Контакт

Екологија

Малата сина ара видена во дивина првпат по 15 години

Објавено пред

Примерок од реткиот вид темно син папагал за кој се веруваше дека е изумрен во дивината е виден во Бразил, првпат по повеќе од петнаесет години, пренесуваат во саботата медиумите.

dobivaj vesti na viber

Малата сина ара (Cyanopsitta spixii) е снимена при прелет низ крошна на дрва во покраината Бахија на истокот од Бразил.

Последен пат во дивината примерок од овој и онака редок вид е забележан во 2000 година. Овој вид исклучително ретки и заштитени папагали, кои во одредени области се нарекуваат и макаки, се заштитува со многу програми за заштита на животните и се размножуваат во заточеништво.

Исчезнувањето во дивината, како што досега се сметаше, на овој вид карипска птица се должи на забранетата трговија со нив и особено на уништувањето на природните живеалишта. Имено тие се гнездат и размножуваат само во крошните на еден вид дрвја, кои се ендемски вид во Бразил и ги нема никаде на друго место на планетата.

Примероци од овој вид може да се сретнат во најразлични нијанси на сината боја до маркантна длабока сина боја на крилјата и опашот. Карактеристично е за нив што се доста темпераментни и живи.

Педро Девелеј, претседател Бразилското друштво за заштита на птиците, смета дека оваа единка ја ослободил криволовец обидувајќи се да избегне апсење. Во споменатата област е покрената потрага.

Двелеј веста ја нарече „неверојатна“. „Требаше да ја видите среќата на луѓето кога стигнав таму, велеа дека арата се вратила“, додава.

Колонии на малите сини папагали, вид кој го популаризираше анимираниот филм „Рио“ од 2011 година, во моментов се одгледуваат во заточеништво во Катар и Бразил, за потоа да бидат вратени во дивината./крај/мф/сн

Извор: BBC News



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Екологија

Отворање на пермакултурна градина во МКЦ

Објавено пред

Во Младинскиот културен центар утре (20 мај) ќе биде отворен новиот зелен простор во градот наречен „ГРАДИДНИНА“.

dobivaj vesti na viber

„’Градиднина’ е новата пермакултурна градина во Скопје, создадена за поддршка на широки иницијативи во зародиш. Изградбата на просторот е резултат на учеството на МКЦ во меѓународниот проект насловен ‘Big Time Takeover’ развиен преку Ерасмус KA2 Програмата за соработка и инвовација и размена на добри пракси на Европската Унија. Прокетот се реализира во периодот од мај 2021 до јуни 2023 година, заедно со останатите европски партнери во проектот: Associazione culturale Mulab од Италија, Rinova Limited (Велика Британија), HFC-Hope for children CRC Policy Centar (Кипар) и Fundacija Arteria (Полска)“, информираат од МКЦ.

„Big Time Takeover“ има за цел да ги поттикне младите од 13 до 18 години да ја користат својата креативна моќ и потенцијалот на уметноста, природата и модерната технологија за да проговорат на прашањата што ја засегаат заедницата и развојот на идните генерации.

МКЦ преку овој проект ја согледува можноста да проговори за потребата од грижлив и одржлив пристап кон градинарството и урбаното живеење со акцент на креативниот и социјален развој кај младите.

„Од самиот почеток на проекот МКЦ соработува со уметниците Христина Иваноска и Јане Чаловски (Press to Exit project space) со цел да развие современ интердисциплинарен, уметнички и едукативен концепт и програма која ќе ги опфати сите клучни цели и насоки на проектот“, наведуваат од Младинскиот културен центар.

Клучен во развојот на овој проект е социологот и градинар Хајан Алхалаби, познавач во областа на пермакултурата и соработник на граѓанската иницијатива „Бостание“. Алхалаби е вклучен како експерт и едукатор во проектот.

