Контакт

Екологија

(Видео) Дедо Мраз го чистеше Охридското езеро од автомобилски гуми и пластични шишиња

Објавено пред

Нуркачите од нуркачкиот клуб „Акватек“, на креативен начин викендов спроведоа подводна еко-акција во Охридското езеро.

Членовите на нуркачкиот центар облечени како Дедо Мраз, со празнична песна, од езерото извадија гуми од автомобили и камиони, лименки од пијалоци и пластични шишиња, кои ги лоцираа при нивните предходни рутински нуркања.

„Целта на оваа еко-акција е да ги заокружиме нашите подводни активности за годината што изминува. Дополнително, сакаме да упатиме порака до сите наши сограѓани за подигнување на еколошката свест бидејќи заслужуваме чисто езеро, не само за нас, туку и за идните генерации“, вели Никола Паскали од „Акватек“.

Изминатава година нуркачкиот клуб „Акватек“, направи неколку акции за чистење на езерото во кои извлекоа габаритен шут и смет кој не само што го загадува езерото, туку му штети и на подводниот свет.

Екологија

Би-би-си ќе ја следи климатската борба на Грета Тунберг во ТВ-серија

Објавено пред

Би-би-си ги објави плановите за телевизиска документарна серија која ќе ја следи младата климатска активистка Грета Тунберг.

Одделот за наука на Би-би-си соопшти дека ќе ја следи нејзината меѓународна борба, која ја води во првите редови на климатските промени во некои од најневеројатните делови на светот.

„Додека патува, Грета не само што се среќава со водечки научници туку и со политички лидери и деловни луѓе, истражувајќи научни докази со нив и поттикнувајќи на промени“, пренесува Би-би-си.

Документарната серија ќе го следи и растот на 17-годишната Тунберг додека се соочува со последиците од неактивноста во реалниот свет“, објави британскиот телевизиска куќа.

„Климатските промени се можеби најважниот проблем во нашите животи, па затоа е соодветно да се создаде серија во која се истражуваат фактите и науката што стои зад ова сложено прашање“, вели извршниот продуцент во студиото на Би-би-си, Роб Лидл.

Прикажи повеќе...

Екологија

(Видео) Времето во Фолорида е толку студено што од дрвјата паѓаат смрзнати игуани

Објавено пред

Метеоролозите во Јужна Флорида во вторникот попладне објавија дека неверојатниот студ може да предизвика игуани да паѓаат од дрвјата, а потоа токму тоа и се случи.

„Ова сигурно не е обичен ден на Флорида. Ве предупредуваме, очекувајте ’дожд од игуани’!“, порачаа експертите.

И навистина, по оваа објава, тела на игуани лежеле расфрлани по земјата како да паднале од небо.

Всушност, во услови на постудено време игуаните едноставно престануваат да се движат. Тие стануваат неподвижни и поради тоа не можат добро да се држат на гранките.

Овие животни добиваат привремена парализа кога температурата ќе падне под 10 степени.

Биолозите им порачаа на жителите на Флорида да не се грижат затоа што игуаните ќе се разбудат веднаш штом ќе се стопли.

Прикажи повеќе...

Екологија

Грета Тунберг се приклучи на маршот за климатски промени во Швајцарија

Објавено пред

Активистката за климатски промени Грета Тунберг присуствува на маршот за климатски промени во Лозана, Швајцарија.

Стотици лица излегоа на протестот, што се организира пред одржувањето на Светскиот економски форум во Давос наредната недела.

Тунберг  ја стекна својата популарност како основач на движењето „Петоци за иднината“ и го пропатува светот во последните 12 месеци, приклучувајќи се на многу маршови за климатски промени.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Николоски: Бараме да се прикажат целосните снимки каде што Јанева се среќава со Заев

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ,Александар Николоски, вечерва одржа вонредна прес-конференција во врска со објавените ПИ-мерки за случајот „Рекет“, за кој тој вели...

Регион6 часа

Донаторска конференција: Над милијарда евра собрани како помош за Албанија

Вкупно 1,15 милијарди евра помош на Албанија се собрани на меѓународна донаторска конференција „Заедно за Албанија“, соопшти европскиот комесар за...

