Контакт

Естрада

Џони Деп ја обвини Амбер Херд за семејно насилство

Објавено пред

Холивудската ѕвезда Џони Деп ги отфрли обвиненијата дека физички ја малтретирал својата поранешна сопруга Амбер Херд, на што додаде дека, всушност, таа била онаа што го вознемирувала него.

Деп ја тужи својата поранешта сопруга за клевета во спор тежок 50 милиони долари, а во новите документи доставени до судот тој тврдел дека Херд прикажала лажни модринки.

„Најсилно ги отфрлам обвиненијата на Херд уште од 2016“, вели Деп.

Адвокатот на Херд, пак, ги негира коментарите против својот клиент.

Џони Деп ја поднесе тужбата за клевета против Амбер Херд кога актерката се опиша себеси како жртва на семејно насилство во едно интервју за „Вашингтон пост“.

Херд побара од судот во Вирџинија да ја отфрли тужбата на Деп.

„Најсилно ги отфрлам обвиненијата на Херд уште од 2016 година кога таа влезе во судницата со намера да побара забрана за приближување, со насликани модринки, кои, според сведоците и безбедносните камери, не постоеле претходната недела. Ќе продолжам да ги негирам овие обвиненија до крајот на мојот живот. Никогаш не сум ја малтретирал Херд ниту, пак, некоја друга жена“.

„Таа беше сторителот, а јас бев жртвата. Додека мешаше лекови со алкохол, таа неколкупати физички ме нападна, дури и пред други лица, а во неколку случаи ми нанесе и сериозни телесни повреди“.

Сепак, адвокатот на Херд вели дека во овој случај постојат многубројни докази дека Џони Деп ја тепал Амбер Херд.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Естрада

Раперoт Дрејк тајно исплатил 350.000 долари за обвинување за сексуално вознемирување

Објавено пред

Обри Дрејк Греам (32), познат по сценското име Дрејк, ѝ исплати 350.000 долари на инстаграм-моделот Лејла Лејс (32), која се обиде да го тужи за лажни обвинувања за сексуално малтретирање за што е сосем ослободен во 2017 година.

Тајниот договор за исплата бил откриен кога Лејла поднела жалба против својот адвокат, кој, вели таа, не постапил во нејзин интерес, туку се здружил со адвокатот на Дрејк против неа. Таа потоа откри детали за средбата со раперот, која била во февруари 2017 година за време на неговата турнеја низ Велика Британија.

„Дрејк ме присили на орален секс, но тоа не беше обичен орален секс, туку повеќе како фетиш“, рече Лејла.

Раперот призна дека имале однос по неговиот концерт во Манчестер, но тврди дека Лејла се согласила на орален секс. Во април 2017 година таа изјави дека останала бремена од Дрејк, но немало докази за бременоста. Потоа, во мај таа, наводно, ангажирала адвокат за да извлече милиони од раперот, но не се согласила на тест за утврдување на татковство.

Случајот ескалира во јуни кога таа ја повика полицијата во Њујорк да пријави силување. Потоа полицијата разговараше со Дрејк, но го ослободи бидејќи немаше докази за обвиненијата.

Прикажи повеќе...

Естрада

Џенифер Лопез објави фотографија со модринка на окото

Објавено пред

Американската пејачка и актерка Џенифер Лопез објави фотографија на социјалните мрежи на која има покриена модринка на окото. Лопез под фотографијата напиша: „гламурозен живот“.

Американските медиуми пишуваат дека не им се познати причините за повредата, но голем број од фановите се загрижени дали пејачката во ваква состојба ќе биде во можност да ја продолжи планираната турнеја.

Лопез треба да ја одржи својата четврта турнеја It’s mu party tour, што ја организирала како своевидна прослава за својот 50. роденден. Во рамките на турнејата ќе се одржат 36 концерти, и тоа на четири континенти.

Лопез ќе пее во Северна Америка, Европа, Азија и во Африка. Пејачката јубилејните 50 години ќе ги наполни на 24 јуни, но за многумина таа сè уште изгледа дваесет години помлада.

Лопез на прашањето како го одржува својот младешки изглед одговорила дека редовно зема кофеин, не пие алкохол и се обидува да има долготраен и квалитетен сон.

Прикажи повеќе...

Естрада

(Видео) Пронајдена снимка од 1987 година на која Фреди Меркјури пее во придружба на пијано

Објавено пред

Уште една верзија на песната Time што ја пее Фреди Меркјури беше објавена во четвртокот по долго трагање по снимката направена во лондонското студио Abbey Road во 1986.

Само во придружба на пијано починатиот фронтмен на „Квин“ ја пее поедноставната верзија на Time, која ја сними како соло уметник со британскиот музичар и продуцент Дејв Кларк за истоимениот лондонски мјузикл.

