Контакт

Естрада

Џенет Џексон го роди своето првенче на 50 години

Објавено пред

Познатата американска пејачка Џенет Џексон, помладата сестра на починатата поп икона Мајкл Џексон, го роди своето првенче на 50 годишна возраст, објави во вторникот магазинот People повикувајќи се на нејзината портпаролка.

dobivaj vesti na viber

„Џенет Џексон и нејзиниот сопруг Висам ал-Мана со одушевување го поздравија доаѓањето на свет на синот Иса ал-Мана. Џенет се породи без проблеми и закрепнува во удобни услови“, се вели во писмената изјава до списанието.

Помладата сестра на Мајкл Џексон, кој почина во 2009 година, уште во април минатата година објави дека ја откажува светската турнеја за да се посвети на планирањето семејство и по совет на лекарите. Во октомври таа потврди дека е бремена и дека ќе роди момченце, а People ексклузивно објави нејзина фотографија облечена во бело со специфичното „стомаче“.

Џенет далеку од медиумите во 2012 година се омажи со катарскиот милијардер Висам ал-Мана, ова е нивно прво дете.

Џенет Џексон првпат на сцената се искачи на 7-годишна возраст, а во 1976 година глумеше во тогаш гледаниот серијал „Џексонови“ (The Jacksons). На 16 година потпиша договор со издавачката куќа A&M, за која го издаде својот прв албум, Сепак, популарноста ја стекна со третиот албум под наслов „Control“ кој го издаде во 1986 година.

Според податоците на магазинот Billboard, Џенет Џексон се вбројува на листата на најдобро продаваните изведувачи во историјата на современата поп-музика, со 140 милиони продадени примероци на носачи на звук.

Таа се проби во светот на музиката и шоу бизнисот и покрај тоа што критичарите сметаа дека нејзините вокални способности се најскромни во споредба со другите членови на славното музичко семејство Џексон. Врвот на кариерата го доживеа во 90-те години од минатиот век./крај/мф/сн

Естрада

Џенифер Лопез откри зошто ги избришала сите објави од Инстаграм

Објавено пред

Џенифер Лопез ги шокираше своите фанови со тоа што ги избриша сите објави од својот Инстаграм профил и ја замени сликата на профилот со црна фотографија на сите социјални мрежи, а сега е откриена и причината за нејзиниот необичен потег.

dobivaj vesti na viber

Лопез ги затвори социјалните мрежи на 24 часа за да ја објави својата голема вест, објавувањето на „This Is Me… Now“, што доаѓа 20 години по објавувањето на „This Is Me…Then“.

Во краткото видео, Лопез ја рекреираше корицата на албумот од 2002 година, а потоа се трансформираше во нејзиниот сегашен лик, пишувајќи покрај објавата:

„Ова сум јас тогаш, ова сум јас сега“.

Таа го опиша новиот албум како „хроника на едно емотивно, духовно и психолошко патување во последните две децении“.

Оригиналниот албум беше посветен на нејзиното тогашно момче, Бен Афлек со кој денес е во брак.

Албумот содржи 13 песни, вклучително и некои кои алудираат на нејзината врска со Афлек, како што е „Dear Ben pt. II“ и „Полноќно патување во Вегас“, што е очигледна референца за нивната прва венчавка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Прикажи повеќе...

Естрада

Пугачева со осуда за нападот на Украина: Во Израел сум, се молам за мир

Објавено пред

Руската пејачка Ала Пугачева објави дека е во Израел три недели по јавната осуда на инвазијата на Путин на Украина.

dobivaj vesti na viber

„Ѝ благодарам на мојата повеќемилионска армија обожаватели за нивната љубов и поддршка, за нивната способност да ја разликуваат вистината од лагата“, напиша Пугачева на „Инстаграм“.

„Од светата земја се молам за вас и за мир. Среќна сум“, рече таа.