Македонија7 часа

(Видео) Заев: Судии, обвинители, поротници – ослободете се, ниту Мицкоски, ниту ВМРО-ДПМНЕ не ви можат ништо

„Сите предмети ќе имаат правна разрешница врз основа на фер и траспарентни постапки. На обвинетите ќе им се суди врз...

Македонија8 часа

(Видео) Спасовски – Лајен: Напредoкот на Северна Македонија е импресивен и ги исполни високите очекувања

Техничкиот премиер Оливер Спасовски во рамките на програмата за учество на донаторската конференција „Заедно за Албанија“, што ја организира Европската...

Македонија11 час

Јанева пред апсењето одела во СЈО, салони за убавина и адвокатски канцеларии

Во кривичниот суд на судењето за случајот „Рекет“ беше презентиран извештајот за тоа каде се се движела ексшефицата на СЈО...

Топ11 час

Пронајдено безживотно машко тело на Шар Планина

Планинар од тетовско планинарско друштво, кој се движел на тој терен со група планинари, пријавил дека над тетовското с. Вејце,...

Македонија12 часа

Таткото на обвинетата сведочеше на судењето за убиството на Пино – Ангела криела дека Фуркан ѝ е дечко

На денешното рочиште за убиството на Пино Секондо, таткото на обвинетата Ангела, Златко Ѓорѓиевски, сведочеше како сведок на одбраната. Обвинителката...

Македонија13 часа

Јовановски двапати бил во куќата на Јанева – снимки од тајното следење пуштени на судењето за „Рекет“

Од посебните истражни мерки што биле спроведувани од 21 јуни 2019 година кон обвинетиот Бојан Јовановски и осудениот Зоран Милески...

Македонија14 часа

Мицкоски го повика Заев на ТВ-дуел: Се надевам ќе се охрабри и ќе ја прифати поканата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го повика претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на ТВ-дуел. Тој вели дека добил покана од...

Македонија14 часа

Пуштен билетот за едно возење во ЈСП

ЈСП информира дека во употреба е пуштен билетот за едно возење и може да се купи директно во автобус и...

Свет16 часа

Над 160 милиони луѓе во Кина нема да се вратат на работа поради коронавирусот

Во Кина и во светот продолжува борбата со епидемијата на коронавирусот. Речиси 160 милиони луѓе сепак нема да се вратат...

Топ16 часа

Тешко повреден пешак во сообраќајна несреќа во Охрид

Шеесет и двегодишна жена е тешко повредена во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Охрид. Според информациите на полицијата,...

Свет17 часа

Над пет тони кокаин пронајдени на Костарика

Властите на Костарика соопштија дека заплениле над пет тони кокаин, што е најголема таква заплена во оваа централноамериканска земја. Министерството...

Свет17 часа

(Видео) Вооружени крадци во Хонгконг украле стотина ролни со тоалетна хартија

Вооружени крадци утрово украле стотина ролни тоалетна хартија во вредност од речиси 130 долари во Хонгконг, каде што поради коронавирусот...

Свет18 часа

Орбан: Унгарија е иднината на Европа

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, синоќа, во обраќањето пред нацијата, рече дека Будимпешта научила дека не мора да ѝ се...

Македонија1 ден

Рот: Законот за ЈО е клучен чекор за европската иднина, останува ЕУ да испорача

Законот за Јавното обвинителство е клучен чекор за владеењето на правото и европската иднина на Северна Македонија, напиша на „Твитер“,...

Македонија1 ден

Митрески: Законот за Советoт на јавни обвинители не се носи со двојно мнозинство

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески на социјалните мрежи сподели листа на закони кои се носат со двојно...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Изгласувањето на Законот за ЈО е спротивно на процедурите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на прес-конференција изјави дека изгласувањето на Законот за јавно обвинителство било „се, само не правда,...

Македонија1 ден

Пендаровски ги потпиша Законите за ЈО и за Советот на јавни обвинители

Претседателот Стево Пендаровски, попладнево ги потпиша Указите за прогласување на повеќе закони кои беа усвоени во Собранието. Потпишани за законите...

Македонија1 ден

Димовски: Законот за Советот на јавни обвинители не е донесен, немаше бадентер

Законот за Советот за јавни обвинители не е донесен, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски и рече дека...

Досие