Контакт

Екологија

На аеродромот во Лос Анџелес запленети гигантски полжави

Објавено пред

Цариниците на американскиот меѓународен аеродром во Лос Анџелес заплениле пратка тешка 16 килограми со неколку десетици гигантски африкански полжави кои се сметаат за гастрономски специјалитет во Нигерија, но се и незаситни штетници кои можат да изедат дури и боја и малтер на куќи, a опасни се и по здравјето на луѓето.

 

Како што пишува The Los Angeles Times, од нигериската престолнина Лагос на аеродромот во Лос Анџелес пристигнале 67 полжави заедно со куќичките спакувани до две торби, коишто според декларацијата, како што објави американската царинска служба, биле наменети за човечка исхрана. Претходно беше познато за само два случаи на откриени полжави сокриени во рачен багаж.Споменатата пратка содржела адреса и немало обид за нејзино илегално внесување во САД. Меѓутоа, овие полжави се под забрана за влез во многу земји, затоа што се сметаат за големи штетници кои претставуваат сериозна закана за земјоделието, околината и јавното здравје. Тие се инвазивен вид кој се храни со големи количества од 500 видови растенија и изведуваат 1.200 јајца годишно.Гигантските африкански полжави достигнуваат 15 до 18 сантиметри во должина и живеат до 10 години. Покрај тоа, во себе можат да носат паразити коишто може да предизвикаат разни болести кај луѓето, вклучително и менингитис.Оттаму, земјите коишто имаат најпогодна клима размножување за овој вид полжави предвидуваат карантин и не дозволуваат увоз на нивни школки на своите територии. Во Европа, каде што опстанокот на гигантските африкански полжави во природни условине е возможен, тие понекогаш се чуваат како домашни миленици./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Екологија

Eколозите порачуваат: 15% од територијата на државата треба да бидат заштитено подрачје

Објавено пред

Светскиот ден на животната средина 5 јуни е значаен меѓународен ден за подигнување на свеста за зачувување на животната средина и се одбележува од 1974 година.

Програмата на Обединетите нации за животна средина (УНЕП) како и многу невладини организации, заедници и влади во повеќе од 150 држави во светот годинава овој ден го одбележуваат со различни онлајн настани под мотото „Време е за природата“ (#ForNature), a домаќин на официјалната манифестација годинава е Колумбија во соработка со Германија.

Годинава во фокусот е биодиверзитетот којшто бара итна заштита, но и е од витално значење за опстанокот на човекот.

Годинава сите случувања почнувајќи од масовните пожари во Австралија, Бразил и САД, па сè до наездата со скакулци во Источна Африка, а сега и глобалната пандемија со Ковид-19 – ја истакнуваат поврзаноста на човекот со природата и природните циклуси.

Македонското еколошко друштво (МЕД) се придружува кон овие пораки и потсетува дека биодиверзитетот во делови од земјава е исклучително важен за зачувување не само од аспект на национално богатство туку и заради неговото европско и светско значење.

Мрежата на заштитени подрачја вклучува 86 подрачја, на површина од 230,083 хектари или околу 8,9% од територијата на државата.

Според Стратегијата за биолошка разновидност 2018-2023 земјава треба да ја зголеми површината на заштитени подрачја до 15% и да се обезбеди нивно функционално поврзување како еколошка мрежа и да се воспостави ефективно управување со заштитените подрачја во соработка со локалните заедници.

„Здрава планета е основа за здраво општество и треба да извлечеме поука од оваа криза. Вештините кои ги стекнавме изминатите месеци за новите начини на комуникација и спроведување на работните обврски и штедливото користење на ресурсите се надевам ќе внесат нов фокус на нашиот живот свртен кон природата. Време е да се тргнеме од линеарниот економски модел кој е неодржлив со преголемо користење на ресурси и создавање преголеми количини отпад, и преку иновативни зелени бизниси да се преориентираме кон циркуларната економија – ќе користиме помалку ресурси и енергија и со тоа ќе го заштитиме нашето природно богатство“, изјави по повод Денот на животната средина, извршната директорка на МЕД, Робертина Брајаноска.

Животниот стил и технологијата имаат сериозни последици врз животната средина, затоа треба да размислиме како може да ја зачуваме животната средина и да го намалиме отпадот.

