Естрада
Почина пејачката Марина Пухариќ

Вчера на 66-годишна возраст почина пејачката Марина Пухариќ (1954-2021). Марина Пухариќ е пејачка на народна, староградска и забавна македонска музика. Ќе останат запаметени нејзините композиции: „Мојот разбој“, „Мојот сон “, интерпретациите на традиционалните песни: „Зошто ми се срдиш либе“, „Дали го видовте“, „Кажи Анѓо, кажи душо“, како и песните од забавната музика: „Си одиш ти од мене“ „Есенска елегија“, „Биди насмеан“, „Помина време“.
Има соработувано со композиторите Љубомир Бранѓолица, Ванчо Димитров, Јанко Узунов… Беше дел од групата „Македонија“, како и од женската пејачка група „Сирма“. Талентот го имаше наследено од својата тетка, Нина Спирова.
Целиот свој работен стаж, Марина Пухариќ освен во музиката, го посвети и како наставничка по предметите физика и хемија.Посмртните останки на Марина Пухариќ ќе бидат изложени утре во капелата на гробишта во Бутел од 13:30 до 14:00 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Естрада
Пејачот Владо Георгиев распали по СЗО: Тие се сатанисти, никој не може да ве тера да носите маска

Српскиот пејач и композитор Владо Горгиев на „Твитер“ објави серија пораки од кои може да се заклучи дека е сериозно револтиран од денешната одлука на српскиот кризен штаб за задолжително носење заштитни маски и на отворено.
„Дали е реално дека луѓето го трпат ова? Маски што не заштитуваат од ништо да се носат на отворено? Набргу ќе ви прават што ќе посакаат!“, им порача српскиот пејач на своите следбеници на социјалната мрежа.
JE LI REALNO DA LJUDI OVO TRPE? JE LI RELNO? MASKE KOJE NE ŠTITE NIODČEGA DA SE NOSE NA OTVORENOM? SAGNITE SE OVOM ŠLJAMU, USKORO ĆE VAM RADITI ŠTA POŽELE 😱 Nove mere Kriznog štaba: Maske i na otvorenom – NOVA portal https://t.co/qaMxL8UHrO
— Vlado Georgiev – Barba (@VladoGeorgiev) October 16, 2020
Во продолжение, тој го објави и своето незадоволство од начинот на кој СЗО се справува со корона-кризата.
„Кризниот штаб и сите комплет, заедно со глобалистичките сатанистички г***а во СЗО, може само да дадат препорака за носење маски, но никако да наредуваат, никој нема право да издава наредби за носење маски на кои пишува дека не се соодветна заштита. СЗО ботови – СТОП“, наведува Георгиев во следната објава.
Krizni štab i ostala gologuzija u kompletu sa svim globalističkim satanističkim govnima who
MOGU SAMO DA DAJU PREPORUKU ZA NOŠENJE MASKI I NIKAKO DA NAREDE
Niko nema pravo da izdaje naređenje za nošenje maski na kojima PIŠE da NISU ZAŠTITA!!!Who botovi – STOP
— Vlado Georgiev – Barba (@VladoGeorgiev) October 16, 2020
Српскиот пејач изминативе недели беше една од главните теми во земјата по одржаниот концерт во скопскиот локал „Мош“, на кои присутните воопшто не ги почитуваа мерките за носење маски и физичко растојание.
Претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски, денеска уште еднаш ја изрази својата увереност дека токму концертите и журките од изминатите недели се главната причина за зголемвањето на бројките на заразени во последните три дена.
Естрада
Се бара список со имиња на многу славни личности кои летале со авионите на осудениот педофил Епстајн

Податоци од летовите на авионите на милијардерот Џефри Епстајн, вклучително и „Лолита експрес“, ќе бидат изнесени пред судот, што предизвикува страв кај богатите и славните личности кои се дружеа и одеа на забави со овој осуден педофил, кој минатата година изврши самоубиство во затвор, информираат британските медиуми.
Јавниот обвинител на Девствените Острови, каде што милијардерот имал вила и се сомничи дека извршил бројни злосторства, побара да добие документи за тоа кои биле патниците во овие воздухоплови.
Податоците се однесуваат на неговите четири хеликоптери и три авиони во периодот од 1998 година до самоубиството на Епстајн во 2019 година.
Обвинителот Денис Џорџ поднесе тужба, повикувајќи се на 22 точки, вклучително и трговија со луѓе, тешко силување, злоупотреба на деца, занемарување, присилна работа и проституција, пишува „Дејли мејл“.
Џорџ, исто така, бара да види какви било „поплаки или извештаи за потенцијално сомнително однесување“, како и личните белешки на пилотот. Се бараат и имиња и детали за сите кои работеле со пилотите, комуницирале со Епстајн и патниците кои патувале со него.
Пилотот Дејвид Роџерс претходно откри информација од 2009 година која покажала дека британскиот принц Ендрју, Бил Клинтон, Кевин Спејси и Наоми Кембел биле меѓу оние кои патувале со авионите на милијардерот. Сепак, тоа не значи дека тие биле свесни за злосторствата за кои беше обвинет Епстајн.
Според некои извори, ова предизвикало вистинска паника кај богатите и славните, а адвокатите на жртвите наведуваат дека побараните извештаи не вклучуваат податоци од летовите на пилот кој работел за Епстајн повеќе од 25 години.
Естрада
Северина заразена со коронавирус: „Денеска добив позитивен резултат“

Хрватската пејачка Северина на „Инстаграм“ објави дека е заразена со коронавирус.
Како што вели, нема никакви симптоми, а нејзиниот син Александар добил негативен резултат на тестот. Во објавата, таа се осврна и на текстовите во медиумите дека се заразила за време на забавите во Далмација.
Во продолжение, ова е нејзината објава во целост:
„Иако немам никакви симптоми, денес добив потврда дека сум позитивна за Ковид-19, а тестот на мојот син е негативен.
Веднаш утрово, по контакт со епидемиологот, ги презедов сите мерки, веднаш го известив таткото на детето и, во договор со таткото, го предадов два дена пред назначениот датум, за самоизолацијата да ја помине со него, без оглед на негативниот тест. Заради заедничка заштита на приватноста и избегнување на стигматизирање на детето, го замолив таткото за дискреција. Сепак, 20 минути откако таткото го зеде детето, во српските медиуми се појавија вести дека сум се заразила ‘забавувајќи се во Далмација’.
Значи, да, имам позитивен тест, немам никакви симптоми, се заразив од блиска личност, најверојатно по враќањето во Загреб, а не за време на мојот летен одмор во Далмација. Бидејќи таа личност вчера доби позитивен тест, мојот син и јас веднаш отидовме на повторно испитување, затоа што нашиот прв тест беше негативен.
Апелирам до медиумите, особено во Србија, да се воздржат од објавување невистинити и непроверени, односно фабрикувани информации“, се наведува во објавата на хрватската пејачка.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер