Контакт

Естрада

Џери Ли Луис повторно се ожени во поширокото семејство

Објавено пред

Рокенрол легендата Џери Ли Луис се ожени по седми пат, и повторно „љубовта на животот“ ја пронајде во своето пошироко семејство.

Седумдесет ишест-годишниот Џери Ли Луис на 9-ти март се венчал со 14 години помладата Џудит Браун, поранешна сопруга на негов роднина, на приватна церемонија во Начез, во сојузната американска држава Мисисипи, пишува во петокот локалниот весник The Natchez Democrat, повикувајќи се на неговиот претставник за медиумите, пренесува Reuters.

Плановите за венчавката биле многу тајни, што некои членови од неговото потесно семејство ниту знаеле дека Луис повторно ќе се жени.

Авторот на легендарните хитови „Great Balls of Fire“ и „Whole Lotta Shakin’ Going On“, предизвика скандал во 1957 година кога се ожени со Мира Гејл Браун, ќерка на неговиот братучед, којашто покрај тоа тогаш имала само 13 години Тој брак на Луис веќе му бил трет, а траел до 1970 година и од него има две деца.

Џудит Браун, којашто веќе неколку години беше негувателка на Луис, е поранешна сопруга на Расти Браун, братот на Мира Гејл.

Претходниот брак на Луис, со Кери Меккарвер, кој беше еден од неговите најдолготрајни, се заврши со развод во 2005 година, по дваесет години заеднички живот./крај/ро/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Естрада

(Видео) Мис ја загуби титулата поради тверкање на „Тик-ток“

Објавено пред

На мисот на Папуа Нова Гвинеја, Луси Мајно, ѝ беше одземена круната откако на „Тик-ток“ сподели видео на кое се гледа како тверка.

Критичарите велат дека инцидентот со тверкањето (еден вид танц) ја покажува длабоко вкоренетата култура на омраза кон жените во земјата.

Луси Мајно (25), која била и капитен на женскиот фудбалски тим на Папуа Нова Гвинеја, се соочила со лавина реакции откако на „Тик-ток“ споделила видео на кое се гледа како тверка, објави британскиот дневен весник „Гардијан“.

Иако ваквите содржини се чести на оваа апликација, оние што ја поддржуваат санкцијата по објавеното видео, кое сега е избришано, велат дека тоа не е соодветен пример за другите.

„По објавувањето на снимката, Луси Мајно беше ослободена од должноста мис на Папуа Нова Гвинеја“, наведе Комитетот за избор на мис на пацифичките острови Папуа Нова Гвинеја (MPIP PNG).

„Нашата главна цел е зајакнување на улогата на жените, ние сме уникатна платформа што ги промовира културното наследство, традиционалните вредности и споделувањето преку туризмот“, се вели во соопштението на Комитетот.

Прикажи повеќе...

Естрада

Aнкета по интервјуто кај Опра: Хари и Меган никогаш претходно не биле толку непопуларни меѓу Британците

Објавено пред

Популарноста на принцот Хари и неговата сопруга Меган опаѓа и никогаш не била пониска меѓу Британците по нивното интервју со водителката на американската телевизија Си-би-ес, Опра Винфри, покажаа резултатите од истражувањето објавено денес од „Југов“ (YouGov), пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Агенцијата наведува дека интервјуто дадено од Хари и Меган ја донело монархијата стара 1.000 години во најголемата криза во овој век, а според анкетата спроведена од „Југов“, тоа влијаело не само на нивната туку и на популарноста на некои други членови на кралското семејство.

Според истражувањето, откриено е дека 48 отсто од 1.664 испитаници имаат негативен став кон Хари во споредба со 45 проценти од оние со позитивен став, што е првпат неговата вкупна оценка да биде негативна и претставува пад од 15 поени во споредба со една недела претходно, пренесува „Ројтерс“.

Агенцијата наведува дека сега само три од 10 лица имаат позитивен став кон Меган, а 58 проценти имаат негативно мислење за неа.

Единствениот друг член на кралското семејство кај кого, според истражувањето, е забележан пад на популарноста е таткото на Хари, престолонаследникот Чарлс, кого сега негативно го оценуваат 42 процента од Британците наспроти 49 отсто од оние со позитивно мислење.