Според експертските проценки, на годишно ниво светот губи 27.000 видови, а доколку овој тренд продолжи, во следните 30 години би загубиле 25% од живите организми, односно, една четвртина од сиот жив свет на Земјата.

Прикажи повеќе...

Екологија

На секои шест секунди се уништува прашума со големина на фудбалско игралиште

Објавено пред

Минатата година огромни области прашума беа опажарени, а подрачје со големина на Швајцарија било исечено за да се направи пат за добиток и да се отвори простор за земјоделски површини, велат научниците.

Сателитски снимки покажуваат дека третина од загубите се на територијата на Бразил, додека ДР Конго и Индонезија се на второто и третото место, соопшти организацијата „Глобал форест воч“.

Минатата година биле уништени 38.000 квадратни километри дождовна шума, што е еквивалент на област колку едно фудбалското игралиште на секои шест секунди.

Вкупната површина на тропските шуми уништена од пожари и булдожери всушност лани била трипати поголема, но особено вредни се древните дождовни шуми, односно прашумите кои се создадени од природата и кои се развиваат без никакво влијание на цивилизацијата.

Тие досега беа незафатени од современиот развој и се засолниште за најразновиден животински свет на Земјата и во себе „придушуваат“ огромни количини јаглерод. Кога се палат овие шуми, јаглеродот бега во атмосферата како штетен јаглерод диоксид.

„Кога отсега натаму никој не би ги допирал, ќе бидат потребни децении, па дури и векови, овие шуми да се вратат во нивната првобитна состојба“, вели Микаела Вајс од „Глобал форест воч“.

Шумските пожари кои зафатија делови од Амазонија во Бразил ги наполнија насловните страници на светските медиуми минатата година, но тие не се главната причина за уништување на прашумата. Главен проблем е нелегалната сеча, најчесто во области населени со домородни народи.

Ова беше така пред бразилскиот претседател, Жаир Болсонаро, да објави ублажување на законите во овие, во нормални околности, заштитени подрачја, за да се олеснат комерцијалното рударство и земјоделството, како и експлоатацијата на нафта и гас. Сето ова може дополнително да го прошири уништувањето на шумите.

Прикажи повеќе...

Екологија

Откриена нова двојка од најзагрозениот вид мајмуни во светот

Објавено пред

Откривањето на нова двојка мајмуни од видот хајнански гибон дава надеж за опстанок на овој најредок вид  примати, кој се наоѓа на списокот на стоте најзагрозени видови и беше на работ на истребување.

Поради уништување на шумите и ловокрадството, овој вид мајмуни денес живее исклучиво во дел од шумата на кинескиот остров Хајнан.

Во педесеттите години на минатиот век во светот имало околу 2.000 од нив, но во текот на 70-тите тој број опаднал на само десет, пишува Би-би-си.

Според последниот попис, за трипати е зголемен бројот на хајнански гибони (Nomascus hainanus), што значи дека сега се 30, кои живеат во пет одделни групи.

Ваквото закрепнување на загрозениот вид е резултат на напорната работа на луѓето кои работат на проектот за зачувување на хајнанските гибони. Проектот го водат фармата Кадори и ботаничката градина во Хонгконг.

„Не можам ни да замислам како би изгледале шумите кога би ги изгубиле овие прекрасни животни и нивното убаво пеење“, вели Филип Ло, експерт за заштита на животните.

Познато е дека гибоните се движат многу грациозно низ крошните на дрвјата, испуштајќи гласни крикови за обележување на нивната територија. Возрасните гибони обично „пеат“ во двојки за време на зората, со што ги зајакнуваат своите врски.

Гибоните живеат во заедници или семејства кои обично се состојат од еден мажјак, две женки и нивното потомство. Откривањето на петтата двојка што е засебно семејство влева надеж дека овој вид примат нема да исчезне.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија32 минути

Бојан Јовановски пријави 40 функционери и бизнисмени: „Ќе ме спречат само ако посегнат по мојот живот“

Осудениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски преку писмо соопшти дека кривично ќе гони 40-ина функционери и бизнисмени порди злоупотреба на...

Македонија2 часа

Турски државјани врзале чаршав и преку прозорец избегале од државен карантин во Скопје

Двајца државјани на Турција синоќа избегале од државен карантин во Скопје, со чаршав кој бил врзан како импровизирано јаже. Од...