„Целта на ГРАДИДНИНА е да прерасне во благородно и динамично место, кое покрај својата основна функција во духот на одржливата агрикултура и грижлив однос кон природата, ќе прерасне и во простор за реализација на различни широки иницијативи на сите заинтересирани поединци од уметнички, едукативен и социјален аспект“, појаснуваат од МКЦ додавајќи дека во создавањето на градината учествувале и гимназијалците од СУГС Никола Карев под менторство на професорката Емилија Ристановска.

Прикажи повеќе...

Екологија

За две години, „Пепси“ ќе продава сокови само во рециклирана амбалажа

Објавено пред

Компанијата „Пепси“ одлучи да ја укине пластиката добиена од сурова нафта, која се користи за пакувањa и амбалажи, на девет пазари на Европската Унија до 2022 година.

dobivaj vesti na viber

Во иднина пакувањата што ги користи „Пепси“ ќе бидaт направени од рециклирана пластика, а компанијата ќе продолжи да работи на подобрување на моделот за повторна употреба на шишиња и други амбалажи, се вели во соопштението на производителот на сокови.

Се прецизира дека фабриките за пакување на „Пепси“ во Шпанија, Германија, Романија, Полска и во Грција ќе почнат да користат рециклирана амбалажа веќе в година, а погоните во Франција, Белгија, Велика Британија и во Луксембург ќе користат 20 проценти рециклирана пластика до 2022 година.

„Пепси“ проценува дека со префрлањето на 100 проценти рециклирана пластика годишно ќе се елиминираат повеќе од 70.000 тони отпаден полиетилен базиран на фосилни горива.

Прикажи повеќе...

Екологија

„Сименс“ и „Дојче бан“ развиваат возови на водород

Објавено пред

Германскиот индустриски гигант „Сименс“ и „Дојче бан“ почнаа со развој на возови со горивни ќелии и станици за полнење, кои ќе бидат тестирани во 2024 година како дел од планот за замена на дизел-моторите на германските железници.

dobivaj vesti na viber

Прототипот ќе го гради „Сименс“ и ќе се базира на електричниот вагон „Мирео плус“, кој ќе биде опремен со горивни ќелии за претворање на водородот и кислородот во електрична енергија, соопштија двете компании.

Извршниот директор на „Сименс мобилити“, Мајкл Питер, објасни дека возовите ќе комбинираат можност за напојување од три извори во модуларен систем – батерии, горивни ќелии и постјното надземно напојување, во зависност од тоа каде ќе сообраќаат.

Германската железничка компанија „Дојче бан“ сè уште нема електрифицирано 40 проценти од мрежата со вкупна должина од 33.000 километри, која ја користат 1.300 дизел-локомотиви.

„Нашите возови на погон на водород ќе може долгорочно да ги заменат дизел-возовите“, рече Питер.

Новиот прототип ќе се полни за 15 минути и ќе има опсег од 600 километри до следното полнење, како и максимална брзина од 160 километри на час.

Локомотивите ќе бидат тестирани на линиите помеѓу Тибинген, Хорб и Пфорцхајм во сојузната покраина Баден Виртемберг.

„Главниот целен пазар се регионалните мрежни оператори, кои обично имаат меѓу 10 и 50 возови“, објасни Питер.

„Гледаме пазарен потенцијал од 10.000 до 15.000 возови што треба да се заменат во Европа во следните 10-15 години, од кои 3.000 само во Германија“, додава тој.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 часа

Изолација и епидемиолошко следење за сите суспектни случаи на мајмунски сипаници во земјава

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок ја анализираше актуелната состојбата поврзана со појавата на суспектен случај на мајмунски сипаници...

Македонија13 часа

Кабинет на Пендаровски: Плочата за АСНОМ во манастирот „Св. Прохор Пчињски“ за Илинден беше од времен карактер

„Плочата за АСНОМ којашто беше поставена во манастирот ‘Св. Прохор Пчињски’ за Илинден беше од времен карактер со цел да...