Според анкетата на „Југов“, и натаму најпопуларна е 94-годишната кралица Елизабета за која дури 80 проценти од испитаниците мислат позитивно, а за постариот брат на Хари, Вилијам, и за неговата сопруга Кејт, позитивно мислење имаат три четвртини од испитаниците.

Посебна анкета, која била спроведена делумно пред емитувањето на интервјуто во Британија, покажала дека поддршката за монархијата како целина е во голема мера непроменета – со 63 проценти од Британците што го поддржуваат ваквото уредување, а 25 отсто сакаат избран шеф на државата, соопшти агенцијата.

Прикажи повеќе...

Естрада

Експерт за говор на телото тврди: Меган и Хари ја кажаа вистината, но за многу работи се воздржуваа

Објавено пред

Пети Вуд, која е експерт за говор на телото, вели дека Меган Маркл за време на интервјуто што таа и принцот Хари го дадоа за Опра Винфри, и покрај тешките признанија, сепак се воздржувала од намерата да каже повеќе.

Таа за магазинот „Мери Клер“ изјавила дека во очите на Маркл била видлива мешавина од емоции, дека била замислена и честопати гледала настрана.

„Има дел од неа што се смее додека се сеќава на тие настани, но има и солзи. Постојат работи што и се драги, како, на пример, свадбата. Но, некои настани ја вознемируваат. Значи, тоа е комплексен сет на емоции. Таа се обидува да ги зaдржи“, рекла Вуд.

Според нејзините зборови, на почетокот на интервјуто Маркл се обидела да се заштити од предрасудите на публиката со тоа што ги прекрстила нозете на заштитнички начин држејќи ги рацете во скутот, што, како што проценува, е обид за заштита на нејзиниот идентитет и женственост.

Вуд исто така проценила дека говорот на телото на Маркл, кога зборувала со љубов за кралицата, открил и нешто покомплексно.

„На самиот почеток на интервјуто Опра ја споменува кралицата, а Меган покажа сложени, негативни вокални и гестикурални знаци за неа. Таа мрмореше. Кога рече дека кралицата е една од првите личности што ги запознала, погледна надолу и направи гримаса. Направи и движење со јазикот. Ова е идеален пример за тоа како невербалните знаци откриваат како таа навистина се чувствува“, објаснила Вуд.

Исто така, продолжила таа, во описот на Меган за нејзината борба со менталното здравје говорот на телото го рефлектирал она за што зборувала – таа навистина се обидувала да го потисне сеќавањето на тој ужасен период.

„Кога плачеше, тоа беа вистински солзи“, рекла Вуд.

Говорејќи за делот од интервјуто во кое Меган зборуваше за загриженоста на палатата за бојата на кожата на нејзиниот син Арчи, Вуд вели дека нејзиното тело многу се сменило и додава дека е очигледно оти за неа тој дел од интервјуто бил најстрашен.

„Го приспособи столчето, што е потсвесна желба да избега од ситуацијата. Израз на чист страв се појави на нејзиното лице. Тоа беше моментот кога Опра се обиде да ја убеди да каже кој ја коментирал бојата на кожата на Арчи. Беше толку исплашена“, вели Вуд.

Во однос на принцот Хари, познавачката на невербалната комуникација проценува дека тој изгледал тажен затоа што не можел да го заштити своето семејство, на што укажува и држењето на телото, кое се чинело повлечено.

Вуд исто така вели дека и покрај тешките теми, говорот на телото на двојката ја покажува нивната љубов и посветеност еден на друг во тешки моменти.

„Анализирав стотици нивни фотографии. Таа го гледа нејзиниот сопруг кога и да зборува. Ако постои можност да се допрат, тие ќе го сторат тоа. Луѓето веројатно се прашуваат каква е состојбата на нивната врска сега. Тие се тука еден за друг и се поддржуваат. Навикнати се да наоѓаат меѓусебна утеха“, заклучува Вуд.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион3 часа

Џамбаски: Македонија е бугарска, од двете страни на границата Деве Баир живее една нација

Една нација живее на двете страни од границата Деве Баир, а тоа е бугарската, ова го напиша бугарскиот европратеник, Ангел...

