Контакт

Естрада

Албумот на „Иглс“ најпродаван во историјата

Објавено пред

Greatest Hits на „Иглс“ го надмина „Трилер” на Мајкл Џексон како најпродаван албум на сите времиња, според податоците од американското дискографско здружение.

The Eagles: Their Greatest hits 1971-1975 е компилација од првите четири албуми на рок-групата и е продадена во 38 милиони примероци, со што го надмина „Трилер”, кој се продаде во 33 милиони примероци.

Таа плоча и онака беше најпродавана во 2009 година, кога ја претекна „Трилер”, чија продажба се зголеми веднаш по смртта на Мајкл Џексон.

Hotel California, албумот на „Иглс” од 1976 година со истоимениот хит-сингл, е на третото место на најдобро продавани албуми со  26 милиони примероци.

По смртта на пејачот Глен Фреј (67) во 2016 година, групата се реформираше и продолжи со турнеите следната година и сè уште е активна.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Естрада

Мајли Сајрус во провокативно издание

Објавено пред

Пејачката Мајли Сајрус ја објави својата гола фотографија на социјалните мрежи и иницира лавина коментари.

Пејачката се сончаше гола на лежалка, на себе имаше само капа што ѝ ја штитеше главата од сонцето, а градите ги покри со рацете.

Мајли успеа повторно да го привлече вниманието, па некои коментираа дека пејачката блеска по мажачката со Лијам Хемсворт, а други ја критикуваа поради ова провокативно издание.

„Подготвен сум за забава, ајде да одиме во лето 2019 година!“, порача покрај фотографијата.

Прикажи повеќе...

Естрада

Американски кантри-пејач се уби додека снимаше спот

Објавено пред

Познатиот американски кантри-пејач Џастин Картер загина снимајќи спот во Тексас, така што случајно испукал куршум додека го држел пиштолот во раката.

Пејачот трагично настрада на возраст од 35 години, а пиштолот со кој си пукал во окото бил наменет исклучиво за потребите на снимањето.

Тој почина вчера, 21 март, а неговиот тим ја потврди тажната вест на социјалните мрежи.

„Ве молиме да се помолите за семејството на Џастин и да имате разбирање за нивната приватност. Џастин веќе не е со нас, тој почина. Многу ќе ни недостига на сите нас. Тој секогаш беше позитивен, насмеан, сакаше толку многу луѓе во својот живот. Тој ги ценеше обожавателите и поддршката. Ви благодарам на сите за вашата поддршка! Набргу ќе ве информираме за повеќе детали за донирање и помагање на неговото семејство за погребот и за сè друго. Почивај во мир, брате мој!“

Пејачот го објави последното видео пред две недели, а во него има и сцени со пиштол.

Прикажи повеќе...

Естрада

Џесика Симпсон роди ќерка и ѝ даде необично име

Објавено пред

Пејачката Џесика Симпсон го роди своето трето дете, ќерката на која ѝ даде име Бирди Меј. Гордата мајка вчера на социјалните мрежи сподели црно-бела фотографија на која нејзината шестгодишна ќерка Максвел Дру држи бебе за рака.

„Среќни сме и горди што можеме да објавиме дека се роди нашето совршено девојче, Бирди Меј Џонсон“, напиша Џесика под фотографијата. Исто така, американската пејачка откри дека Бирди е тешка 4,5 килограми и дека нејзиното раѓање поминало на најдобар можен начин.

Под фотографијата следуваа бројни честитки на обожавателите и комплименти за името на девојчето.

„Честитки. Колку слатко име! Малку е старомодно, но неодоливо“ е еден од коментарите.

Пејачката не криеше дека ова ѝ е најтешката бременост досега. Освен што имаше големи проблеми со отекувањето на глуждовите поради што не можеше да оди, Џесика доби повеќе од 20 килограми за време на бременоста, за што еднаш се вртеше во тоалетот.

На Џесика ова ѝ е трето дете со поранешната ѕвезда на НФЛ, Ерик Џонсон (39), а уште за време на бременоста таа откри дека не планирале да имаат трето дете. Освен ќерката Максвел Дру, двојката го има и синот Аце Кнут (5), а во брак се од 2014 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија44 минути

(Видео)Со колички ќе излеземе на протест, ако нема пари за достоен живот, порачаа лицата со попреченост

Бранкица Димитровска од Здружението Хендикеп на прес-конференција од пред Министерството за труд и социјална политика, порача дека лицата со попреченост,...

