече Моби манијак што не знае каде му е местото.

„Изненадена сум дека тој рекол оти сме биле во врска бидејќи јас го познавав многу кратко време. Колку што се сеќавам, тој беше многу постар маж што се лигавеше околу мене, а јас тукушто завршив средно училиште. Тој вели дека јас сум имала 20 години – дефинитивно, немав. Бев тинејџер, штотуку наполнив 18. Одвратно е тоа што тој раскажал ваква приказна за да ја продаде својата книга“, вели Портман во интервју со „Харперс базар“.

„Јас бев негов фан и бев на еден негов концерт кога матурирав. Тој беше на турнеја, а јас снимав филм, па се дружевме неколкупати, но набргу сфатив оти тој е возрасен маж кој беше заинтересиран за мене на начин што сметав дека е несоодветен“, додава Портман.

Ова не е првпат Моби да зборува дека бил во врска со Натали Портман.

Во 2008 година Моби изјави дека тој и актерката имале кратка афера поради која тој бил цел на омраза.

„Не може да бидеш во врска со мајката на Лук Скајвокер и да не те мразат“, изјави Моби со јасна референца на улогата на Натали Портман во „Војна на ѕвездите“.

Натали Портман, една од водечките лица на движењето „Времето истече“, вели дека книгата на Моби е полна со лаги и измислици.

„Книгата не подложела на никаква проверка на факти од страна на издавачот“, вели оскаровката и додава дека е сигурна оти тоа било намерно.

„Го знаете старото клише? ‘Поарно да побараш прошка отколку дозвола’“, вели Портман.

Прикажи повеќе...

Естрада

Рита Ора демантира дека е во врска со член на групата „Уан дирекшн“

Објавено пред

Пејачката Рита Ора зборуваше за љубовниот живот, а исто така се осврна и на озборувањата дека раскинала со Ендрју Гарфилд (35) и е во врска со Лијам Пејн (25).

Ора наводно раскинала со актерот Гарфилд, кој го глумеше Спајдермен, и била забележана со еден од членовите на групата „Уан дирекшн“.

Рита ги демантира таквите озборувања и нагласи дека сака да се фокусира на својата музичка кариера.

„Нова врска не ми е приоритет“, рече пејачката.

Рита Ора, која во моментот се подготвува за европската турнеја со албумот Phoenix, јасно ги отфрли озборувањата што ја поврзуваат со пејачот Лијам Пејн.

„Знам дека некои зборуваат дека сум со Лијам. Тој е еден од најдобрите луѓе што сум ги запознала, но ние сме само пријатели. Чудно е да се видат машко-женски пријателства, особено во бизнисот со кој се занимаваме“, заклучи Рита.

Прикажи повеќе...

Естрада

Мел Б проговори за љубовниот бродолом со Еди Марфи

Објавено пред

Поранешнaта членка на поп-групата „Спајс грлс“, Мелани Браун (43), во телевизиската емисија Life Stories на Пирс Морган зборуваше за турбулентната врска со актерот Еди Марфи (58). Мел Б призна дека нивната врската била обележана со караници и лоши односи. Крахот бил толку интензивен што Марфи на крајот не сакал да го признае татковството над нејзината ќерка Ејнџел.

„И двајцата сме виновни. Јас го зборувам тоа јавно, а тој до ден-денес не престана да се извинува за своите постапки. Тој навистина би сакал никогаш да не го кажеше тоа бидејќи тоа дете беше планирано. Ние го планиравме ова бебе заедно и многу го сакавме, но во еден момент сè отиде во погрешна насока“, рече Мелани.

„Тој секогаш ќе биде љубовта на мојот живот“, додаде таа.

Пејачката, освен дванаесетгодишната Ангел, има уште две ќерки, со продуцентот Стивен Белафонте ја има седумгодишната Медисон, а од бракот со танчарот Џими Ѓулзар ја има 20-годишната Феникс.

Марфи моментно е во врска со моделот Пејџ Батчер со која се сврши во 2018 година. Со неа има две деца.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион18 минути

Дачиќ бил во Сомалија за време на нападот: „Се слушна силна експлозија“

Во моментот кога се случи терористичкиот напад во престолнината на Сомалија, српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ се наоѓал...

Свет2 часа

Франција бара истрага дали Сирија употребува хемиско оружје

Француското Министерство за надворешни работи соопшти дека мора да се разгледаат последните тврдења дека сириската влада употребува хемиско оружје. Министерството...