Пугачева важи за суперѕвезда во својата земја. Таа ја обликува рок и поп-музиката во Русија од седумдесеттите години на минатиот век. Помеѓу руските генерации таа е најпозната по хитовите „Милион црвени рози“ од 1982 година и по филмот The Singing Woman од 1978 година.

Пред три недели таа побара да биде вброена во странски агенти бидејќи Министерството за правда го стави нејзиниот сопруг Максим Галкин на црната листа.

Откога Русија ја нападна Украина на крајот на февруари, таа ја напушти Русија со својот сопруг. Меѓу нејзините обожаватели во минатото беа актуелниот претседател Путин и неговиот претходник на функцијата, претседател Борис Елцин.

Кога Михаил Горбачов почина во август, Пугачева зборуваше пофално за последниот советски лидер бидејќи, како што рече, тој дозволил слобода и го отфрлил насилството.

 

Прикажи повеќе...

Естрада

Поранешниот сопруг на Мараја Кери доби деветто дете, чека уште две бебиња од две жени

Објавено пред

Пензионираниот комичар, екссопругот на Мараја Кери, Ник Кенон (41) ги изненади сите кога вчера на Инстаграм објави дека има деветто дете со манекенката Ла Ниша Кол, додека наскоро ќе има уште две деца со уште две жени.

dobivaj vesti na viber

Кенон ја објави радосната вест објавувајќи видео од новопечената мама и бебето кое го доби името Оникс Ајс Кол Канон.

„Воведување на ONYX ICE COLE CANNON… Бог ни даде на мене и на Ланиша Кол привилегија да бидеме домаќини на ангел овде на Земјата. Ветувам дека ќе го заштитам, обезбедувам, водам и го сакам ова дете најдобро што можам“, рече Кенон на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NICK CANNON (@nickcannon)

 

Среќната вест остана во сенка на фактот дека Кенон чека повеќе деца во исто време, поради што беше цел на критики.

„Како што сите знаеме, не сум лесен за допирање и прилично сум имун на коментари, отсекогаш сум бил отворена книга, но не сите во моето семејство имаат исто ниво на сила. Затоа се молам и барам од другите сите критики и цинизам да ги насочат кон мене, а не кон саканите и драгоцени мајки на моите деца“, одговорил актерот и водител, пренесува „Дејли мејл“.

Веста доаѓа додека тој го чека раѓањето на своето 10-то дете со Аби Де Ла Роса, која треба да се породи во октомври, откако Бри Тиси го роди нивното прво заедничко дете во јули оваа година.

Животниот стил на Ник Кенон го надмина славниот Еди Марфи, кој има десет деца со пет сопруги, но не го следеше ова темпо кога станува збор за потомството.

Актерот од 2008 до 2016 година беше во брак со познатата пејачка Мараја Кери, со која ги има близнаците Марокан Скот и Монро Кенон.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет20 минути

(Видео) Експлозија на руски аеродром: Се запали резервоар за гориво, има загинати и повредени

Три лица загинаа во експлозија на резервоар за гориво на аеродромот во близина на рускиот град Рјазан. Шест лица се...

Европа21 минута

Макрон: Имам директен контакт со Путин

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека одржува редовни разговори и директен контакт со рускиот претседател Владимир Путин. „Секогаш одржувам редовни...

Економија50 минути

На сила стапија ограничувањето на цената на руската нафтата и забраната за увоз во ЕУ

Денеска стапи на сила ограничувањето на цената на руската нафта од 60 долари за барел договорено од ЕУ, Г7 и...

Свет56 минути

Убиен чеченски блогер во Шведска, голем критичар на Кадиров

Познатиот чеченски антирежимски блогер Тумсо Абдурахманов е убиен во Шведска, потврди чеченското опозициско движење 1ADAT. Според извештаите, Абдурахманов бил убиен...

