Екологија
Еко герила: Југохром е голем загадувач на Тетово
Најновите податоци за загадувањето на воздухот од мерењата кои се вршат постојано од Министерството за животна средина и просторно планирање, според Еко герила покажуваат дека кога Југором не работи четири месеци, загадувањето на воздухот на Тетово се намалило.
За споредба на табела прикажаа вредности измерени во последните 5 години, па така воздухот во Teтово 2012 година содржел – 152 μg, 2013 – 150 μg, 2014 – 134 μg, 2015 – 146 μg, 2016 – 97μg (4 месеци без Југохром).
За Гази Баба: 2012 – 100 μg, 2013 – 68 μg, 2014 – 85 μg, 2015 – 81 μg, 2016 – 85 μg.
За Лисиче: 2012 – 114 μg, 2013 – 85 μg, 2014 – 89 μg, 2015 – 88 μg, 2016 – 80 μg
За Kичево: 2012 –нема податоци, 2013 – 80 μg, 2014 – 77 μg, 2015 – 79 μg, 2016 – 60 μg
Најголема разлика е воочена во Тетово, каде што загадувањето на годишно ниво од просечната вредност 140-150 е намалена за прв пат на 97, иако Југохром не работел само 4 месеци од годината. Намалување на загаденоста е воочено и во Кичево, каде РЕК Осломеј работел само 40 дена во текот на 2016 година, велат од Еко герила.
Сметаат дека дефитинитвно е јасно дека воздухот без Југохром е помалку загаден во значителни количини, затоа велат дека барањето на менаџментот на Југохром за повторно започнување на работата без да ги постави филтрите е незаконско барање, и како такво е неприфатливо и опасно.
Од Еко герила велат дека Владата треба да гарантира дека Југохром нема да се отвори без целосно поставување на филтрите.
Југохром беше затворен есента 2016 година, а од тогаш во неколку наврати вработените протестираа барајќи тој да се отвори, а тие да се вратат на работа. Во понеделникот претставници на синдикатот на вработените беа на средба со премиерот Емил Димитриев кој ги увери дека будно го следи проблемот, но за одлука ќе треба да ја почекаат новата политичка влада, која треба да се формира во следниов период по изборите во декември.крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
