Контакт

Естрада

Руската претставничка на Евровизија би можела да настапи преку сателит

Објавено пред

Организаторите на натпреварот Песна на Евровизија и предложија во четврток на руската пејачка Јулија Самојлова својот настап на Евросонгот да го изведе преку сателит, откако украинските власти и забранија влез на територијата на Украина.

Европската радиодифузна унија соопшти дека ќе ги почитува законите на земјата домаќин, но и дека „длабоко жали заради таквата одлука која е во спротивност на духот на натпреварувањето и отстапува од неговите вредности“.

Организаторот наведе дека долго размислувал како на руската натпреварувачка да и овозможи настап во полуфиналето што ќе се одржи на 11 мај во Киев.

„Ако Русија се квалификува, би можела на ист начин, преку сателит, да учествува во финалниот дел од натпреварувањето, закажано за 13 мај“, додаваат од Европската радиодифузна унија со седиште во Женева.

Украина и забрани на Самојлова да влезе на нејзина територија бидејќи таа порано го посетила Крим, кој беше анектиран од Русија, без да влезе преку официјалната украинска граница. /крај/со/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Естрада

Домашни изведувачи ќе настапат на пречекот на Новата година во Скопје

Објавено пред

Со настап на домашни музички изведувачи, граѓаните на плоштадот Македонија ќе може да ја пречекаат Новата 2022 година, информираат од Град Скопје.

„Три општествено одговорни компании се охрабрија во време на економска и енергетска криза да придонесат за организацијата за свечениот дпречек на Новата година“, се наведува во соопштението на градските власти, кои денеска ја објавија новогодишната програма за 31 декември:

21 – 22 ч – „Пука козметика“
22.10 – 23.10 ч – ДНК
23.20 – 00.20 ч – „Нокаут“
00.30 – 1 ч – Наум Петрески и Зуица Лазова
1 – 1.30 – ДЈ Славе

Прикажи повеќе...

Естрада

Над половина милион прегледи за македонските претставници на Детскиот евросонг

Објавено пред

Со развиорени македонски знамиња Green Forces од „Дајте музика“ на социјалните мрежи им се заблагодари на сите фанови за поддршката што ја добиваат.

Веќе со над 600.000 прегледи од објавувањето на видеото, како и со високи позиции на трендинг-листите, македонската делегација периодов интензивно се подготвува за настапот на Детскиот евросонг во Париз.

Минатиот викенд Green Forces се сретна со албанската претставничка на Детскиот евросонг, популарната Ана Ѓебреа. Таа во студиото на Македонската телевизија пееше на македонски за спас на планетата Земја, а „Дајте музика“ одговори на албански: „Ќе бидеме покрај тебе!“

Песната на албанската претставничка Ана Ѓебреа ја третира темата за врсничко насилство, со наслов Stand by You (н.з. „Ќе бидам покрај тебе“). Во најновото видео објавено на социјалните мрежи децата од „Дајте музика“ му се заблагодарија на организаторот на Детскиот евросонг 2021 за можноста за здружување на гласовите против четирите најгорливи теми што ја засегаат токму оваа генерација: врсничкото насилство, загадувањето, климатските промени и глобалното затоплување воопшто.

Неодамна Green Forces од „Дајте музика“ постави прашање до својата публика: „Што направивте за нашата планета денеска?“ Се надеваме на одговори набргу!

Музиката за Green Forces ja напиша Роберт Билбилов, а текстот е на Робин Зимбаков. Видеоспотот е на „Вертиго вижуалс“, а во продукција на „Рифенштал“. Детскиот евросонг ќе се одржи на 19 декември 2021 во Париз, Франција.

Овој линк ќе ве одведе до песната со која нашите претставници ќе настапат на  Детскиот евросонг.

Прикажи повеќе...

Естрада

(Видео) „Сега или никогаш” нов сингл на бендот Fiction

Објавено пред

„Сега или никогаш” е најновиот сингл на бендот Fiction. Песната, која бендот ја издаде со видеозапис, е инспирирана од New Wave и synth-pop звукот на 80тите години на 20 век, од артисти како Depeche Mode, Duran Duran, Tears for Fears и The Police. Истата е продолжение на приказната која бендот ја започна со својот претходен сингл „Дали знае”.

Автор на музиката и текстот е гитаристот на бендот, Виктор Захариев, кој стои и зад аудиопродукцијата, додека зад аранжманот се потпишува целиот бенд. Видеото е дело на режисерот Јован Саркањац, сработено во соработка со Сара Панковска и Мило Горгиевска. Миксот и мастерот се дело на Виктор Георгиевски, додека за графичкиот дизајн се погрижи Катерина Даниловска.