Европа14 часа

Силвио Берлускони најави враќање на политичката сцена

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (85) најави дека ќе се кандидира за место во Сенатот на изборите следниот месец и...

Топ14 часа

Фатен е бегалец од затвор баран со потерница, осуден на казна затвор од над 10 години

Од МВР информираат дека денеска (10.8.2022) во 16:45 часот полициски службеници од Оперативен тим – потраги при СВР Скопје во...

Свет15 часа

Кинескиот амбасадор во Москва: Вашингтон е иницијатор и главен двигател на кризата во Украина

Кина денеска ги нарече САД „главниот двигател“ на кризата во Украина. Во интервју за руската новинска агенција ТАСС, објавено денеска,...

Македонија16 часа

Нови 693 позитивни на Ковид-19, починати се две лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.480 тестови,...

Економија20 часа

Државата нема контрола како се враќаат парите од ковид-мерките, тоа ќе ја чини 23 милиони евра

Државата не предвидела како ќе го контролира враќањето на доделените средства за финансиска поддршка на работодавците и физичките лица за...

Македонија21 час

Нема хоспитализиран пациент со мајмунски сипаници на Клиниката за инфективни болести

Нема хоспитализиран пациент суспектен за мајмунски сипаници, информираат од Клиниката за инфективни болести. „Во врска со пациентот што се споменува...

Европа21 час

Полскиот премиер ја обвини ЕУ за империјалистичко однесување кон помалите членки

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки ја обвини Европската Унија за империјалистичко однесување кон помалите членки во статија објавена на веб-страницата „Велт“...

Свет21 час

Хаос на аеродром во Париз, маж се заканувал со нож, полицијата го убила

На парискиот аеродром „Шарл де Гол“ полицијата отворила оган врз маж вооружен со нож, јавува BFMTV повикувајќи се на неименуван...

Македонија23 часа

Гори борова и дабова шума во Охридско

Сè уште е активен пожарот кај охридските села Вапила и Сирула. Како што соопшти Центарот за управување со кризи, гори борова...

Свет23 часа

Кина најави нулта толеранција за сепаратистичките активности на Тајван

Предупредувањето од Пекинг, кој го смета Тајван за своја територија, дојде неколку дена по невидените воени вежби на Кина во...

Свет24 часа

Зеленски: Војната на Русија против Украина мора да заврши со ослободување на Крим

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека конфликтот со Русија нема да заврши додека не се ослободи црноморскиот полуостров Крим,...

Свет24 часа

Јенс Столтенберг: Србија со години е близок партнер на НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, оцени дека Северноатлантскиот сојуз е долгорочен и близок партнер со Србија велејќи дека партнерството...

Свет24 часа

Русија: Од почетокот на август од Украина се извезени 370.000 тони храна

Над 370.000 тони храна се извезени од украинските пристаништа во 12 брода од почетокот на август, изјави шефот на рускиот...

Свет1 ден

Во експлозија на аеродромот на Крим загина едно лице, а осум се повредени

Едно лице загина, а осум се повредени во инцидент на аеродром на Крим, соопшти локалното Министерство за здравство. „Бројот на...

Свет2 дена

Нов вирус се појави во Кина: Заразени 35 луѓе – имаат треска, замор, кашлица, анорексија

Нов тип на хенипавирус добиен од животинско потекло, Langia henipavirus, кој може да зарази луѓе е пронајден во источната кинеска...

Свет2 дена

Поранешен шеф на кампањата на Трамп: Споделив доверливи информации со Русите

Пол Манафорт, кој беше менаџер на кампањата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во 2016 година, призна дека споделил доверливи...

Македонија2 дена

МОН го повлекува учебникот по Социологија за втора година гимназиско образование

Министерството за образование и наука информира дека е формирана Комисија за давање предлог за повлекување од употреба на одобрен учебник...

Македонија2 дена

Регистрирани 679 новозаразени од коронавирус, нема починати лица

Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се...