Контакт

Естрада

Мерил Стрип го обвини Карл Лагерфелд дека ѝ ја упропастил вечерта на Оскарите

Објавено пред

Американсата актерка Мерил Стрип во саботата го обвини дизајнерот Карл Лагерфелд дека ѝ ја упропастил вечерта на доделувањето на најпрестижните филмски награди Оскарите, лажно обвинувајќи ја дека ѝ е платено носењето на фустанот на црвениот тепих.

 

Стрип одговори на тврдењето на Лагерфелд кажано претходно седмицава дека оваа актерка од култниот филм „Изборот на Софија“, не одлучила да ја облече креацијата на Шанел на свеченоста на доделувањето на Оскарите во неделата, поради тоа што ѝ е платено да носи вечерна тоалета на друг дизајнер. Неговите зборови одекнаа како бомба во сите светски медиуми.

„Приказната е пренесена ширум светот и продолжува да се шири низ светот засенувајќи го моето доаѓање на Оскарите и мојата рекордна 20-та номинација, и ја надмина во очите на медиумите, колегите и публиката оваа чест“, наведе 67-годишната Мерил Стрип во писмената изјава.

Мерил Стрип е една од најомилените и најпочитувани актерки од нејзината генерација, номинирана е за Оскар за улогата на ексцентрична оперска пејачка во комедијата „Florence Foster Jenkins“. Таа има веќе освоено три Оскара.

Ги отфрли во саботата извинувањата од Лагерфелд, Тој рече дека погрешно сфатил дека Стрип можеби избрала друг дизајнер поради паричен надомест и рече дека жали поради контроверзната ситуација.

„Воопштените изрази на жалење на господин Лагерфелд поради ‘контроверзиите’ не претставуваат извинување“, возврати Стрип./крај/мф/сн

Најново

Свет8 часа

Масакр во Пенсилванија – девет мртви, меѓу нив две деца и бремена жена

Девет лица, меѓу кои две деца, бремена жена и осомничениот напаѓач, се пронајдени мртви по масовно пукање во градот Ири,...

Свет9 часа

Папата против смртната казна, САД најавија погубување во живо

Папата Лав XIV денеска оцени дека смртната казна е „недозволива“, по повод Светскиот ден против смртната казна, додека САД најавија...

Забава10 часа

(Видео) Сите погледи кон Емили Ратајковски: манекенката се појави на гламурозен настан во Лондон

Американската манекенка и актерка, Емили Ратајковски, привлече внимание со своето појавување на свеченото доделување на наградите „Албис 2026“, што се...

Забава10 часа

Ума Турман се појави во јавноста по подолго време и го привлече целото внимание

Холивудската актерка Ума Турман (56), позната по улогата во култниот филм „Убиј го Бил“ (Kill Bill), привлече внимание со своето...

Спорт10 часа

Барселона незапирлива: oсум победи на осум натпревари, Хетафе испратен со три гола

Фудбалерите на Барселона ја продолжија совршената серија во шпанското првенство, совладувајќи го Хетафе со 3:0 на „Камп Ноу“ во осмото...

Забава11 часа

Грабеж на векот во Тоскана: украдени 30.000 шишиња вино вредни пет милиони евра

Најмалку седум маскирани крадци украле околу 30.000 шишиња вино, вредни пет милиони евра, од престижната винарија „Маркизи Антинори“ во Тоскана,...

Свет11 часа

(Видео) Авион заглави под мост во близина на Букурешт

Необична сцена е забележана на патиштата во Романија, каде што патнички авион што повеќе не е во употреба се заглавил...

Забава11 часа

Чарли Шин не можел да стои на нозе ниту да ги запомни репликите на последното снимање: креаторот на „Два и пол мажи“ откри детали

Креаторот на популарната серија „Два и пол мажи“, Чак Лор, откри дека актерот Чарли Шин бил во толку лоша состојба...

Спорт12 часа

Неверојатна грешка на Нојер: Баерн прими гол по само осум секунди и едвај извлече реми

Фудбалерите на Баерн Минхен денеска одиграа нерешено 2:2 на гостувањето кај Аугсбург, во петтото коло од германската Бундеслига, а натпреварот...