Топ3 часа

Скопјанец ја нападнал со секира својата сопруга додека спиела, а потоа бил пронајден мртов

Шеесет и едногодишен маж од Скопско утрово со секира ја нападнал својата сопруга додека таа спиела во семејниот дом во...

Македонија4 часа

168 новозаразени и тројца починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.470 тестирања, а регистрирани се 168 нови случаи на...

Свет5 часа

Директорот на СЗО предупредува: Се забрзува ширењето на вирусот

Пандемијата на коронавирусот сè уште забрзува, а повеќето земји и натаму не успеваат да ја стават под контрола, предупреди директорот...

Регион5 часа

Србија воведува нови рестрикции поради коронавирусот, најстрого ќе биде во Белград

Во Србија, која веќе два дена е потресена од големи немири, донесени се нови мерки за превенција од коронавирусот. Како...

Регион7 часа

Без гушкање и бакнување, дозволен е само бакнеж на младенците – Хрватска воведува нови правила за свадби

Директорот на хрватскиот Институт за јавно здравје, Крунослав Чапак, истакна дека свадбите нема да бидат забранети и откри кои ќе...

Свет8 часа

(Видео) „Победата дојде“ – во болницата во Бергамо нема пациенти со Ковид-19 во одделот за интензивна нега

Во болницата „Папата Јован“ во Бергамо, Италија, нема повеќе пациенти со коронавирус на одделот за интензивна нега, и тоа 137...

Регион8 часа

(Видео) Полицијата нападнала две новинарки на протестот во Белград

Две новинарки на порталот „Нова.рс“ вчера биле нападнати од страна на полицијата на протестот во Белград. Порталот објави дека новинарката...

Топ8 часа

Комбе со 50 мигранти се превртело на патот Валандово – Струмица, возачот побегнал

Во вечерните часови на 8 јули на регионалниот пат Валандово – Струмица, пред крстосницата за село Раборци, се превртело комбе...

Македонија9 часа

Глоба за угостителски објект, на иста маса седеле четири лица што не биле од исто семејство

Обвинителството предложи глоби за угостителски објект во Скопје и за управителот на правното лице поради непочитување на мерките за заштита...

Регион10 часа

Брнабиќ: Ова се најнасилни протести досега

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, рече дека протестите од изминатите два дена во Белград се најнасилните протести досега, но рече...

Македонија11 час

Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ може да влезат во земјата само со негативен тест

Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ од денеска може да влезат во земјата само со негативен тест за...

Регион11 час

Повредени 19 полицајци и 17 демонстранти на протестот во Белград

За време на синоќешните протести и немири пред Собранието на Србија во Белград  повредени се 19 полицајци и 17 демонстранти....

Македонија11 час

(Аудио) Објавен разговорот меѓу Заев и лажната Грета Тунберг

Руските пранкери Владимир Кузнетсков и Алексеј Столиров го објавија разговорот со поранешниот премиер Зоран Заев, кој мислел дека разговара со...

Регион21 час

Вулин: Ова е обид за државен удар, се радуваат сите непријатели на Србија

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин вечерва во изјава за ТВ „Пинк“ рече дека она што се случува втора вечер...

Регион22 часа

(Видео) Српската полиција со жестока реакција ги растера демонстрантите од пред Собранието

Група луѓе предводени од Сојузот за Србија се собра попладнево пред српското собраните. Полицијата направи кордони пред влезот во зградата....

Регион23 часа

(Видео) Белград под опсада: Полицијата фрли солзавец, демонстрантите гаѓаат со факли

На протестите во Белград избија и првите инциденти пред Собранието. Се слушнаа неколку детонации, а полицијата фрла солзавец. Демонстрантите извикуваат...

Свет1 ден

Бројот на заболени од коронавирус низ целиот свет надмина 12 милиони

Низ целиот свет oд новиот коронавирус досега се заразиле над 12 милиони луѓе, односно 12.002.132, според најновите податоци објавени на...

Регион1 ден

Вучиќ: Имаме сознанија за вмешаност на странски служби во вчерашниот протест

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги осуди синоќешните протести организирани пред националното собрание, оценувајќи ги како акт на политичко насилство....

Досие