Контакт

Екологија

Британски ветеринари: Поради климатските промени, коњите се сѐ потешки

Објавено пред

Коњите стануваат сè потешки поради климатските промени, тврди Жил Мофат, шеф на ветеринарната служба Сидаун во британскиот Хајт и објаснува дека тоа се должи на потоплата и влажна клима што е подобна за раст на трева во изобилство, што, пак, им овозможува на овие животни да ја консумираат во поголеми количини отколку што им е оптимално потребно.

Ветеринарот за „Дејли телеграф“ изјавил дека меѓу животните кои ги лекува има сè повеќе коњи кои страдаат од прекумерна тежина поради споменатиот проблем.

Тој додава дека проблемот е делумно одраз и на социо-економскиот притисок.

„Поточно, сопствениците на коњи работат подолго и им е потешко да ги тренираат коњите редовно. Во исто време, потоплата и влажна клима значи повеќе трева. Тешко е за сопствениците да ја мерат количината и квалитетот на храната што е потребна кога станува збор за тежината на нивните миленици“, вели Мофат.

Тврдењата на Мофат следат откако британското здружение на ветеринари (БЕВА) откри дека 31% од 792 прегледани животни се соочуваат со прекумерна тежина.

Ветеринарите, исто така, причината за проблемот ја гледаат во недостиг на штали и огради за коњи.

Дејвид Рендл, ветеринар од БЕВА, вели дека дури 50 проценти од коњите во Велика Британија се со прекумерна тежина.

Екологија

Две поларни мечки се бореа за плен што всушност беше пластичен отпад

Објавено пред

Две поларни мечки биле снимени како се борат на парчиња пластика што ги пронашле на речен брег во оддалечен предел на Алјаска.

Младенчињата биле забележани како се плеткаат околу ѓубрето, во кое имало пластична амбалажа полна со тиња и друг фрлен пластичен отпад.

На една од фотографиите се прикажани мечките како го тегнат ѓубрето, додека на другата една од мечките ја става муцката во пластична боца, пренесува „Дејли меjл“.

Фотографот од Лос Анџелес, Дени Саливан, кој ги регистрирал овие сцени, вели дека вознемирувачките фотографии го покажуваат ефектот што го има загадувањето од пластика врз животинскиот свет, па дури и во оддалечените делови на Алјаска.

Тој верува дека климатските промени, но и справувањето со отпадот се виновни за тоа што мечките доаѓаат во контакт со пластика.

„Фотографиите се направени во октомври и воедно го покажуваат зголемувањето на температурите, кое ја скратува сезоната за лов на мечките. Таму треба да има снег, а воопшто да нема никакво ѓубре“, истакна фотографот.

Саливан рече дека во таа ситуација не се осмелил да го отстрани ѓубрето затоа што проценил дека тоа може да го доведе својот живот во опасност.

 

Прикажи повеќе...

Екологија

Пена прекри плажа во Индија, експерти предупредуваат дека е многу опасна

Објавено пред

Бранови од бела пена ја прекрија плажата Марина во Ченаи, Индија, во текот на викендот, а како што забележуваат локалните медиуми, поради тоа децата пронашле посебна причина да играат покрај морето.

Сепак, извештаите велат дека пената е токсична и дека е создадена како резултат на загадувањето што доаѓа од канализацијата.

Се очекува пената да се повлече за неколку дена.

 

 

Прикажи повеќе...

Екологија

Критики за мјузиклот посветен на Грета Тунберг

Објавено пред

Новиот шведски мјузикл „Спасете ја земјата“, посветен на младата активистка за животна средина, Грета Тунберг, оди малку предалеку нарекувајќи ги луѓето што ги игнорираат еколошките промени – глупави, пренесуваат светските медиуми.

Мјузиклот за деца, финансиран од пари на даночните обврзници, го доведува во прашање менталниот капацитет на климатските скептици поради што некои го обвинија за еколошки алармизам, индоктринација и пропаганда.

Како што се наведува, во мјузиколот во изведба на Школата за култура „Персторп“, осумгодишни и деветгодишни деца пеат и рапуваат и „свират на бонго-тапани на празните глави на оние што ги отфрлаат климатските промени“, пренесе „Танјуг“.

Директорката на Школата вели дека идејата била да се обезбеди заштита и поддршка за шеснаесетгодишната активистка Грета, која е изложена на многубројни негативни коментари, пишува „Спутник“.

Во цитат што таа го објавила на „Фејсбук“ во еден дел се вели: „Тие мора да имаат плута во главата и ситни, ситни мозоци (н.з. климатските скептици)“.

Најавено е дека мјузиклот набргу ќе биде достапен на „Јутјуб“ на шведски, но и со англиски превод.