Fiction е рок бенд од Скопје составен од: Петар Ѓуревски – вокал, Виктор Захариев – гитара и вокал, Филип Андонов – бас гитара и Теодор Теодосиев.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет20 минути

Лавров: Преговорите со САД и НАТО не се завршени – нема да дозволиме рушење на нашите интереси

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави за новинарите дека Москва не сака војна, но дека нема да дозволи...

Свет2 часа

Тропска бура однесе 77 животи во Jужна Африка

Бројот на загинати во тропската бура Ана, која погоди три јужноафрикански земји – Мадагаскар, Мозамбик и Малави, се искачи на...

Свет2 часа

Бајден: Одлучно ќе одговориме ако Русија ја нападне Украина

Американскиот претседател Џозеф Бајден во телефонски разговор со украинскиот лидер Володимир Зеленски ја потврдил подготвеноста на Вашингтон да одговори одлучно...

Македонија16 часа

Регистрирани нови 1.861 случај на Ковид-19 и 27 починати

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се...

Свет18 часа

НАТО со нови барања до Москва

Откако американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека САД ѝ испратиле на Москва одговори на безбедносните барања на Русија, истото...

Македонија19 часа

СОНК: Второто полугодие да почне онлајн, училиштата можат да бидат опасен кластер

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура бара Владата да ја повлече одлуката за почеток на второто полугодие со физичко...

Топ22 часа

Осомничениот за сообраќајката кај Лисиче возел под дејство на алкохол и поминал на црвено

Јавното обвинителство од Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишниот скопјанец за кого постои сомнение за тешки дела...

Европа22 часа

Лавров: САД не одговараат на најважното прашање – ширењето на НАТО кон исток

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денеска изјави дека содржината на американскиот одговор на рускиот предлог за безбедносни гаранции...

Македонија24 часа

Писмо со закани по живот од терористичка организација добил јавниот обвинител Јовески

Државниот јавен обвинител извести дека во текот на вчерашниот ден, преку препорачана пратка експедирана од Пошта Битола на 17.1.2022 година...

Европа1 ден

Данска ги укинува сите ограничувања, короната е исклучена од категоријата на критични болести

Данските власти донесоа одлука за исклучување на Ковид-19 од категоријата на критични болести, а од 1 февруари ќе бидат укинати...

Европа1 ден

Војник застрелал петмина стражари во фабрика за оружје во Украина

Војник на украинската национална гарда од засега непознати причини пукал во припадници на обезбедувањето во воена фабрика во Днепар, при...

Македонија2 дена

Наставата продолжува со физичко присуство на 1 февруари

Владата донесе одлука наставата во основното и средното образование на учениците да продолжи со физичко присуство на 1 февруари. Оваа...

Македонија2 дена

Се намалува периодот на карантин на седум дена

Владата на денешната седница донесе одлука за намалување на периодот на изолација за лицата кај кои лабораториски е утврдено присуство...

Македонија2 дена

Нови 2.019 случаи на коронавирус, починаа 19 лица

Во последните 24 часа направени се 6.119 теста, а регистрирани се 2.019 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 968, Битола...

Македонија2 дена

ЦУК апелира до граѓаните да не се движат под опасната карпа на Матка, се преземаат активности за превенција

Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните да не се движат на местото под опасната карпа на Матка, поточно...

Топ2 дена

(Видео) Разбиена криминална група, запленетa марихуана вредна 50.000 евра

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал денеска донело наредба за истрага против три лица за кои постои сомнение дека...

Македонија2 дена

Преку снимки од надзорните камери околу мостот Гоце Делчев ќе се расветлуваат причините за несреќата

Обвинител од скопското основно јавно обвинителство извршил увид и презема дејствија за утврдување на фактите за настаната тешка сообраќајна несреќа...

Топ2 дена

Пешак прегазен пред мостот Гоце Делчев

Тешка сообраќајна несреќа се случила денеска, нешто по 11 часот, во центарот на Скопје. Пешак бил прегазен во близина на...

Македонија2 дена

Мицевски: Бараме укинување на Пржинската влада

Дополнување на дневниот ред, со точка за предлог-закон за изменување на Законот за Владата на Република Македонија по скратена постапка,...

Топ2 дена

Фатална сообраќајка во Лисиче – загина возач, а тешко повредена е неговата 15-годишна ќерка

Дежурен обвинител од скопското Основно јавно обвинителство извршил увид на местото на тешка сообраќајна несреќа што се случила синоќа околу...

Досие