Контакт

Бизарно

Љубители на селфи до смрт измачија делфинче

Објавено пред

Корисниците на социјалните мрежи се гневни поради инцидентот кој се одиграл на плажата кај Санта Тересите во Аргентина, кога толпата опкружила младенче на делфин кое се насукало во плиткото, измачувајќи го до смрт снимајќи со него селфи, наместо да му помогнат на животинчето да се врати во водата.

dobivaj vesti na viber

На социјалните мрежи се појавија фотографии и видеа, на коишто се гледа како прво луѓето го галат делфинот кој лежи на песокот, а потоа го земаат и се фотографираат со него.

„Требаше да биде вратено во водата, всушност, тоа уште дишеше. Но сите почнаа да се сликаат со него. Зборуваа дека веќе умрело“, изјавил еден од очевидците за телевизијата C5N.

Iинцидентот предизвика бурни реакции на социјалните мрежи. Корисниците на Twitter се гневни затоа што летувалците на плажата дозволиле делфинчето да умре заради добра фотографија.

„Гледате? Ете затоа јас не давам свој придонес во репродукцијата. Затоа што ‘човештво’ во превод значи ‘глупавост’“, пишува Camicisn14.

„Вие навистина сте спремни да убиете животни за глупаво селфи? Сериозно ли сте толку идиоти?“, огорчено реагира Mora__Florencia.

„Нечие дете угинува поради човечкиот егоизам и алчност“, пишува Broken_Paws_Int.

Инцидентот, исто така, го коментираше организацијата The Wildlife Foundation Argentina, којашто се занимава со заштитата на животната средина.

„Доколку на плажа видите животно, не е потребно да го фотографирате. Таквите ситуации може да доведат до негово угинување“, порачува фондацијата на својот Twitter профил./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Бизарно

Се бара милионер на лото, не си ја подигнал наградата две и пол години

Објавено пред

Германската лотарија бара добитник од милион евра на лото, кој две и пол години не ја подигнал добивката, а правото на тоа му истекува за половина година.

dobivaj vesti na viber

Сопственикот на добитниот тикет е од провинцијата Саксонија-Анхалт, од регионот Мансфелд-Хетштад, кој на крајот на 2019 година освоил милион евра.

„ Сè уште има време да се пријави до 31 декември до 23:59 часот“, вели директорот на Лотаријата, Штефан Еберт.

Инаку, сопственикот на тикетот ги уплатил комбинациите за две лото извлекувања „6 од 49“ на 28.11.2019 година. Два дена подоцна ги добил првите добивки, една двојка со „супер број“ и една недела подоцна една тројка.

На 7.12.2019 година во една од филијалите на лотаријата му била исплатена добивка од 17,3 евра за двете добитни комбинации.

За вонредно извлекување добил заменско ливче, кое ја содржело добитната комбинација од ждрепката на 9 декември 2019 година кога освоил милион евра.

„ Ова би било првпат во историјата на Лотото во Саксонија-Анхалт да не се бара награда од толкава сума“, објаснува Еберт.

Доколку не се јави добитникот, неподигнатите пари ќе бидат вратени во наградниот фонд на следното вонредно извлекување.

Прикажи повеќе...

Бизарно

Го тужат синот затоа што сè уште немаат внук, бараат отштета од 650.000 долари

Објавено пред

Брачен пар од Индија решил да го тужи синот, кој сè уште не планирал да има бебе по шест години брак, а бара отштета бидејќи целата своја заштеда ја потрошиле на синот и на својот брак.

dobivaj vesti na viber

Тие бараат нивниот син и неговата сопруга или да им дадат внук во рок од една година или да им дадат речиси 650.000 долари.

Сањев и Садана Прасад велат дека ги потрошиле своите заштеди за да го подигнат и едуцираат синот пилот и да организираат раскошна свадба. Сега сакаат сето тоа да си го наплатат.

„Мојот син е во брак шест години, но сè уште не планира бебе“, навеле родителите во поднесокот до судот во Харидвар, каде што уште стои: „ Да имавме внук со кој би можеле да поминуваме време, нашата болка би била поднослива“.

Надоместокот што тие го бараат ги вклучува трошоците за свадбен дочек во хотел со пет ѕвезди, луксузен автомобил вреден 80.000 долари и плаќање меден месец за младенците во странство. Родителите издвоиле и 65.000 долари за нивниот син да се обучи за пилот во САД, па се вратил во Индија – невработен.

„Моравме да земеме кредит за да си ја изградиме куќата и сега поминуваме низ многу финансиски тешкотии. А психички сме доста во неволја, живееме сами“, велат родителите.

Индија, инаку, има силен традиционален семеен систем, кој вклучува соживот на неколку генерации, кои често живеат во исто домаќинство.

Сепак, во последните години трендот се промени, така што младите парови претпочитаат да ги напуштат родителите или браќата и сестрите, а жените – како во овој случај – одлучуваат да работат наместо да се фокусираат на раѓање деца и останување дома.

Прикажи повеќе...

Бизарно

Уличен уметник ги црта најлошите портрети на минувачи за само три долари

Објавено пред

Уличен уметник во Њујорк, се одлучи на необичен потег. Тој црта „најлоши портрети“ кои чинат само 3 долари, а своите дела ги објавува на својот Инстаграм профил со наслов „многу лоши портрети“ (really_bad_portraits). И, се разбира, тој е многу популарен, а луѓето едноставно полудеа по неговата работа.

dobivaj vesti na viber

Порталот „My Modern Met“ пишува дека сè започнало во септември 2020 година, кога уметникот седнал покрај фонтаната во паркот Вашингтон со натпис „Навистина лоши портрети за само 3 долари (по лице)“. На неговиот канал на Јутјуб може да се најде и видео, направено пред две години, на кое се гледа како изгледа неговата рутина со цртање. Рики Браун со маркер црта портрети на заинтересирани минувачи, кои потоа ги фотографира со портретот во раце.