Македонија3 часа

Нови осум заболени од Ковид-19, нема починати

Во последните 24 часа се направени 3.265 тестирања, а регистрирани се 8 нови случаи на КОВИД-19 од: Скопје – 3,...

Свет3 часа

(Видео) Петмина градежни работници загинаа при уривање на училиште во Белгија

Најмалку пет лица загинаа а девет се повредени кога училишна зграда во белгискиот град Антверпен се сруши за време на...

Македонија4 часа

Николоски: Нема да дозволиме избори без евидентирање на граѓаните со отисок од прст

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, вели дека ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи локални избори без евидентирање на граѓаните со отисок од...

Топ5 часа

Австралијка приведена на скопскиот аеродром

Државјанка на Австралија ноќеска била приведена на скопскиот аеродром, откако при извршена пасошка контрола и проверка во службените евиденции било...

Регион6 часа

(Видео) Тројца работници повредени во експлозијата во фабриката во Чачак

Тројца работници се полесно повредени, а еден е задржан на одделение за интензивна нега на лекување, по вчерашните низа експлозии...

Свет7 часа

(Видео) Незапаметени поплави на Крим, еден загинат и 24 повредени

Едно лице загина, две се исчезнати, а 24 се повредени по поплавите предизвикани од поројните дождови во близина на Јалта...

Свет7 часа

(Видео) Пукање на роденденска забава во Торонто, повредени три деца и еден маж

Три деца и еден маж се повредени во пукање на роденденска забава на отворено, што се случи во западниот дел...

Свет7 часа

(Видео) Камион прегази двајца учесници на Парадата на гордоста во Мајами, едниот почина

Камион прегази двајца учесници на вчерашната Парада на гордоста во Мајами, при што едниот почина а другиот е тешко повреден,...

Топ8 часа

Над 200 возачи санкционирани во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (19.06.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На...

Македонија23 часа

Индискиот сој потврден кај уште едно лице во земјава

Уште еден случај на индискиот сој на коронавирус е потврден во земјава. Се работи за уште еден Македонец кој дошол...

Топ1 ден

Починат затвореник пронајден во кумановскиот затвор

Во затворот „Кшање“ во Куманово ноќеска бил пронајден мртов 58-годишен затвореник од с.Старо Нагоричане. „ На 19.06.2021 во 02.45 часот...

Македонија1 ден

Еден починат и четири нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени четири нови случаи на коронавирус, едно лице почина, а 68 оздравеа, соопшти...

Македонија1 ден

Филипче: Не е вистина дека пациенти не се оперираат и дека скопските клиники се во колапс

Не е вистина дека пациенти не се оперираат и системот на скопските клиники е во колапс, тврди министерот за здравство,...

Спорт1 ден

Македонците за четири дена го „испиле целото пиво“ во Букурешт

Фудбалската репрезентација на Македонија, во четвртокот, го напушти Букурешт и се пресели во Амстердам, каде ќе го одигра последниот натпревар...

Свет1 ден

(Видео) Трамп се огласи за спремните одговори на Бајден: Затоа државата оди по ѓаволите

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, се огласи за видеото на кое се гледа неговиот наследник, Џо Бајден, со спремни...

Македонија1 ден

За еден ден казнети 627 возачи за брзо возење

Полицијата за еден ден казни 627 возачи за брзо возење на територија на целата држава, соопшти Министерството за внатрешни работи....

Регион1 ден

САД ја поздравија Резолуцијата за Сребреница усвоена во Парламентот на Црна Гора

Американскиот Стејт департмент ја поздрави Резолуцијата за Сребреница усвоена во Парламентот на Црна Гора во петокот. „Позицијата на САД во...

Топ2 дена

300 килограми кокаин во пакувања од „Чикаго булс“ и ПСЖ, македонски државјанин уапсен во Драч

Околу 300 килограми кокаин во пакувања со амблемите на спортските тимови „Чикаго Булс“ и „Париз Сен Жермен“, но и луксузниот...

Свет2 дена

Во Русија откриена нова опасна мутација на Ковид-19

Руската Федерална медицинско-биолошка служба (ФМБА) открила нова мутација на коронавирусот, способна да ја намали ефикасноста на медицинските третмани и превентивните...

Досие