„Се надевам дека наставниците од светот ќе може да го искористат ова кога се занимаваат со прашањето за климатските промени. И се надевам дека децата ќе ги замолчат возрасните, кои не знаат подобро во однос на ова прашање“, рече директорката на Школата.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

На една од средбите меѓу Јовановски и Камчев бил и министерот Филипче

Бојан Јовановски во предметот за случајот „Рекет“ му поставува прашања на сведокот Орце Камчев во судницата. Јовановски го персира, додека...

Македонија2 часа

Боки 13 до Камчев: Oперациите вo „Систина“ не ви се успешни

Присутните се смееја во судницата на рочиштето за случајот „Рекет“ кога Бојан Јовановски почна да го испрашува сведокот Орце Камчев....

Македонија3 часа

Камчев: Не се само Катица и Боки 13, треба да има и други обвинети за „Рекет“

Веќе час и половина сведокот бизнисмен Орце Камчев го дава својот исказ во судот за случајот „Рекет“. Тој, освен кон...

Македонија5 часа

Боки 13 се пожали на здравствената состојба, судијката го опомена дека ќе го извади од судницата

Судијката Васка Николовска-Масевска му рече на обвинетиот Бојан Јовановски, алијас Боки 13, дека ќе го извади од судницата ако говори...

Свет6 часа

Франција втор ден парализирана поради штрајкот

Втор ден продолжува штрајкот во Франција. И денеска нарушен е јавниот превоз, а училиштата се затворени. Синдикатите најавија дека планираат...

Свет6 часа

Меркел во прва посета на Аушвиц, ќе донира 60 милиони долари за Меморијалот

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска за првпат ќе го посети Меморијалот Аушвиц-Биркенау, откако ја презеде функцијата пред 14 години. Меркел...

Свет7 часа

150 пожари ја пустошат Австралија

Пожарникари се обидуваат да ги стават под контрола 150-те пожари во Нов Јужен Велс додека силни ветрови го шират чадот...

Свет7 часа

Пентагон размислува да испрати неколку илјади војници на Блискиот Исток

Министерството за одбрана на САД размислува за дополнително распоредување на 4-7 илјади војници на Блискиот Исток за да се спротивстави...

Македонија7 часа

Во кривичниот суд пак ќе се оценува обвинението за организаторите на насилниот упад во Собранието

Во кривичниот суд по вторпат ќе се оценува обвинителниот акт за организаторите на насилниот упад во Собранието од 2017 година...

Свет7 часа

Туск: Брегзит е најтажното искуство за време на мојот мандат

Брегзит е една од најспектакуларните грешки во историјата на Европската Унија, вели Доналд Туск во интервју за „Гардијан“, што е...

Македонија7 часа

Продолжува судењето за „Рекет“, ќе сведочат Орце Камчев и неговата сопруга

Бизнисменот Орце Камчев и неговата сопруга Ана Камчева денеска треба да се појават во кривичниот суд во Скопје како сведоци...

Европа18 часа

Над половина милион луѓе протестираа во Франција, сообраќајот во колапс

Повеќе од 510.000 демонстранти излегоа на улиците на 70 града во Франција во знак на протест против најавените пензиски реформи...

Свет22 часа

САД со обвинение против руски хакери кои во своите операции украле над 100 милиони долари

Американските власти денеска покренаа обвинениe против лидерот на руската криминална група за компјутерски криминал позната како Evil Corp „Зла корпорација“...

Македонија24 часа

Спасовски: Жалам што Обвинителството немаше храброст да одреди притвори за инцидентот во „Александар палас“

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, изрази жалење што Обвинителството немало храброст да одреди притвори за осомничените за пукањето во...

Македонија1 ден

Обвинение за судијата Мустафа Шахини за злоупотреба на службената положба

Управниот судија Мустафа Шахини наскоро треба да седне на обвинителна клупа во предметот за злоупотреба на службената положба и овластување...

Македонија1 ден

Собранието ќе одлучи дали треба Јовески да го преземе СЈО

На 11 декевмри на собраниската седница ќе се најдат измените на Законот за јавнообвинителска служба со кој треба да се...

Македонија1 ден

(Видео) Деспотовски: За жал, изборите ќе ги пролонгираат грантовите од Фондот за иновации

Изборите ќе ги пролонгираат грантовите што ги доделува Фондот за иновации и технолошки развој, најави Јован Деспотовски во интервју за...

Култура1 ден

„Медена земја“ е најдобриот документарец за 2019 според критичарите во Њујорк

Американската организација на филмски критичари од Њујорк „New York Film Critics Circle (NYFCC)“ синоќа ја додели наградата за најдобар документарен...

Регион1 ден

Радев: Во НАТО државите се поделени на произведувачи и купувачи

Бугарскиот претседател Румен Радев им порача на лидерите на земјите членки на НАТО дека иднината на алијансата не ја гледа...

Свет1 ден

Макрон: Прашајте ги Србите дали им се промени животот со отворањето на поглавјата

Францускиот претседател уште еднаш повтори дека е против отворање пристапни преговори пред реформите на преговарачкиот процес. Како што објасни Макрон,...

Досие