За неколку години Браун стана доста популарен. Така, сега може да се најде секоја недела во Големиот пазар во Њујорк, а луѓето доаѓаат да им направи портрет. На својот Инстаграм профил, Браун ги поканува своите следбеници: „Најдете ме во Њујорк – тие се ужасни, ветувам!“

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Цар Самоил, Кирил и Методиј и Климент и Наум твореле во бугарската голема средновековна држава, се вели во препораката за заедничко чествување

Тоа што живееле и твореле на денешната територија на Македонија, во бугарската голема средновековна држава им е единственото заедничко на...

Македонија11 час

(Видео) Комисијата препорача заедничко чествување на цар Самоил, Кирил и Методиј и Климент и Наум, ќе има и измени на антиката во учебниците

Комисијата за историски прашања даде препораки за заеднички чествувања на цар Самоил, светите Кирил и Методиј и светите Климент и...

Македонија11 час

Петровска: Одлуките за донација на воена помош за Украина се одлуки на суверена и самостојна држава

Одлуките за донација на воена помош и вооружување за Украина се одлуки на суверена и самостојна држава, без оглед на...

Македонија13 часа

Бугарска фондација стави бугарско знаме пред споменикот на Гоце Делчев во Скопје и се пофали дека го исчистила

Бугарската фондација „Македонија“ на социјалната мрежа Фејсбук објави дека го исчистила споменикот на Гоце Делчев во Скопје, ставајќи до него...

Регион15 часа

Лончар: Едно дете е оперирано, а на еден патник му беше ампутирана ногата

Министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар по посетата на повредените во несреќата во Бугарија изјави дека нема загинати. „Ги...

Македонија15 часа

Власта да се извини за исвиркувањето на македонскиот јазик на прославата на ДУИ, порача опозицијата

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ побара од Владата на СДСМ и ДУИ, да се извини за исвиркувањето на прославата за Рамковниот договор, што...

Македонија15 часа

Македонскиот ПЕН-центар со осуда за нападот врз светски познатиот автор Салман Ружди

Македонскиот ПЕН-центар со длабока индигнација и згрозеност го осудува бруталниот напад врз светски познатиот автор Салман Ружди, кој целото свое...

Топ16 часа

Jапонскиот премиер: Никогаш повеќе нема да водиме војна

Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска, на 77-годишнината од капитулацијата на Токио во Втората светска војна, вети дека земјата никогаш повеќе...

Македонија16 часа

На Табановце се чека околу еден час, на Богородица 30 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Богородица времето на чекање за излез...

Свет16 часа

Путин му напиша писмо на Ким Џонг-ун

Рускиот претседател Владимир Путин напиша во писмо до севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун по повод Денот на ослободувањето на Северна Кореја...

Регион1 ден

Исповед на Светлана Бориловиќ, мајката на монструмот од Цетиње: Подобро што и тој е мртов

Два дена по масакрот во Црна Гора, Светлана Бориловиќ, мајката на Вук Бориловиќ, жителот на Цетиње кој уби десетмина сограѓани...

Регион1 ден

(Видео) Автобус со деца од Србија се преврте во Бугарија

Автобус со деца од Србија се преврте во канал на автопатот „Тракија“ кај градот Стара Загора, изјави за Нова ТВ,...

Европа1 ден

Секој ден расте опасноста за нуклеарната централа Запорожје, велат украинските власти

Опасноста од нуклеарната централа Запорожје на југот на Украина, за чие гранатирање меѓусебно се обвинуваат Киев и Москва повеќе од...

Свет1 ден

Удрил во барикада пред Капитол, а потоа се застрелал

Непознат човек загина откако утринава прво удри со својот автомобил во барикада во близина на американскиот Капитол, а потоа пукаше...

Македонија1 ден

Во општина Чаир санкции за 12 објекти кои работеле во недела

Денеска во периодот 10.00 до 17.00 часот припадници на Единицата за интервентна полиција во координација со инспектори од Државниот инспекторат...

Свет1 ден

Авторката на Хари Потер со поддршка за Ружди, па доби закана: Ти си следна

Џеј Кеј Роулинг – авторката на Хари Потер се огласи на Твитер по нападот врз писателот Салман Ружди, па доби...

Македонија1 ден

СДСМ: Анти-ЕУ Мицкоски може веднаш да си даде оставка

Од владејачката СДСМ со реакција за изнесени ставови на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Пд партијата велат „анти-ЕУ Мицкоски може...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Ќе ја напуштам политиката ако додека сум претседател на ВМРО-ДПМНЕ биде променет Уставот

Целокупниот процес е предавнички и калкулантски. Македонската дипломатија капитулираше. Предупредував дека ќе се случуваат нови и нови барања од страна...

Европа1 ден

(Видео) Експлозија во трговски центар во Ереван, има и жртви

Експлозија се случи во трговски центар во Ереван, град во Ерменија. Над трговскиот центар е снимен густ црн чад, јавуваат...

Европа1 ден

Пожар во црква во Египет за време на миса, најмалку 35 загинати

Најмалку 35 лица загинаа, а 45 се повредени во пожар во црква во египетскиот град Гиза, изјавиле два безбедносни извори...