Свет1 час

Дојава за бомба во авион за Бристол, летот пренасочен кон Прага

Летот на компанијата „ИзиЏет“ од Краков, Полска до Велика Британија безбедно слета откако беше пренасочен кон Прага поради извештаи за...

Македонија1 час

Блокирани клучните крстосници во Скопје поради протест на превозниците

Поради протестот на приватните автобуски превозници денеска во Скопје од раните утрински часови има посебен сообраќаен режим. „Министерството за внатрешни...

Македонија20 часа

Османи смета дека уставните измени треба што побрзо да стигнат во Собранието и темата да биде затворена

Темата за уставните измени треба што побрзо да биде отворена во Парламентот вели министерот за надворешни работи Бујар Османи. Тој...

Регион21 час

Остри реакции во Бугарија по ветото од Холандија

Најавата на Холандија дека одлучила да го блокира приемот на Бугарија во Шенген зоната без гранична контрола предизвика остри реакции...

Свет22 часа

Огромна победа за жените во Иран, укината полицијата за морал, можеби ќе падне и задолжителниот хиџаб

По неколкумесечните протести во кои загинаа повеќе од 300 луѓе, Иран одлучи да попушти и да ја укине моралната полиција....

Економија24 часа

Бо Буџетот за следната година 800 милиони евра капитални инвестиции

Капиталните инвестиции во Буџетот за 2023 се проектирани на 800 милиони евра. Владејачкиот СДСМ коментира дека буџетот за наредната година...

Економија24 часа

Бислимоски: Домаќинствата со 16,32 проценти помала потрошувачка на струја

Домаќинствата за 16,32 проценти ја намалиле потрошувачката на електрична енергија во скапа (висока) тарифа откако се воведени блок тарифите, покажуваат...

Македонија1 ден

Најстудено на Попова Шапка, снег во Маврово

Утрово најстудено е на Попова Шапка (минус еден степен), а најтопло во Гевгелија (9 степени). Управата за хидрометеоролошки работи соопшти...

Свет1 ден

Трамп повика на укинување на американскиот устав по објавата на интерните мејлови на Твитер

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп повика на укинување на Уставот на САД со цел да се сменат резултатите од претседателските...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Предложени 458 проекти низ општините, граѓаните за првпат одлучуваат за што ќе се трошат нивните пари

„Огромна заинтересираност и предложени 458 проекти од страна на граѓаните за само еден ден низ општините каде градоначалниците се од...

Спорт1 ден

Австралија ги намачи, но Аргентинците закажаа дуел со Холандија

Аргентина е во четврт-финалето на Светското првенство и ќе игра против Холандија. „Гаучосите“ успеаја да ја победат Австралија со 2:1,...

Економија2 дена

Ковачевски: Повисоки пензии, повеќе пари за општините и здравството во буџетот за следната година

Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за финансии Фатмир Бесими денеска, на заедничка прес-конференција, го претставија Предлог-буџетот за 2023 година, оценувајќи...

Македонија2 дена

МВР: Немало закани кон полицајци во Арачиново, случајот е целосно расчистен

МВР тврди дека никој не им се заканувал на полициски службеници во Арачиново, а случајот е целосно расчистен. „По извршени...

Македонија2 дена

Украдено возило на Итната помош во Кочани, полицијата го пронашла по пет часа

Доцна синоќа околу 03.40 часот од Општа болница Кочани било украдено службено обележано специјално возило „тојота“, сопственост на Итната медицинска...

Свет2 дена

(Видео) САД го претставија новиот стелт бомбардер, може да носи и нуклеарни бомби

САД синоќа го претставија својот нов стратешки стелт бомбардер Б-21 Рајдер, авион што може да лета без екипаж и да...

Македонија2 дена

Рашковски: Сингапур има биометрија, Србија сообраќаен софтвер, а Македонија ги има Трајчева и Русковска

Став на обвинетиот за предметот „Софтвери“ – поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашкoвски: „Жителите на Сингапур од 2022 година...