Естрада
Детскиот фестивал „Поточиња“ во МОБ
Со пристигнување на пролетта, на 8 – 9 април во Македонска опера и балет пристигнува и новото 14-то издание на детскиот фестивал „Поточиња“.
Најмалите љубители на музиката ќе можат да проследат 15 нови песнички и да уживаат во неповторливата детска забава за која ќе се погрижат солистите и хорот на детскиот фестивал „Поточиња“, како и маскотата „Поки“ во улога на водител.
Организаторот Пап Продукција информира дека на репертоарот се шест претстави со почеток од 11, 13 и 19 часот. Билетите по цена од 200 денари се во продажба на билетарата на МОБ, Југотон, касата на Универзална сала и продажната мрежа МК Тикетс./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