Свет1 час

Израел за ракетниот напад го обвини „Хамас”: започнува мобилизација, Нетанјаху веднаш се враќа од САД

Израелската армија го обвини Исламскoто движење на отпорот „Хамас” за ракетниот напад врз Израел изведен во утринските часови од појасот...

Свет2 часа

На врвот на највисоката зграда во светот поставена фотографија на премиерката на Нов Зеланд

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, го одушеви светот со своето снаодливо и вешто справување со ситуацијата по терористичкиот напад...

Европа2 часа

Опасен затвореник во бегство, во цела Европа го бараат Даниел Војновиќ

Даниел Војновиќ е опасен и непредвидлив, предупредува германската полиција, која ја прошири потрагата по него во цела Европа. Како што...

Свет3 часа

Франција: Поради немирите на протестите на „Жолтите елеци“, осудени се 2.000 лица

Во Франција од почетокот на протестите на граѓанското движење „Жолти елеци“ во ноември минатата година, па досега, осудени се приближно...

Свет3 часа

Палестинска ракета погоди куќа во Тел Авив, седуммина повредени

Седум лица се повредени во понеделникот наутро кога е погодена куќа во близина на Тел Авив со ракета лансирана од...

Свет3 часа

Трамп за извештајот на специјалниот обвинител: Пропадна обидот да ми се наштети

„Целосно ослободување“, напиша американскиот претседател Доналд Трамп на „Твитер“ по објавувањето на главните наоди од истрагата на специјалниот обвинител Роберт...

Аја Софија, Истанбул Аја Софија, Истанбул
Свет4 часа

Ердоган: „Аја Софија“ може повторно да стане џамија

Тускиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека светски познатата „Аја Софија“, која денеска е музеј, повторно би можела да стане...

Свет15 часа

Објавени резултатите од големата истрага – Трамп не соработувал со Русија

Кампањата на Доналд Трамп за претседателските избори во 2016 година не заговарала со Русија, покажува извештајот на специјалниот советник Роберт...

Свет15 часа

Руски воени авиони со војници слетале во Венецуела, никој не знае зошто

Два руски воени авиони слетале вчера на аеродромот во Каракас со високи офицери и стотина војници, објавил локален новинар. Една...

Регион17 часа

Шешељ повторно ги запали знамињата на ЕУ и НАТО

Лидерот на српските радикали, Воислав Шешељ, на денешното одбележување на 20-годишнината од бомбардирањето на поранешната Сојузна Република Југославија, ги запали...

Македонија20 часа

(Видео) Рудник нема да има, ако треба со жив ѕид ќе ги браниме Иловица и Штука, порачаа младите

Не сакаме рудници, сакаме здрава котлина и здрав живот, очекуваме конечно властите да се залагаат за активности што ќе бидат...

Топ21 час

Ахмети: Апелирам опозицијата да не се повлекува од преговорите за СЈО

Опозицијата да не се повлекува од преговорите за СЈО, порача денеска лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Според него треба да...

Македонија1 ден

Повторно гореа трски на брегот на Охридското Езеро

Вчера покрај брегот на Охридското Езеро, помеѓу Струга и селото Калишта, настанал пожар при што опожарена била трска, соопшти Министерстото...

Топ1 ден

Мотоциклист прегазил жена и побегнал

(Фото: Илустрација) Вчера на улицата Пере Тошев,  мотоцикл со скопски регистерски таблици управуван од непознато лице удрил во 44-годишнен пешак...

Македонија1 ден

Уставен в среда ќе одлучува дали обвинетите на СЈО кои го оштетиле буџетот може да добијат пониски казни

Уставниот суд на седница закажана за среда 27 март ќе одлучува дали да поведе иницијатива за оценка на уставноста на...

Свет1 ден

(Видео) Драматична спасувачка акција: Извлечени сите патници од крузерот во Норвешка

Сите 1.300 лица кои се наоѓале на крузерот, чијшто мотор откажа вчера недалеку од западниот брег на Норвешка, биле спасени,...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Заевизмот донесе 2 века казна за луѓе кои не направиле ништо лошо

Недолжни граѓани станаа жртви на политички прогон само затоа што не се согласуваат со политиките на Зоран Заев, вели ВМРО-ДПМНЕ,...

Македонија1 ден

Сончево време со температури до 23 степени

Времето днеска ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен претежно северен ветер. Максималната температура ќе...

Македонија2 дена

Домашни и грчки експерти договорија учебниците да се усогласат во духот на Преспанскиот договор

На вториот состанок на Заедничкиот интердициплинарен комитет оформен согласно Преспанскиот договор, македонската и грчката делегација на експерти за историски, археолошки...

Досие