Новата верзија беше објавена со нејзиното целосно име Time Waits For No One.

Меркјури почина од пневмонија поврзана со сида во 1991 година.

„Тоа е само Фреди со пијано и навистина покажува колку добар изведувач бил, имаше неверојатен опсег на глас“, рече Кларк, кој ја најде снимката по неколкугодишно барање, во изјавата за „Ројтерс“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

,,Октомври е близу, наскоро ќе добиете датум”, порача Вајгл

Тројката европратеници Едвард Кукан, Кнут Флекенштајн и Иво Вајгл, доцна вечерва заедно со претседателот на Собранието, Талат Џафери, од законодавниот...

Топ5 часа

Трагедија во Битола – ја убил сопругата, по што се застрелал

Убиство и самоубиство се случи попладнево во Битола. По расправија, маж ја застрелал сопругата по што си го одземал животот....

Регион7 часа

Топлотен бран и се заканува на Европа со температури над 40 степени

Европејците следната недела ги очекува топлотен бран со температури кои ќе достигнат над 40 степени, кои се невообичаени за јуни,...

Македонија11 час

Нови министри во Владата се Димковски, Нуредини, Исмаили и Милевски

Премиерот Зоран Заев, денеска од Валандово, го соопшти предлогот со имињата за нови министри како дел од реконструкцијата на Владата...

Македонија11 час

(Видео) За 24 часа регистрирани два случаи на незаконско исфрлање медицински отпад

Инспекторатот на град Скопје и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, по дојава од граѓани, на 20.06.2019 и 21.06.2019 извршија вонреден...

Македонија12 часа

Заев ќе биде и министер за финансии и премиер

Премиерот Зоран Заев го соопшти предлогот на новите имиња на министри, што ќе го достави до Собранието во текот на...

Македонија12 часа

(Видео) Учесниците на Парадата на гордоста ќе бидат безбедни, гарантира МВР

Организаторите на првата парада на гордоста која треба да се случи идниот викенд во Скопје, заедно со портпаролот на МВР,...

Свет14 часа

Ким Џонг-ун доби „одлично“ писмо од Трамп

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, доби лично писмо од американскиот претседател Доналд Трамп, објавија државните медиуми. Ким го пофалил...

Регион14 часа

Повторни избори за градоначалник во Истанбул

Граѓаните на Истанбул денеска повторно избираат градоначалник, откако беа поништени претходните изборни резултати, од изборите на 31 март. На претходните...

Свет15 часа

САД изведоа хакерски напади врз одбранбениот систем на Иран

САД изминатата недела извеле компјутерски напади на иранскиот систем за лансирање ракети и на шпионската мрежа, по што Техеран го...

Топ15 часа

Кривична против 18-годишник поради дистрибуција на детска порнографија

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Б.М.(18) од село Русиново, беровско, поради постоење основи на сомнение...

Свет1 ден

(Видео) Трамп му се закани на Иран со уништување ако дојде до војна

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не сака војна, но го предупреди Иран дека ако дојде до војна ќе се...

Топ2 дена

Свирепо убиство на уличен продавач на девизи во Струмица, убиецот зад решетки

Министерството за внатрешни работи во координација со јавното обвинителство информира дека го расчистиле случајот со пронајденото тело во метално буре...

Македонија2 дена

Дипломатскиот кор на филџан кафе и чај во Скопската чаршија

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, заедно со заменик – градоначалникот на град Скопје, Енвер Малиќи,...

Свет2 дена

(Видео) Се урна авион на Хаваи, загинаа сите патници

Девет лица загинаа во авионска несреќа што се случи ноќеска на Хаваи. Како што јавуваат медиумитe, мал двомоторен авион од...

Топ2 дена

Воз прегази мигрант кај Демир Капија

Мигрант загина на пругата кај Демир Капија откако го прегазил воз. Како што информира МВР, синоќа во 22,50 часот било...

Топ2 дена

МВР со детали за сообраќајката на обиколница во која загина и полицаец

МВР соопшти детали околу сообраќајната несреќа која се случи вчера околу 16,30 часот на обиколницата ,,Мајка Тереза“, кај клучка Приштина...

Македонија2 дена

На Богородица и Табановце се чека по половина час

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен....

Економија2 дена

Над 70 министри за финансии и гувернери на состанок во Скопје

Преку седумдесет министри за финансии, гувернери на централни банки, високи претставници на министерства за финансии и централни банки, високи претставници...

Економија2 дена

Хрватска ќе увезува градежни работници, лекари и сестри од Бангладеш

Хрватска е подготвена да увезе работници од Бангладеш, објави хрватската амбасада во Хаг по средбата на амбасадорот на Бангадеш со...

Досие