Спорт2 часа

Марадона приведен на аеродромот во Буенос Аирес

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Диего Армандо Марадона, бил уапсен на аеродромот во Буенос Аирес. Медиумите објавија дека...

Европа2 часа

Над 400 милиони луѓе ќе гласаат за новиот состав на Европскиот парламент

Повеќе од 400 милиони луѓе со право на глас од денеска до недела ќе избираат нов состав на Европскиот парламент....

Забава15 часа

Тамара прва од гласовите на жирито, а седма во финалето, гласовите коригирани

Македонската претставничка на Евровизија, Тамара Тодевска, сепак, заврши на седмото место на евровизиското финале и на првата позиција според гласовите...

Македонија17 часа

(Видео) Заев за изјавата на Груби: Рашомонијадата од изјави на крајот ќе биде поткрепена, ќе видиме која е вистината

Премиерот Зоран Заев и натаму не открива колку лица ќе бидат сменети од функциите, ниту, пак, нивните имиња. Тој вели...

Македонија18 часа

Кривични за експретседателот на Регулаторна и тројца членови, со парното ги оштетиле скопјани за 6,6 милиони евра

Одделот за сузбивање  организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против лицата Д.П. (51), вработен како претседател и член на ...

Македонија20 часа

Анкета на „Макфакс“: Павле Богоевски треба да поднесе оставка

Во онлајн-анкетата што ја спроведе истражувачкиот центар на „Макфакс“ на прашањето каков епилог треба да има аферата за пратеникот Павле...

Македонија21 час

Антикорупциската бара кривично да се гони Владимир Панчевски

Антикорупциската комисија ќе поднесе иницијатива за кривично гонење одговорни и службени лица во Основниот суд Скопје 1, меѓу кои и...

Македонија21 час

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ повторно бара надзорна расправа за адвокатските услуги на власта

ВМРО-ДПМНЕ повторно побара надзорна расправа за да се расветли скандалот со милионските суми за адвокати ангажирани од јавните претпријатија и...

Македонија22 часа

Оливера Трајковска, Орце Камчев и Иво Котески ќе сведочат за апсењето на Бошкоски

Новинарката Оливера Трајковска, бизнисменот кој важеше близок до поранешната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Камчев, и поранешниот портпарол на МВР,...

Македонија22 часа

Вработени во МВР што работеле на случајот на Бошкоски не знаат кој ја дал наредбата за негово апсење

Судењето за случајот „Тортура“, кој се однесува на апсењето на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, продолжи со испрашување...

Македонија23 часа

Прекршочна пријава за директорката на Хематологија – не поднела анкетен лист за имотната состојба

Антикорупциската комисија поднесе прекршочна пријава против директорката на Клиниката за хематологија, Ирина Пановска-Ставридис, за неподнесување анкетен лист за имотната состојба....

Свет24 часа

(Видео) Торнадa беснеат во Америка, куќите останаа без покрив

Невреме и торнадо го погодија северниот дел на САД, а во близина на аеродромот во Тулса, Оклахома, најмалку едно лице...

Европа1 ден

Пресметка со шверцери на дрога во Европа, уапсени 22 лица

Во координирана операција против шверц со дрога во Европа, 22 лица беа уапсени, соопшти Европол. Осомничениот водач на синџирот шверцери,...

Свет1 ден

САД ѝ дадоа рок на Турција да се откаже од купувањето руски противракетен систем

САД ѝ дадоа рок на Турција од две недели да се откаже од купувањето руски противракетен систем „С-400“ во корист...

Европа1 ден

Меј: Парламентот ќе одлучи за нов референдум за брегзит

Британската премиерка, Тереза Меј, синоќа изјави дека на Парламентот ќе му биде дадена можност да гласа за тоа дали ќе...

Македонија2 дена

Прво внатрешни консултации во СДСМ и ДУИ, па ќе продолжат разговорите за нови кадри во Владата

Премиерот Зоран Заев и претседателот на ДУИ, Али Ахмети, остварија средба со која започнаа разговорите за детектирање одредени слабости кај...

Македонија2 дена

Влада: Препораката Охрид да стане загрозено светско наследство е стимул за зголемена работа и акција

Владата пристапува со внимание и сериозност кон комплексните состојби со кои се соочува светското природно и културно наследство во Охридскиот...

Забава2 дена

Копров ѝ се извини на Србија: Жирито беше составено од анонимуси, а не од еминентни автори

Композиторот Григор Копров преку социјалната мрежа „Фејсбук“ ѝ се извини на српската нација поради тоа што од нашето жири не...

Досие